Црна Хроника

  • Креатор на темата Креатор на темата Macka12345
  • Време на започнување Време на започнување
Ги нема на улица како порано. Не викам дека не постојат во полиција или дека не работат. Дур официјално постоеше единицата Алфа, ги имаше насекаде по град.

Ги има,обично таквите луѓе се без семејства. Оставени во дом и сл.
Такви само се спас за овој глупакот усмрден.
Пријава? Пријава за насилство врз жена?
Пушти двајца од алфите нека го искршат од ќотек па ќе видиме тогаш дали ќе биде исто.
сите знаеле што и правел и тошковски сеа ќе ми дава изјави од типот дека "жртвата негирала дека имало насилство"
Краста да ве јаде копуци едни небајнати
 
Ни додека си живеел не си знаел што се случува пошто толку ти било гајле.
Се додека викаме "не е моја работа да се мешам" и си ќутиме ко пизди,ништо не бидува од нас.
Абе кога знам што се случува,да сум машко,го фаќам со другарите у некоја темница и го праќам на другиот свет.
Па нека се умат после мвр
Па вмешај се бе златна. Не мора да си машко. Штом видиш ваков случај, земи пиштол и рокни го насилникот.
Или начекај го на улица и крени го на хауба со колата. Ќе одлежиш 2-3 години, може и помалку и тоа е тоа.
 
Абе какво МВР.....зелкиве ако за ништо друго за ова ги поштувам, ако не те заштити твоја најблиска фамилија не очекувај од друг. Само што не сака никој комфордот да му биде нарушен.
Целосно си во право.
Брат и цело време знаел што се дешава за сега откако се случи немилиов настан да се лупа у гради дека до крај ќе идел да ја бара правдата.
Правдата си требал да ја донесеш сам уште кога почнале индикации да се појавуваат за насилството а не сега откако се случи трагедија да бараш правда.
 
Немало видливи знаци на насилство, ако цела зграда 150 луѓе тврделе дека ја тепа ама според мвр не му можеле ништо оти жртвата негирала и немало знаци на насилство. Абе од корен менување законите треба, штом пријават повеќе луѓе да одговара кој и да е.
Како за еден џоинт ќе те пикнат во затвор ако неколку души дадат исказ а за вакво дело пу пу не важи законот.
Секој ден ја тепал, секој божји ден, во лифт, во влез, секаде ... Абе ќе земам еден цивил ќе го пуштам да седи пред зграда и на дело ќе го фатам, толку ли е тешко ???
Неспособни едни, Тошковски само гроб си копа со овие изјави, абе мува не ги пролази за ништо.
Еден куп луѓе ни изгинаа како еден не рече доста е, давам оставка од морални причини, сега ќе се препукуваат на пресови сите, ќе напаѓаат од опозиција и ќе берат политички поени се до наредна жртва и така во круг.
Протест нешто ау, Србите државата ја поместија, нас секој месец не тресе некоја трагедија и умот не ни доаѓа
 
Второ, тој мажот и очигледно е дека тешка будала и наркоман ама во случајов незнам дали може некоја вина да се докаже.
Зошто да не може? Па го има на видео снимка од истиот ден (вчера) кај што ја тепа
Кој механизми? Било пријавено и дошла полиција, рекла се е океј. Што требале полицијата да прават? И Панче рече дека вакви ствари има зошто пријавителите не ја тераат работата до крај.
Во случаи на физичко насилство полицијата треба да реагира по службена должност иако жртвата се противи. Ама они не реагирале зашто немало видливи траги на насилство врз жената. Пред тоа многу пати било пријавувано во полиција, полицијата доаѓала и им се курчела на пријавувачите дека ќе одговараат за лажно пријавување. Пријавено било и во ЦСР, прочитав некаде дека таму и рекле: "ние не ти го биравме, сама си го избрала".

Не бе, многу закони треба да се сменат кај нас.
 
Целосно си во право.
Брат и цело време знаел што се дешава за сега откако се случи немилиов настан да се лупа у гради дека до крај ќе идел да ја бара правдата.
Правдата си требал да ја донесеш сам уште кога почнале индикации да се појавуваат за насилството а не сега откако се случи трагедија да бараш правда.
Истото беше и со ќерка му на Фердо (чоеков на сликава) од Битола, само што Љубе имаше муда и го наполни со олово "бившиот зет".

Сега и двајцата се живи и здрави и слободни.
 

Attachments

  • ferdo-1.png
    ferdo-1.png
    928,2 KB · Прегледи: 78
Треба кај нас во обвинителство, полиција, а посебно судство да има масовни отпуштања. Од најкрупен криминал, до семејни трагедии, одговорноста паѓа кај луѓе со должности по закон, платени се и дале заклетва да штитат и корегираат али не мрдаат со прст. Момакот имал 10 кривични и бил на слобода. Како?

И не е "системски проблем" во прашање него проблем се луѓе со име и презиме, со должност по закон што не ја исполнуваат. Има синџир на одговорност. Не е до братот, фамилијата и комшиите да делат правда, туку има кој е по закон должен и компензиран да реагира.

Некој што го познавам добро имаше слична ситуација пред 15тина години со партнер (закани, уценувања, малтретирања). На две пријави во полиција, истата добиваше одговор "млади сте, годините ви се такви". Не ја третираа сериозно. Третиот пат, дечкото го повикаа на разговор, али бадијала. На крај, за жал се се заврши на улица. Партнерот доживеа духовно прочистување, али такви работи треба да се завршат по институционален пат. Не е здраво за никого луѓе во афект да делат правда.

