Дали ви смета љубопитноста кај некои луѓе?

  • Креатор на темата Креатор на темата renate
  • Време на започнување Време на започнување
Љубопитна сум,но имам свои граници.Ги поставувам кога мислам дека треба,затоа што не е убаво чуството кога мене некој ме прашува нешто,а или нејќам да му кажам или неможам.Ми смета преголемата радозналост на некои луѓе,али и тоа најчесто се решава со еден поглед кој што вели: „Не прашувај ионака нема да ти кажам“ или па само ќе им се насмевнам и сами нека сфатат што сакам да кажам.:toe:
 
Ми смета многу ама само кај одделни луге многу ме нервираат
 
Да многу! Ме нервират такви луѓе. Секогаш треба да се знае до каде е границата и да не се поминува преку неа.
 
Па на моменти да. Оти има некои работи кои не треба да ги знаат, ама они ти се упорни и ќе направат се за да ги дознаат. Треба и они самите да си постават некоај црвена граница.
 
Ако е во врска со мене, да ,тоа секој ме испрашува за мои лични работи, љубовни, професионални, да ептен ме нервира. Нормално, нема да му го кажам тоа на тој/таа што замара, ама ќе се осеќам непријатно кога некој постојано се интересира на пр. за мојот љубовен живот, врски, девојки...аман...:smir:
 
Не ми смета, дури и понекогаш ми е интересно да си играм, како мачката што си игра со глувчето пред да го изеде :).
 
Да!
Едноставно затоа што јас не сум (не оти ништо не ме интересира). И си ја ценам приватноста бе ... :) :helou:
 
Ne, ic ne mi smeta..nekako interesno mi e taka nekoj postojano da me prasuva nesto...samo bez preteruvanje i prekumerno opustane.:baeh:
 
Смета.
Кога ќе се стокмиш за излегување и некое си небитно суштество да те праша кај ќе одиш.. Њтф? Знае многу да смета љубопитноста. Знае да биде некултурна, да се појави во неадекватни моменти, знае да провоцира, знае да биде булшит. Љубопитноста од иритирачки фаци најмногу знае да смета. Па, кај најдов јас денес, кога се ми смета да пишувам дека љубопитноста смета??!
Под прозор ми вијат мачки и сега ќе одам да им сметам со мојата љубопитност!!
Граници и интуиција, клуч кон љубопитност која не смета. :)
 
За среќа немам некои толку многу радознали комшии кои директно мене ќе ме прашаат каде одам што правам и слично, но сепак имам една комшивка која набљудува постојано и секогаш знае што како и зашто правам. Не и обрнувам многу внимание, но некогаш навистина знае да ме нервира со тоа што се сака да знае и многу оговара што уште повеќе ме нервира.
 
Nope. Ако има нешто да се каже, ќе го кажам без да ме прашат. А ако веќе некој почна да стега за некое прашање, едно "кулирај" и не се замарам повеќе. :)
 
Ми пречат мноогу љубопитни суштества,што се сакаат да знаат,се да видат,се да чепнат..а оние кои не претеруваат,помалку се љуопитни..не ми пречат:)Прашања како .Кај одиш. .Како си. .Кај си бре. не ми пречат..па што може друго да ти рече некој кога ќе се сретнете на улица?Веднаш да ти отвори тема за зборување?:)
 
Не ми пречи, напротив, интересни ми се таквите личности, кои секогаш сакаат се' да знаат. Затоа често се случува и да играм со нив на зборови, односно да допрам некоја тема за која знам дека ги интересира, но после тоа ко ќе стигнам до главното што би требало да го дознаат, да замолчам и да им речам да претпостават сами што и како... Хехе, го обожавам начинот на кој реагираат.=)
 
Имам една другарка во одд. зборуваш нешто со некој и ете ја настапува:
Еј, еј, што, што, како, зошто?

Грррррр сафритис! Се да се знаело!
 
Имам една другарка во одд. зборуваш нешто со некој и ете ја настапува:
Еј, еј, што, што, како, зошто?

Грррррр сафритис! Се да се знаело!
Мене мн ми смета поготово кај некои девојчиња на кои немоеш да им објасниш дека немоше да знаат за тоа нешто...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom