Continuum

Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Continuum (2012)



„Континуум“ е научно-фантастичен трилер. Главен лик е полицајката Кира Камерон, која живее во 2077 година. Под сплет на околности се наоѓа себеси заробена во денешен Ванкувер. Тука е сама - странец во непозната опкружување. Истовремено со неа, во 2012 се враќа група од осум опасни криминалци (или револуционери од иднината кои се борат против алчните корпорации, зависи од кој аспект се гледаат) познати под името Liber8.


Тие слободно жарат и палат низ градот.
За среќа за Кира, со помош на нејзиниот имплант за мобилна меморија, футуристички течен чип вграден во нејзиниот мозок, таа се поврзува со Алек Седлер, 17-годишен хај-тек гениј. Кога Кира повикува зајакнување од своите претпоставени, несвесна дека е вон нивниот досег и време, Алек и одговара. Така започнува нивното необично партнерство.
Најголемата желба на Кира е да се врати "дома", во 2077. Но, сè додека не најде начин да го стори тоа, таа мора да преживее во нашето време и да ги искористи сите ресурси што и се на располагање да ги следи и фати терористите пред да ја променат историјата и со тоа да го променат и курсот на иднината. Впрочем, зошто и кому би се вратила во 2077, ако иднината повеќе не е таква каква што ја оставила?

Можеби ќе биде промашена работа како „Тера Нова“; можеби ќе потрае како „Фринџ“, Ќе видиме.

Првово видео содржи многу спојлери за прва епизода (како раскажана е). Поракава е за помалку љубопитните.
--- надополнето: 29 мај 2012 во 22:45 ---
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.926
Серијава ветува многу. Жанровски одлично ќе ни дојде на сите кои сакаме Sci-fi / акција, овој пат со акцент на акцијата, зошто не очекувам многу да видиме Sci-fi со исклучок на некои технолошки гаџети и тајм травел муабети. Освен ако не направат FF финта како во Lost, тоа би било супер..

Ова е по дејство нешто обратно од филмот Demolition Man со Сталоне кога со Весли Снајпс се олд скул полицаец и криминалец кои завршуваат во иднината. Сега имаме детективка која се враќа во минатото во лов на опасна група криминалци.

Ми се допаѓа изборот за главна улога, но многу ќе зависи од останатите карактери дали ќе ја биде работава. Навивам за!
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
@lo Sano Interista баш ме заинтересира да ја гледам серијава :D
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Oдамна немав изгледано ваков лош пилот..

V, FF, Event.. каков бум пилот имаа. Лоша серија, не ја почнувам.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.926
Зошто бе, што му фалеше?

Не викам дека е којзнае што ама не беше лошо. Се согласувам дека овие што ги наведе имаа подобри пилоти, ама неславно завршија. Можеби ова ќе се развие во друг правец. Рано е за прогнози според мене. Идејата ми се допаѓа. Ако направат добар кастинг можеби ќе биде нешто од ова.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Интересно изгледа, искрено сакам нешто сај-фај да гледам.......ќе ја почнам и јас :)
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Изгледа ефтино, клише, досадно.. без некоја посебна поента ил правец. Можеби е рано, ама ми изгледа ептен несериозна серија, донекаде аматерска. А и да ја продолжат, кога ќе погледнеме наназад какви се серии укинаа, повеќе ќе се нервирам само. Си зедов сајфај/драма/трилер дозата со Аwake. Не ми се почнува ново, непроверено, ризик.. Да не речам, си дигнав критериумите. :icon_lol: Ако излезе вредно за гледање, тагирај ме.
 
S

Shaman

Гостин
Оваа девојката од новиот Конан.
каква цицка има. па па па.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.926
Си зедов сајфај/драма/трилер дозата со Аwake.
Па тоа ме зачуди, мислев дека ти треба доза, се што е sci-fi ни укинаа :) Ќе пишам понатаму, и јас не знам дали ќе ја следам или ќе чекам да завршат 10 епизоди па да и седнам.
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Па тоа ме зачуди, мислев дека ти треба доза, се што е sci-fi ни укинаа :) Ќе пишам понатаму, и јас не знам дали ќе ја следам или ќе чекам да завршат 10 епизоди па да и седнам.
Вреди да почнем да ја следам ил не тоа ти кажи ми :D
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.926
Пилотот е 40 минути, 350мб, така да вреди :) После што знам, ти ќе си оцениш. Мене ми фали доза Sci-fi така да ќе и дадам шанса.
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Пилотот е 40 минути, 350мб, така да вреди :) После што знам, ти ќе си оцениш. Мене ми фали доза Sci-fi така да ќе и дадам шанса.
Абе и мене ми фали доза Sci-Fi ама да знаеш на твоја душа е :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Не се осмелив да ја симнам пилот епизодата од коментарите на Замунда, ама ако е добра понатака може и ќе ја гледам. :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.926
Серијава ми станува "guilty pleasure". I love Kiera, she's like a sweet superhero :love:
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Ако ја продолжет серијава за втора сезона јас ќе си го испушам.

Интериста, не можам да те разберам како имаш волја да почниш ваква евтина серија, а колку време те молиме за Breaking Bad и SFU... и ништо. Не се сај-фај стварно, ама дотичнава серија по квалитет е на ниво индиска серија за погоре препорачаниве.

Guilty pleasure... хаха, немој вака море. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom