Црна Хроника

  • Креатор на темата Креатор на темата Macka12345
  • Време на започнување Време на започнување
Две работи:

1. Не мора физички некој со раце да те бутне, за да те убие. Ова е класичен случај на убиство од страна на мажот, а не на самоубиство.
2. Најлошо решение е ова се согласувам, но исто така катастрофално е и тоа што некој член го спомна сама да рипнала без детето. На кого му го остава на овој свет тоа дете незаштитено? Да трпи се ова што досега трпеле, само сега само? Логиката и била јасна, веќе нема да трпиме ни јас ни ти семејно насилство и физичка болка, независно дали ќе сме на овој свет или не. Не сме во позиција да судиме, ниту да изигруваме паметни.

Енергијата да ја пренасочиме на наоѓање конечно решение за жените жртви на семејно насилство и вршење притисок за некој конечно да превземе нешто од тие што треба.

Јас спомнав сам да рипне. Што е детето должно да му се заврши животот скоро започнат?

Како немало кој да го згрижи детето? Баба ,дедо,вујко? Неможе да ми каже некој дека нема кој да се грижи за тоа дете.

Неможам ни да замислам низ каква голгота поминувала јадната жена,ама дете не си убиваш никогаш.

И братот со статусот... Пријавувале многу пати. Знаеме сите каква канализација е државава. Кога институциите не мрдаат со прст ,одиш и ќе си ја прибереш сестра ти и внуката.
Ќе го решиш проблемот на овој или тој начин.

Ејј да ја тепаат родената сестра и внуката на дневна база и да не реагираш соодветно? Ќе му ги искршам сите коски ,па ќе лежам. Подобро јас 3 години во затвор,него сестра ми и внуката два метри под земја.

А ќе видите дека овој скакулецов ќе помине скоро неказнет,за некоја година заборавен. На форумов ќе се пишува уште страна две па ќе се заборави скроз.

Животот ќе продолжи,некој ќе жали помалку,некој повеќе,ама само едно ќе е сигурно дека една кутра жена и едно детенце никогаш нема да ја видат светлината на денот,поради тоа што институциите не реагирале, пичката што тепала жени,и кукавицата од фамилија на жената што не ги заштитила.
 
Последно уредено:
Жално навистина... За институцииве што да кажам, или посебно за полицијата, значи поинертна полиција мислам дека не постоела, буквално како side job си ја имаат толку не замарање - купи продај се врти по цел ден, препродаваат, полицаец е оти е државно, да може да се заборчи за кредити. Ако им речеш уште па кукаат ќе ти речат за таа плата толку, лингури едни без никаков став. Да пријавувала жената поголема е шансата џандарот да пушти муабет меѓу другарите дека овој ја тепал, отколку да пријави ќе што треба.

Како што кажа некој погоре, за жал ѓубрево ќе излезе за брзо, и па ќе си продолжи со животот како ништо да не се десило.
 
Од кај знаеш дали и детето било малтретирано или не? Од кај знаеш дали имал врски за да го земе после во негова закрила? Еве да скокала сама, најверојатно била свесна каква судбина го чека и на детето. Никогаш да не се најдеш во таква ситуација, каде смртта ти е полесен избор од останување жив.
Не знам и зошто го обвинувате семејството, многу е тешко да се излезе од таков круг кога си жртва, најверојатно и било понудено, но самата избрала да остане.
Значи во ред е и детето да го земе со себе у смрт ако мислела дека нема излез?
 
Значи во ред е и детето да го земе со себе у смрт ако мислела дека нема излез?
не знам на вакви активистки и жени борци шо пробваш да му објасниш, не гледаш дека се е мрднато овде?
 
Мала си ти и неискусна да би знаела дека овој, доколку не оди во затвор, за година и пол би се преженил без никаков проблем
Не сум мала за да препознаам клошар. Ја овој не го светам со ласер. За други не знам.
И на Росица убиецот беше фраер..
 
не знам на вакви активистки и жени борци шо пробваш да му објасниш, не гледаш дека се е мрднато овде?
Неможам да разберам како некој пробува да го оправда тоа. Не ми е верно.
 
Не сум мала за да препознаам клошар. Ја овој не го светам со ласер. За други не знам.
И на Росица убиецот беше фраер..
Abe znaeme za tebe ti si najjaka i najopasna i nikoj nishto ne ti mozhe.
Aj sea git od temava, dosta koristish ogromna tragedija da se promovirash sebesi.
Devojche malo umre, ti tuka se falish kolku si bila jaka.
 
Абе толку воинствени фаци само на темава имало, се чудам како немаше некое востание досега во Македонија. Ќе колат, ќе тепаат, ќе пукале со оружје.
Седи не се тепајте, аман.

Да не ве задеси ваква ситуација во семејство и во околината, ќе ќутите ко пички сите. Демек никој во околината немате некого што малтрерира цела фамилија, се задолжува кај сите, некој шлакнат што цело маало го малтретира итн, па гледам секој ден некој правдата во свои раце ја зема. Никој со будали не сака да си има работа, затоа што државата и законите ги штитат. И не само во Македонија, во цел свет вака функционираат работите на ова поле.

Од ситуација во ситуација се различни работите, ама едно е сигурно и 500 пати ќотек да му удриш, ако е психо, 501 пат ќе те утепа. Демек ќе го истепаме и од утре како пајче ќе биде. Во два случаи каде што таткото на жената го уби зетот и Пале од Кратово кога ги уби мажот и свекорот, беа ослободени во самоодбрана во директни напади. Со ножеви се колеа, тој во Битола им упадна дома насилно. Не е никогаш така лесно како што изгледа и не секој случај е споредлив.
Патем таткото на девојката е починат.
Исто и таткото на мажот колку што чув.
 
Јас спомнав сам да рипне. Што е детето должно да му се заврши животот скоро започнат?

Како немало кој да го згрижи детето? Баба ,дедо,вујко? Неможе да ми каже некој дека нема кој да се грижи за тоа дете.

Неможам ни да замислам низ каква голгота поминувала јадната жена,ама дете не си убиваш никогаш.

И братот со статусот... Пријавувале многу пати. Знаеме сите каква канализација е државава. Кога институциите не мрдаат со прст ,одиш и ќе си ја прибереш сестра ти и внуката.
Ќе го решиш проблемот на овој или тој начин.

Ејј да ја тепаат родената сестра и внуката на дневна база и да не реагираш соодветно? Ќе му ги искршам сите коски ,па ќе лежам. Подобро јас 3 години во затвор,него сестра ми и внуката два метри под земја.

А ќе видите дека овој скакулецов ќе помине скоро неказнет,за некоја година заборавен. На форумов ќе се пишува уште страна две па ќе се заборави скроз.

Животот ќе продолжи,некој ќе жали помалку,некој повеќе,ама само едно ќе е сигурно дека една кутра жена и едно детенце никогаш нема да ја видат светлината на денот,поради тоа што институциите не реагирале, пичката што тепала жени,и кукавицата од фамилија на жената што не ги заштитила.
Прилично лесно е да се пишуваат претпоставки што би било кога ти би бил на место на х личност, посебно откако нешто ќе се деси. Верувам дека секој од вас, за жал, бил сведок на ваков настан. Ова е секојдневие за жал. Дали некој од вас некогаш превзел нешто? Најчесто никој не сака да влегува во туѓа манџа, сите ќе си искоментираат под мустак загреота жената, и ќе си продолжат со денот.

Според ова сведоштво, цела зграда знаела што се случува, чим ја тепал во ходник, којзнае што се случувало позади затворени врати. И за неа и за девојчето.
Сите се фрлија за братот, каде е фамилијата на ропаков некој да ја покаже со прст?

 
Во зграда отспроти работам што гледа во барот кај шо се деси. Језиво милион луѓе се насобраа полицијата трсбаше да вика по нив за да знаат дека не треба на 5 метри да стојат.
У реалност викаа оти не завршиле работа на сите пријави

овој на амфетамини бил
 
Нов ден нова црна хроника, 10 годишно дете паднало од балкон во Тетово.
 
Samo se preimenuvani, inaku istite lugje se i ja rabotat istata rabota. Voglavnom tepanje deca za 1 joint.

Не бе рекол, барем за Куманово. Видливи беа низ град, иако во цивилка, и цивилна кола. Секој ги знаеше. На секоја сообраќајна расправија каде што се пишуваа казни, се појавуваа за 2-3 минути ако настане било каков инцидент. Едноставно, знаеш дека се тука.

Мој пијан другар, не сакаше да дува, и за појавија од некаде за помалку од 5 минути. Другарот дуваше, откако без било каков приговор од нивна страна, му ја акнаа главата од тоа стубчето што е меѓу двете врати, откако го видоа пијан, и кажа сообраќаецот дека овој одбива да соработува.

Знам за случаи со домашно насилство каде што секогаш беа на страна на жртвата, со ултиматуми дека ако нареден пат пак мора да дојдат, дека нема да помине со пријава. Не знам дали е тоа решение, ама барем има појдовна точка.
 
според Панче било пријавено во 12ч и дошла полиција и све е заведено муабетот, жената рекла дека се е океј и нема потреба да реагираат. После 2 саати се десило тоа.

 
На крај ќе испадне дека и она била психо како него и ја земала ќерката за да нанесе повеќе штета кај мажот. Дисфункционално семејство, детето жртва се друго психо.
 
Прилично лесно е да се пишуваат претпоставки што би било кога ти би бил на место на х личност, посебно откако нешто ќе се деси. Верувам дека секој од вас, за жал, бил сведок на ваков настан. Ова е секојдневие за жал. Дали некој од вас некогаш превзел нешто? Најчесто никој не сака да влегува во туѓа манџа, сите ќе си искоментираат под мустак загреота жената, и ќе си продолжат со денот.

Според ова сведоштво, цела зграда знаела што се случува, чим ја тепал во ходник, којзнае што се случувало позади затворени врати. И за неа и за девојчето.
Сите се фрлија за братот, каде е фамилијата на ропаков некој да ја покаже со прст?



Јас сум бил во ваква ситуација. Девојката ја тепаа,ја одбранив,после сведочеше против мене.
 

Attachments

  • Screenshot_20260303_140450_Chrome.jpg
    Screenshot_20260303_140450_Chrome.jpg
    280,6 KB · Прегледи: 25

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom