Дечки, ова што го пишувате се здрави инстинкти кај здрава особа во безбедна средина, но не очекувајте дека жртвите на семејно насилство го имаат тоа во тој момент.
Не им пишува на сите на челото дека се насилници и психопати. И не стапуваат жените во врска со вакви ликови затоа што сакаат да живеат во патријархално општество, туку од истите причини од кои сите стапуваат во врска.
Проблемот е што ништо од тоа што зборите дека би го направиле доколку се најдете во таква ситуација, нема да го направите. Зошто? Затоа што додека да стане видливо насилството, жртвата е веќе емотивно соголена и уништена. Додека дојде првиот шамар, тој лик прво ќе ве убеди дека сте луди и дека вие сте криви за се што се случува. Човек почнува сам да се обвинува, да мисли дека не помогнал доволно или дека сам е виновен за тоа што го снашло.
Лесно е на тастатура да се кажува “јас вака, јас така”, ама кога џелатот е покрај вас или покрај вашите најмили, правилата се поинакви. Престанете да ги анализирате постапките на жртвите, туку анализирајте ги постапките на насилниците и молкот на институциите.
Види вака.
Реков прво да не ме цитирате со глупи муабети.
Ја сум ја. Вие сте вие. Секој реагира различно.
Јас кога сум била загрозена, сум мавала без осет.
Пошо мене ми се гаси сијаличката, и муабетот прекинува.
Тоа се вика survival instinct. Или ја или он ми светува у главата.
И кога ќе ми текне како ме чувале, ми се треселе. Неќам ладна земја да ми фрлаат на 20+ години.
И ја знам дека МВР е срање. Сум имала разноразни ситуации. Не ме тепале никад.
Ама сум имала закани, уцени, па ќе дојдам кај тебе, улиците се тесни, нема кај да бегаш. Ехее шо не сум се изнаслушала. Со такви, се постапува на нивен јазик. Никад моите не сум ги умешала, нит МВР.
За другарка имам избегано од часови да идам у Драчево од Карпош да ѝ решавам проблеми.
На другар му стопија 500€ од кафич, до вечерта дечкото го врати новчаникот као шо го земал.
Другарка ја тепаа у основно, ја дома бев. Ја бутнале у вц и ја клоцале. Машки и женски, сама отидов се карав, ме гаѓаа со камења.
На друга другарка дечко ѝ после 4 год врсла ја уценуваше со нивни секс видеа. Истиот тој, додека одеа, сакал да украде пари од еден од маало. Братот вадење муабет дека се дупел со женска му, па и со мене ( не знам шо ја?) ја 21, он 30. Така сум го ресетирала и тоа не го ни допрев. А имав у мене нож и тејзер. Прекина да пие, да пуши, да се дрогира, најде нова работа, и најбитно никад више ме се појави у маало да му ја гледам фацата гадна. Пошто мислев дека ми е најдобар другар.. и искачав со друг човек и споделував сѐ со него. А он ми го прљал образот.
И уште многу други работи.
У овој свет ако сакаш да преживееш, само памет треба, не ширење нозе. И луѓе.
У основно сум била на страната која трпела. Јадев ќутек и трпев вербално насилство. Секој пат кога ќе кажев дома, после у школо бетер пекол беше.
Исто како со овие.
Е еден ден пука филм.
И сум ги бранела секогаш тие шо не можат сами.
Да видам колку од вас ќе седат да го гаѓаат со камења ради другар/ка.
Ја може не зборам и не раскажувам животни приказни. Ама ја не зборам само. Ја дејствувам.
За да се заштитам себеси, моите или близок, ќе направам сѐ што можам.
Само МВР ќе го заобиколам.
Кажав и не мислам веќе да се образлагам за тоа шо ја би напраила. Пошо сум била у секакви друштва, со секакви луѓе, сум имала луѓе и по затвори и по министерства и сегде. И сум настрана од секакви проблеми, без досиеја, без скандали, без проблеми, со добра работа, кров над глава. Ја знам кога е доста, и кога не е доста.
За својата безбедност одговара секој сам. Енде.
Не мама, не тато, не баба, дедо.
Баш дека не сите имаат некого, секој треба да си го гледа својот живот. И да си го пази. Пошо иначе, е вака ќе жалиме и ќе кукаме по некој.