Не е ни корисен. Јас во мојот пост фактички ја пофалив Кина, а тој ми врати со тоа дека „користам излитени фрази за да ќарам нешто„. Не ни прочита што напишав, не ја следеше претходната дискусија. Јас пак ќе повторам дека не сум апологент на никого на ниедна супер сила. НИ на запад ни на исток ни на југ ни на север. Живеам во македонија ја сакам само македонија. За некого ова е излитена фраза со која сакам нешто да ќарам.Корисен идиот како него е прелажан дека ќе ќари нешто.
И за Кано: светот барем во овој момент во кој живееме не може без елити. Ако мислиш дека кинеските, руските, нигеријските, аврсталијските, тунгуските елити ќе бидат подобри за обичиот човек се лажеш. Сите ние се воодушевуваме на успесите на Кина, Јапонија, утре Индија, Индонезија, но тоа овде за нас кои го живееме својот обичен живот нема да ни промени .ама баш ништо. Може дури, ако не внимаваме, да ни штети. Бидејќи добро се знае „кога слоновите се играат, глувците страдаат„.