Continuum

  • Креатор на темата Креатор на темата gvinevra
  • Време на започнување Време на започнување
Само што ги догледав првите 2 епизоди и што знам онака ми е серијава.
Не е нешто посебно ама со оглед дека ништо баш сај-фај не гледам моментално ова ќе се прати (барем додека не ја прекинат). Интересна идеја има, можеби ако е Американска ќе беше подобра, имаше неколку дупки низ приказната, ама за 40 минути во неделата да ги убиеш и не е до толку лоша. Малку е предвидлива, ама па само 2 епизоди изгледав ќе видиме понатаму како ќе тера работава.
на Шоутајм и Lost Girl ја пратам, па кога ќе видам овака луѓево и немаат некои којзнае колку сериозни серии, сите им се некако лајт за гледање, да гледаш и да пуштиш мозок на пасење :)
 
Во петтава епизова како да влегуваат во штосот од Терминатор...елиминација со убиство на предок..
...не им треба таа работа...
 
Не беше проблем, чисто да се одговори на прашањето што би било кога би било. Тајм травелот секогаш отвора прашања. Можни се две верзии: едната е онаа што ја кажа Алек
да не се работи за биолошки предок. Инаку би се случил grandfather paradox кој теоретски го спречува патувањето назад во времето

Другата е поверојатна и вклучува паралелни универзуми или линии, што значи дека од моментот кога овие се вратија во минатотот ги изменија настаните и започнаа нова гранка на историјата.

Ми се допаѓа саундтракот, уфрлаат по една-две теми како во Grey's Anatomy.
 
Не го приметивте „младичов“? :D

33ytclc.jpg
 
Ја прати некој уште серијава.
Забавна е, не е нешто посебно, ама за летно време кога нема шо попаметно да се гледа, да се опуштиш 40 минути во неделата во некој geeky world со сај-фај работи е интересна.
И конечно време беше Liber8 да дознаат за Алек.
 
Jа пратам јас... не е лошa, посебно ако не бараш неправилности на секој чекор :)
 
Последнава епизода е толку аматерски направена што, иако ја предложив серијата, не знам дали ќе продолжам да ја следам. Нити „ефектите“ со работни от костум на Кира :facepalm: се понапредни од пред 20 години, нити сцените на пинг-понг контола над ситуацијата во куќата се добро изрежирани и уверливи (n)
 
Имале добра идеја во се ова, добро им беше смислено, ама многу глупо реализирано.
За специјалните ефекти, не се толку лоши, мене барем ми се свиѓаат, ама ова со контролата на куќава и со киднапирањево беше некако многу глупаво направено.
Во недела е финалето на сезонава, ќе видиме што смислиле за тука.
 
Го изгледа некој финалево бре?
Добар крај на сезонава, не дека нешто посебно ќе ја чекам втора сезона, ама сепак интересен крај имаше сезонава.
 
Го изгледа некој финалево бре?
Добар крај на сезонава, не дека нешто посебно ќе ја чекам втора сезона, ама сепак интересен крај имаше сезонава.
Финалето е ...упм . кратко кажано... не се знае кој кого... се ми се чини дека сценаристот малку се помешал.. е сега како ќе се извади од каша попарата ..ќе видиме во втората сезона..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom