Дали ги сакате поповите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hooligan
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ги сакате поповите?

  • ДА

    Гласови: 34 24,3%
  • НЕ

    Гласови: 106 75,7%

  • Вкупно гласачи
    140
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Ако ТИ ЛИЧНО не ги сакаш, тогаш зборувај во СВОЕ/ТВОЕ име а не во името од народот.
А јас ги сакам и почитувам оти свештенството, монаштвото и верниците ја сочинуваат ЗАЕДНИЦАТА наречена Црква. Поповите не ми се непријатели туку и тие и јас сме на иста страна.

Знаеш шо?
Фатете се за рака и ти поповите и одете легнете си....Ако толку беа вистински приврзани за својата вера,а не кон материјалното, немаше да бидат упатени вакви критики кон нив, а и како шо видов и некои членови кои што се сметаат за верници се изјаснија дека се против поповите
 
Кон болтуваното:
- ако се преопозна во мојот пост, тогаш одговори, ако не-не ти е обврска.
- второво болтувано го покажува твоето елемнтарно непознавање на структурат од Црквата.
- што мислиш, ЗАШТО тоа ти се случило?
Твојот пост не ме натера да се препознам, ама нели ти се обрати кон сите нас што се изразуваме со речник на неверници па овде некаде се препознав. Edit: Па ме цитираше мајко му.
Не се ни интересирам, едноставно не е моја област, само си кажав што мислење имам за темава.
Не би губела време да размислувам на таа тема, само ми е останато у сеќавање, трауми од детство :pos:
 
Зошто поповите лапаат толку високи тарифи за света работа како венчавка во црква, пред бога? Една просечна македонска плата за церемонија од 15-20 минути. Се разбира дека треба да се плати надомест, не живеат од воздух, ама тарифата со која ги шурат младоженците, кумовите, старосватите е ненормална.

Мики, еве ти тебе една случка од мене лично како очевидец - при венчавка на едни мои пријатели лани во Соборниот храм во Скопје, младоженците претходно (пред да започне церемонијата) ги подмирија трошоците за венчавката за да не ги ставаат во трошок кумот, старосватите...ама на сите пак им беа побарани пари, дупло. И ај да не падне резил, во моментот ќе извадиш. А младоженците немаа поим дека тоа се случи, дознаа дури во ресторанот и спиздеа.

Па после тоа "Ајде куме, покажи се пред иконата" кое го практикуваат е тотално ѓаволско изнудување пари. Ако смета кумот дека треба да остави пари, ќе остави.

Ќе отворам и посебна тема за ова со тарифиве.

Што се однесува до тарифниците, тука не гледам ниаков проблем. Во православието, постојат ТРЕБИ кои се случуваат ЕДНАШ во животот, како на пример: еднаш е крштевката, еднаш е венчавката (скраја да е од три пати...), еднаш е погребот.. Ај сега сети се, колку пари имаш до сега дадено за минливи глупости? Колку пари имаш дадено по кафетерии и дискотеки? Во КОЈА кафетерија или дискотека ти го проповедаа Бога? Која кафетерија и дискотека те ПОВИКАЛА на спасение? Каде е спасението, во Црквата или во дискотеката?
Или најлесно е де се „набада„ по принципот „можеби и јас сум во право„ а притоа да се нема елементарно пзонавање на работите во Црквата.
 
Твојот пост не ме натера да се препознам, ама нели ти се обрати кон сите нас што се изразуваме со речник на неверници па овде некаде се препознав.
Не се ни интересирам, едноставно не е моја област, само си кажав што мислење имам за темава.
Не би губела време да размислувам на таа тема, само ми е останато у сеќавање, трауми од детство :pos:

Хммм...веројатно имаш врема за денгубење по минливи активности..О.К. Твој избор.
Јака ти траумата, нема што...
 
Знаеш шо?
Фатете се за рака и ти поповите и одете легнете си....Ако толку беа вистински приврзани за својата вера,а не кон материјалното, немаше да бидат упатени вакви критики кон нив, а и како шо видов и некои членови кои што се сметаат за верници се изјаснија дека се против поповите

Тие „верници„ кои се изјасниле „против„ поповите, всушност се самонаречени верници...АПСУРД е некој да се нарече верник а да тврди дека не влегува во Црква, не практикува верско учење и згора на се МРАЗЕЛ попови. Омразата не е својствена за верниците.
 
MIKI1 да ти кажам еден пример па одговори ми ти како тие тарифи си ги определуваат тие.

Една од сестрите после 20 години брак се венчаваа во црква есента(причината не е битно зошто тоа не го направиле порано) и беа само кума и старосватица,значи два сведока.
Наплатата беше следната:
Таткото на младоженецот 2500
Кумата 1500
Старосватицата 1000
Два девера по 800 денари

Кои два девера Мики кога ги немаше нив?Како можеше да наплати за нив?И сега ќе ми кажеш дека венчавка се случува еднаш во животот па ако треба и од комшиите пари да се даде,да се дадат во името на Бога и успешниот брак?
 
Мики, ти си верник и буквално секој верник е самонаречен верник....Ти се чуствуваш себеси за верник, се нарекуваш верник и тоа е сосема доволно, не треба другите да пресудуваат дали си ти верник или не...доколку се сметаш самиот за верник, тогаш си верник.

Религијата е нешто интимно и секој си е верник за самиот себеси, а не за да се декларира како таков и да раскажува на сите.

А, како ти се молам кажи ми да не ги мразат поповите по нашиве храмови кога убаво прочита, сите се изјаснија кои се причините, иако да се согласувам дека омразата не е својствена за верниците....на некој начин поповиве ги принудуваат на тоа...крадци забегани
 
Бидејќи тие се претставуваат како застапници на нешто што не постои (господ).....тие се богатат од парите на религиозните луѓе а неработат ништо за да им помогнат на нив.....
Тие не се застапници, туку се слуги и задача им е да го доближат Бог до верниците. Тие се луѓе, и се грешни како и секој. И Св. Петар се огреши кога три пати се одрече од Исус, па е апостол. Не го оправдувам нивниот начин на живеење, но како што реков, како се тие должни пред Бога, така сме и ние. Монасите во манастирите се многу подобри, и се многу поскромни.
Не ги сакаат жените :) (...очигледно нешто им фали)
Бааги знаеш за поповите изгледа... Поповите од Ортодоксната црква имаат право да се женат, само еднаш, не е дозволено преженување. Римо-католичките свештеници живеат во целибат.
Инаку, ги почитувам поповите, бидејќи тие се начитани луѓе. Порано, во едно село, на пример, попот и даскалот биле најпочитуваните, бидејќи биле најписмени. За тоа колку наплаќаат, тоа они си знаат, а ако сакаш оди па буни се! Ќе те венча, не ќе те довенча!
 
ubo si kaza PORANO
 
Во мојата околина поповите повеќе се разбираат во фудбалски натпревари и обложувалници отколку во религија, а и слушајќи го нивниот вокабулар баш и не ме уверуваат во тоа дека се начитани...Може се начитани, ама билтени :pos:
 
MIKI1 да ти кажам еден пример па одговори ми ти како тие тарифи си ги определуваат тие.

Една од сестрите после 20 години брак се венчаваа во црква есента(причината не е битно зошто тоа не го направиле порано) и беа само кума и старосватица,значи два сведока.
Наплатата беше следната:
Таткото на младоженецот 2500
Кумата 1500
Старосватицата 1000
Два девера по 800 денари

Кои два девера Мики кога ги немаше нив?Како можеше да наплати за нив?И сега ќе ми кажеш дека венчавка се случува еднаш во животот па ако треба и од комшиите пари да се даде,да се дадат во името на Бога и успешниот брак?

Кон болтуваното:
- ВЕНЧАВАЊЕТО е прашање на живот и смрт. Ако некој не живее во венчан брак, туку „на диво„ таквите сопружници практично живеат во ОТВОРЕН блуд а не брак.
Да, ќе позајмиш пари и од комшии и од роднини. А каде биле деверите-навистина немам поим. Во секој случај, ОТВОРЕТЕ очи навреме, дури кога е во прашање и Црквата, за да немате подоцна тема за оговарање.
 
Во мојата околина поповите повеќе се разбираат во фудбалски натпревари и обложувалници отколку во религија, а и слушајќи го нивниот вокабулар баш и не ме уверуваат во тоа дека се начитани...Може се начитани, ама билтени :pos:
:pos2: глеј сега, секој е различен, па и поповите. Има некои, што стварно се арни попови, има некои како тие што ги пишуваш. Има некои што се стварно начитани, образовани, а некои како тие што ги пишуваш. Пак ќе напишам, поповите се луѓе, и тие самите имаат право како ќе си го организираат животот, некои ќе дерат, ќе пијат и ќе се коцкаат, а други ќе живеат исправно. Кои се побројни, не знам, не е правен попис до сега.:)
 
Мики, ти си верник и буквално секој верник е самонаречен верник....Ти се чуствуваш себеси за верник, се нарекуваш верник и тоа е сосема доволно, не треба другите да пресудуваат дали си ти верник или не...доколку се сметаш самиот за верник, тогаш си верник.

Религијата е нешто интимно и секој си е верник за самиот себеси, а не за да се декларира како таков и да раскажува на сите.

А, како ти се молам кажи ми да не ги мразат поповите по нашиве храмови кога убаво прочита, сите се изјаснија кои се причините, иако да се согласувам дека омразата не е својствена за верниците....на некој начин поповиве ги принудуваат на тоа...крадци забегани

Кон болтуваното:
- не е баш така. А ШТО е тоа кое е референто/споредливо кое ќе одреди дали сум или не сум верник?
- многу едноставно: НЕМОЈ да ги мразиш! Во православието, ако некој се исповеда за верник, треба да внимава на СВОЕТО а не на ТУЃОТО однесување. Ич не се секирај за поповите. На поповите многу им е дадено како власт, но многу и ќе се бара од нив. Ти сигурно нема да одогвараш за однесувањето од некој поп ако тој (попот) недолично се оденсува. Но ќе одговараш и за попот ако постојнао се „секираш„ за неговото а не за СВОЕТО однесување.
 
Кон болтуваното:
- ВЕНЧАВАЊЕТО е прашање на живот и смрт. Ако некој не живее во венчан брак, туку „на диво„ таквите сопружници практично живеат во ОТВОРЕН блуд а не брак.
Да, ќе позајмиш пари и од комшии и од роднини. А каде биле деверите-навистина немам поим. Во секој случај, ОТВОРЕТЕ очи навреме, дури кога е во прашање и Црквата, за да немате подоцна тема за оговарање.
А ако некој живее во заедница 50 години,сопружниците да бидат верни,љубовта да постои,да имаат деца,а ипак пред тоа да не се венчани,и тоа ли е отворен блуд?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom