- Член од
- 23 мај 2019
- Мислења
- 4.595
- Поени од реакции
- 5.311
Ќе повторам сето погоре изнесено во најголема мерка стои, само што и понатаму останувам на мислење дека се работи за процеси кои не зависат од персонални решеније или од краткорочни политики - во дадениот контекст Трамп.Мислам дека Трамп има голема кривица. Обама го правеше ТПП се со цел да ја изолира Кина, сега се случи спротивното, кинески ТПП со изолација на УСА. Понатаму, Трамп постапуваше катастрофално со традиционалните американски сојузници како Јапонија, Ј. Кореја, Австралија, Индија итн. Доналд ја водеше американската надворешна политика сосема погрешно, ја водеше како своја бизнис фирма и беше опседнат со правење профит, на крајот од денот битно му беше да добие долар плус, тоа што неговите грешки ги искористуваа непријателски држави на САД како Кина, Русија и Турција не му беше воопшто на радар.
Со тоа што мислеше со притисок и навреди ќе изнуди повеќе пари, ги остави на цедило сојузниците не само во Азија туку и во Европа, почна трговска војна која го повреди цел свет, најмногу негови сојузници како ЕУ, Кореја и Јапонија, сето тоа за никаков резултат на крај.
Да се согласувам, факт е дека Кина не може никој да ја сопре економски, но може да се менаџира внимателно, да се изолира до некаде, Трамп целосно потфрли по ова прашање. Не знам каков ПОТУС би бил Биден но Трамп беше џек пот за Кина и компанија.
Во случајов гледано Трамп имаше лоши потези, но и тие беа изнудени (не можеше ништо друго да стори се работи за глобални процеси кои единствено преку војна-корона или монетарен ресет може да се ресетираат или прекинат, така мислам, може грешам ќе покаже времето), едноставно мораше да се обиде да го забави процесот, тој избра тоа што го избра, но се гледа дека нема посакувани резултати, единствен начин нешто да се стори е да се нападне Кина на сите фронтови пред се воено, има ли маж кој ќе го направи тоа?
..дополнување не го прочитав третиот пасус.
Токму за тоа се работи, не може Кина да се “изолира“, можеби тоа беше можно пред неколку децении, не знам не тврдам, денес тоа не може. Трамп не потфрли ништо, се обиде со агрсивна и недоносена политика нешто да стори не успеа и сега е време да се седне на маса и да се изврши трансформација на глобалниот поредок!