Лесна им земја. Трагедија.
 
Па сум пишувал тука какво негативно искуство имаме со "служб" лице и ние и цела зграда. Без никакво школо се, најголемите проблеми ги направија од војната наваму. И не само ние, многумина имаат проблем и нема сила која може да те спаси, се штитат меѓу себе. Човече, корне од нив на "манџа" у зграда.

За случајот, министерот кажува дека имале снимка, дека имало сведоци дека била тепана. И ништо не е преземено на толку насилство и кривични.
Ова е нешто како Пулс, ука бука и на крај никој виновен, само жртвите. Сеуште има објекти работат на диво, сеуште има ризици.
 
Целосно си во право.
Брат и цело време знаел што се дешава за сега откако се случи немилиов настан да се лупа у гради дека до крај ќе идел да ја бара правдата.
Правдата си требал да ја донесеш сам уште кога почнале индикации да се појавуваат за насилството а не сега откако се случи трагедија да бараш правда.

Ти збориш за правда?
Еднаш напишав нешто во една тема и сто пати ми го имаш пласирано напишното во која тема и да коментирам.
И ти не си ништо поарен од другите
 
Зошто да не може? Па го има на видео снимка од истиот ден (вчера) кај што ја тепа

Во случаи на физичко насилство полицијата треба да реагира по службена должност иако жртвата се противи. Ама они не реагирале зашто немало видливи траги на насилство врз жената. Пред тоа многу пати било пријавувано во полиција, полицијата доаѓала и им се курчела на пријавувачите дека ќе одговараат за лажно пријавување. Пријавено било и во ЦСР, прочитав некаде дека таму и рекле: "ние не ти го биравме, сама си го избрала".

Не бе, многу закони треба да се сменат кај нас.

Па сега да го испердашат ќе ги тужи, ќе летаат од работа. Толку им се законските овластувања. Штом вика дека све е океј нема што да прават.
 
Па сега да го испердашат ќе ги тужи, ќе летаат од работа. Толку им се законските овластувања. Штом вика дека све е океј нема што да прават.
Треба да го приведат, да му пишат кривична пријава по службена должност. Не да го пердашат.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: y2k
Vo konkretnuot slucaj, ako pratam dobro zenata po povik od zagrizen gragjanin ja posetila policija i ja prasala dali ima problemi, na sto taa odgovorila deka se e ok.
Na sto osnov da go privedat koga samata zrtva negira deka ima problem. Deka komsijata taka rekol. Mozi skarani se, zamereni itn itn.
 
Проблем е што девојкава цел живот вакви ропаци бираше. И општо вакви проблеми имаат девојки кои завршуваат со вакви морони. Ама сами биле свесни во што влегуваат. Таквите најчесто сакаат да живеат во такво патријархално општество и самите си бираат вакви партнери, што од несигурност во себе, што од тоа што се палат на сељаци затоа што толку им е интелигенцијата и на нив. До последно се надеваат дека нема да ја вара, нема да е насилен, ќе се смени ради детето итн. И кога нема да биде ништо од тоа, веќе е доцна. И твоите ќе се оддалечат од тебе и разочараноста од непостапување по 1000 пријави ќе влијае врз психата твоја, финансиски со зависен, физички знаеш дека може да те скине кога-тогаш. Единствен излез е да го утепаш и да лежиш затвор. Ама и тоа си носи последици по детето, го оставаш сираче.

Ја не гледам така.
Коа ќе иам дете, детето иде пред мажот. Секако и пред мене.
Пред сите у мојот живот. Тоа ќе го кажам јасно и гласно. Мене моите не ме тепале, друг нема да ме тепа. Таков ми е карактерот. Никад нема да варам, да вреѓам мајка, фамилија, да праам срања. Ме чепне ли без причина, или од алкохолизам. Очите ќе му ги ископам. Поготово дете да ми удри.
Знаеш ли шо може да предизвика мавање мало главче? Може да добие сериозни повреди, трајни оштетувања. А кога е поголемо, и трауми. Ќе памти. Ја така не сум живеела, неќам ни моите деца утреден.
Дечки, ова што го пишувате се здрави инстинкти кај здрава особа во безбедна средина, но не очекувајте дека жртвите на семејно насилство го имаат тоа во тој момент.

Не им пишува на сите на челото дека се насилници и психопати. И не стапуваат жените во врска со вакви ликови затоа што сакаат да живеат во патријархално општество, туку од истите причини од кои сите стапуваат во врска.

Проблемот е што ништо од тоа што зборите дека би го направиле доколку се најдете во таква ситуација, нема да го направите. Зошто? Затоа што додека да стане видливо насилството, жртвата е веќе емотивно соголена и уништена. Додека дојде првиот шамар, тој лик прво ќе ве убеди дека сте луди и дека вие сте криви за се што се случува. Човек почнува сам да се обвинува, да мисли дека не помогнал доволно или дека сам е виновен за тоа што го снашло.

Лесно е на тастатура да се кажува “јас вака, јас така”, ама кога џелатот е покрај вас или покрај вашите најмили, правилата се поинакви. Престанете да ги анализирате постапките на жртвите, туку анализирајте ги постапките на насилниците и молкот на институциите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom