Cinedays

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
јас сум болдот, шон е останатото(чекаме потврда):pos:
Јас сум тој што му ѕврцна телефонот десно од тебе. :D Него си утнал седиштата, јас бев на четворка, а си го окупирав и петтото со ранецот, пошто слободно беше, а ти на 6ка беше, седмицата празна беше изгледа.
Инаку ова со картава ми падна у око пошто јас си ги чувам картите од сите проекции и претстави што сум бил. :D
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
„Влажност“ во режија на Никола Љуца е најдобар филм во Официјалната селекција на 15. Фестивал на европскиот филм „Синедејс“ во која годинава се натпреваруваа осум филмови. Копродукција е меѓу Србија, Холандија и Грција.

Награда за најдобро сценарио меѓу филмовите од Официјалната селекција доби германскиот филм „Тони Ердман“ по сценарио и во режија на Марен Аде. За надобра режија од Официјалната селекција беше награден унгарскиот режисер Атила Тил за филмот „Убијци на тркала“.

Во селекцијата „Синебалкан“, во која се натпреваруваа шест филмови, за најдобар на годинашниот фестивал беше прогласен „Не зјапај ми во чинијата“ - хрватско-данска копродукција во режија на Хана Јушиќ. Одлуката за наградата во оваа селекција ја донесе жирито: Если Ердем (претседател) и Нина Раковец и Дамир Чучиќ (членови).

Беше доделена и награда за најдобар филм во Студентската програма - „Страшилото крст“ во режија на Сандра Јовановска, а трета година по ред „Синедејс“ додели и три награди за најдобра рецензија. На конкурсот пристигнале 40-ина филмски критики од кои жирито одлучи првата награда да и ја додели на Фросина Крушкаровска, втората на Владимир Лазороски и третата на Вероника Камчевска.

На конкурсот пристигнале 40-ина филмски критики од кои жирито одлучи првата награда да и ја додели на Фросина Крушкаровска, втората на Владимир Лазороски и третата на Вероника Камчевска.

а баш имав одлична критика за Добра жена :(:(:(

Еве ја:
Непретенциозна сопруга и мајка во своите педесетти соочена со буквални и метафорички тумори, режисерското деби на актерката Мирјана Карановиќ, „Добра жена“

Гради, лице и огледало. Средовечна, привлечна, гола. Го облекува свечениот фустан и оди на прослави кај пријателите. Таа е добра жена, мајка, домаќинка.

Милена го дели својот навидум прекрасно исполнет живот со Влада. На почеток, тој нѝ изгледа како пристоен маж, далеку од совршен, но сепак со доволна доза на почитт и љубов кон својата сопруга. Уште во првиот дел во филмот ја забележуваме оддалеченоста на брачниот пар со нивната најстара ќерка, Наташа. Воедно, суптилните и современи сфаќања за војната во која нејзиниот татко се борел како паравоен водач, не се прифатливи за неговиот шовинистички дух, кој дури и нејзиното отсуство од семејниот дом не го сфаќа како клучен проблем во фамилијата. За разлика од него, Милена сè уште се чувствува одговорна за нејзината најстара ќерка и се обидува да оддржува нормална врска со неа. Дури во еден момент забележуваме дека таа ја крие посетата кај нејзината ќерка во Белград од нејзиниот сопруг, истовремено соопштувајќи му дека ќе оди да ги посети семејните гробишта. Сепак, нејзиниот епитет “добра жена“ го гледаме и во моментот кога при посетата налетува на работен состанок во домот на Наташа, инсистирајќи да не пречи, тивко си заминува. Всушност, сè она што Милена ја дефинира е поврзано со нејзината улога како згрижувач во фамилијата. Таа готви, чисти, ги гледа децата – исто така има син кој е опседнат со спортот и помлада ќерка која треба да биде потсетувана за домашните задачи, а воеднo да се грижи и за потребите на Влада, па дури и на оние во спалната соба. Секојдневното чистење одеднаш ќе наиде до пронаоѓање на неодбележана видео касета. Домашно видео, среќни луѓе, прослава, сеќавање на среќните денови и појава на насмевка на нејзиното лице. Пресек. Снег. Влада во униформа. Куршум во грбот на малолетник. Крв. Влада, нејзиниот Влада, маж, заштитник, човекот кој ѝ овозможил пристоен живот во предградие. Од друга страна, тој убил луѓе. Како и откриениот тумор, тоа не може да се сокрие. Но, како не знаела? Како одеднаш ја најде касетата, дали ќе изгледаше поуверливо да беше измешана во друг куп касети. Можеби нелогично, можеби треба и така да остане. Ако знаела за минатото, како не ѝ сметало?Во еден момент дури гледаме искупување, желбата за општото добро, помагање на Божјата заедница за прочистување на злосторството.

Наметнувајќи и обработувајќи теми за кои не е зборувано, или не се зборувало на тој начин, филмот е навистина паметен, потребен, па зошто да не и лековит. Блескава светлина, анестезија, преклопување на очните капаци. Можеби по операцијата ќе биде добро, можеби наредното утро ќе ѝ ја донесе вистинската светлина, она за што сите изминати години вредело да биде “добрата жена“.

Она што Добра жена го прави навистина потребен и свеж филм е женската перспектива во едно патријархално друштво и злосторства кои се приковани во совеста. Таа со својата умешност на еден начин ја руши патријархалноста, но од тоа не се обидува да направи галама, туку го прави како еден вид интимна борба на поединец или поединци. И покрај тоа што нејзините знаења и идеи околу режијата се ограничени, како и амбициите за да се занимава со тоа понатаму, Мирјана заедно со нејзините соработници успеваат да направат навистина солидно режиран филм незанемарувајќи го отсуството на елан авторката да покаже нешто ново во целосната реализација.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.110
„Влажност“ во режија на Никола Љуца е најдобар филм во Официјалната селекција на 15. Фестивал на европскиот филм „Синедејс“ во која годинава се натпреваруваа осум филмови. Копродукција е меѓу Србија, Холандија и Грција.
Е ова беше мало изненадување. Јас 100% бев убеден дека Toni Erdmann годинава е вон конкуренција!

И за Синебалкан - убеден сум да беше S'one strane во конкуренција, дека тој ќе ја земеше наградата, иако го немам гледано Ne gledaj mi u pijat, но, морале да го исклучат од сите конкуренции и да го стават во гала програмата, зашто Зрињко Огреста, режисерот на филмот, беше дел од жирито.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
@MyloXyloto џабе е и да имаш најдобра критика, кога Галевски ти е член кој одлучува за критикиве. Човекот каква глупост имаше напишано и како го имаше исфалено Златна петорка, кој знае за какви глупости дал награди.Уште кога се запнаа со некој негов другар како Жалејка бил јак филм (а оно просечен), женски филм, ретко женските ликови биле во центарот на филмот, видов колку се разбира.

И да не биде дека сум изнервиран што не сум победил, да си кажам дека не ни стигнав да напишам критика, покрај сите обврски, а сакав или за Добра жена или за Иглата да напишам.

Сунчица ја ценам, али Галевски за мене поима си нема од критика. :)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Новиот филм на Франсоа Озон, L'amant double, и новиот филм на Мишел Азанависиус, Le redoutable (биографски филм за Годар), ќе играат на годинешново издание на Синедејс од 9-18 ноември.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ниеднаш не биле доследни на објавата, рекоа на први програма и пак ја нема, ваљда утре :D

Најмногу го чекам The Square на Рубен Остлунд, океј и Killing of Sacred Deer на Јоргос :pijani:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Драги наши,

Со огромно задоволство Ве известуваме дека во периодот од 9 до 19 ноември 2017 година, во организација на Младинскиот културен центар ќе се одржи шеснаесеттото издание на МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ - CINEDAYS, кој и оваа година како и сите претходни, ќе се обиде да го задоволи изградениот вкус на својата многубројна и верна публика...Скопска линија, европска ‘вожња’... или зошто омилената станица во Скопје е токму фестивалот CINEDAYS.

Годинешниот CINEDAYS нуди филмови што „гравитираат“ во неколку програмски веќе познати програмски целини: Официјална селекција, CineBalkan, Гала програма, Музички документарци, шведски филмови, МК-Кратки филмови, CINEDAYS+, Студентска програма, Детска п...рограма и богата придружна програма од работилници и музички настани.

ГАЛА програмата и оваа година изобилува со врвни режисерски имиња и наградувани филмови на фестивалите во Кан, Сан Себастијан, Венеција, Берлин, Ротердам... Од вкупно 20 филмови во ГАЛА програмата, љубителите на европскиот филм ќе можат да ги погледнат “Среќен крај” на Мајкл Ханеке, “Од никаде” на Фатих Акин, “24 кадри” од Абас Киаростами (воедно и неговиот последен филм), “Убиството на светиот елен” од Јоргос Лантимос, “Двојниот љубовник” на Франсоа Озон и “Мојот Годар” на Мајкл Хазанавициус кои се дел и од специјалната програма “Француски прозорец кон светот” во соработка со Францускиот културен центар во Скопје, “Мајка” на Дарен Аронофски, “Субурбикон” на Џорџ Клуни, “Другата страна на надежта” од Аки Каурисмаки, документарниот филм “Гледај и чуди сe: Соништа за поврзан свет” од Вернер Херцог, и многу други наслови кои буквално ги ‘собраа’ сите европски и светски филмски награди.
Со особена чест би сакале да ја издвоиме премиерата на филмот “Пченица” на култниот турски режисер Семи Капланоглу, кој воедно ќе биде и почесен гостин на фестивалот за премиерата, но и како Претседател на жирито во Официјалната селекција.


Во контекст на истото, со гордост ја најавуваме и долгочекуваната македонска премиера на филмот “Исцелител” на македонскиот режисер Ѓорче Ставрески, чија интернационална премера е во рамките на Меѓународниот филмски фестивал во Солун, а е и дел од натпреварувачката програма на еден од најпрестижните европски фестивали Tallinn Black Nights.

ОФИЦИЈАЛНАТА СЕЛЕКЦИЈА и програмата CINEBALKAN, традиционално ги препуштаме на изборот на Бернд Будер, кој и оваа година понуди извонредна селекција на филмови. По завршувањето на филмските проекции од овие две програмски целини, ќе следат Q&A сесии на кои публиката ќе има можност да разговара со режисери, продуценти, директори на фотографија, актери, кои ќе бидат гости - на наша огромна чест - на овогодишното издание на фестивалот CINEDAYS – пракса, во која со години се обидуваме да ја доближиме филмската уметност поблиску до публиката.
Во рамките на ОФИЦИЈАЛНАТА СЕЛЕКЦИЈА ќе може да се погледнат филмовите:
• Плоштад Америка– Режија: Yannis Sakaridis
• Бодкин рас – Режија: Kaweh Modiri
• Срце од камен– Режија: Gudmundur Arnan Gudmundson
• Свет воздух – Режија: Shady Srour
• Надвор – Режија: Gyorgy Kristof
• Родители – Режија: Christian Tafdurp
• Tehran Taboo - Режија: Ali Soozandeh
• Горскиот принц – Режија: Kuba Czekaj

Во рамките на програмата CINEBALKAN се селектирани следните филмови:
• Сина тишина – Режија: Bulent Ozturk
• Зора – Режија: Gentian Koci
• Трамполина – Режија: Katarina Zrinka Matijevic
• Непожелен – Режија: Edon Rizvanolli
• Ветер – Режија: Tamara Drakulic
• Жаба – Режија: Elmir Jukic
Особено важно да се истакне и заложбата на фестивалот, да сериозно придонесе кон развојот на европскиот филм во домашни и светски рамки, со што се одвојува специјален фонд за награди од 300.000 денари за Најдобриот филм во Официјалната селекција и 300.000 денари за Најдобриот филм во селекцијата СинеБалкан.

Секоја година, нудиме содржајна програма од МУЗИЧКИ ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ и неверојатна понуда на КОНЦЕРТИ, се со цел, фестивалскиот ден да се заокружи на најдостоинствен начин. Филмската селекција ја сочинуваат девет филмови, кои ќе ги задоволат и најпрефинетите вкусови на филмските, но и музичките сладокусци:
• Бркајќи го Трејн: Документарец за Џон Колтрејн – режија: Jon Scheinfield
• Еден куп уметност – режија: Christine Franz
• Броење во есен – режија Marko Brecelj
• Дени вели – режија: Brandon Toller
• Плукни и на вистината во очи – режија: Varja Mochnik
• Штрак! Психодуховната мантра на рокот – режија: Barney Clay
• Плукни и раздели – режија: Jerome Vandewattyn
• Суперсоник – режија: Matt Whitecross
• Забрањено пушење во Сараево – режија: Gianlucca Loffredo

Mузичката програма пак, се состои од 7 концерти во 10 фестивалски дена и тоа со настап на: ChkChkChk (USA), Christa Bell (USA), Jagga Jazzist (NOR), Zola Jesus (USA), Evil Nine (UK), Drew McDowall (UK), Marko Brecelj (SLO), а фестивалот ќе го отвори Бојан Чакра со специјален Диџеј сет после проекцијата на документарниот филм за Џон Колтрејн.

Во соработка со Шведската амбасада во Скопје - воедно и во активистичкиот дух на фестивалот - ќе реализираме и филмска програма најновите остварувања од Шведската кинематографија, преку популарната програма ЗЕМЈА ВО ФОКУС.

ПРИДРУЖНАТА ПРОГРАМА, во која секоја година даваме максимални напори да донесеме експерти од филмската област кои имаат за задача своите видувања, експертизи и познавања да ги пренесат кон студентите но и заинтересираните домашни филмски професионалци, оваа година на CINEDAYS ќе содржи:
• НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА ФИЛМСКА КРИТИКА, со која ќе ги охрабриме студентите по новинарство, студентите по филм, и воопшто, сите критички настроени филмски ентузијасти да напишат рецензии за филмовите што ги проследиле на фестивалот, за што ќе следува и награда доделена од специјално жири.
• РАБОТИЛНИЦА ЗА СКРИНИНГ ТЕХНИКИ НА СНИМАЊЕ АУДИЦИИ И ФИЛМОВИ; за време на трите дена во Скопје, светски познатата кастинг агентка Ненси Бишоп и нејзината соработничка Анила Гајевиќ од Зона Талент од БиХ, сите учесници ќе имаат можност да ги применат своите вештини за самостојно снимање за аудиции што претставува клучен дел од процесот на меѓународниот кастинг. Актерите ќе одберат од селекција на сцени и однапред ќе се снимаат самите. По тоа, ќе следат специјални вежби што кастинг агнетките ги имаат развиено за усовршување на лични стратегии за аудиции, вклучувајќи и техники на “студено” читање;
• ПРОМЕНА НА ПЛАНОВИ ВО ЕДЕН КАДАР; КАКО ВИД НА МОНТАЖА од добропознатиот миленик на македонската публика, режисерот Мирослав Момчиловиќ, меѓуостанатото познат и како режисерот на филмовите “Смрт на човек од Балканот” и “Седум и пол’’;
• НАРАЦИЈА: КАКО МОЖЕМЕ ДА ИЗГРАДИМЕ ЦВРСТИ НАРАТИВИ ЗА ФИЛМОВИ од професорот Саваш Арслан од Универзитетот Bahcesehir од Истанбул, Турција кое ќе се одржи на Факултетот за драмски уметности во Скопје;
• ЈАС СНИМИВ ФИЛМ, НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ВИДИТЕ ОСВЕН АКО...од италијанската режисерка и сценарист Клаудија Тоси, во соработка со EWA Eurpean Womans Audiovisial Network;
Жирито во Официјалната селекција, кое покрај турскиот режисер Семи Капланоглу, го сочинуваат и руската продуцентка и членка на Европската филмска академија и Националната академија и преседател на Kinoglaz, Евгенија Тирдатова како и младата грчка продуцентка Марина Драндаки, членка на EAVE, додека членови на жирито на селекцијата СИНЕБАЛКАН се Ник Џелилај, млад и наградуван актер од Албанија, новинарката и филмски критичар Павлина Желева, бугарски претставник во одборите на Eurimage и FIPRESCI како и главен кореспондент за Film New Europe и актерот Велибор Топиќ, меѓународно познат актер од Босна кој глуми во повеќе од 65 филмски остварувања, меѓу кои филмови на Гај Ричи, Том Хупер, Метју Вон, Ентони Мингела и три филма на Ридли Скот.

Новина е и програмата кратко наречена CINEDAYS +, во која истакнуваме филмови со специјални проекции – биографскиот филм за уметноста на Дејвид Линч, “Дејвид Линч: Животот на еден уметник” кој со проекција ќе оди пред концертот на Криста Бел, неговата муза и актерка во серијата “Твин Пикс”, филмот “Фадо” кој со специјална проекција ќе оди симултано на два фестивали – CINEDAYS и филмскиот фестивал во Тирана, рускиот филм “Хармс” во кој учество зазема и македонскиот продуцент Сашо Павловски со гости од филмот, филмот “Насоки” во режија на бугарскиот режисер Стефан Командарев каде исто учество зазема и македонскиот продуцент Владимир Атанасов, документарниот филм за фудбалската легенда Пеле: Раѓањето на една ѕвезда и филмот “Словенија, Австралија и утре целиот свет” во режија на словенечкиот режисер Марко Набершник каде свое ко-продукциско учество има и македонскиот продуцент Роберт Насков.

Во рамките на Студентската програма, ќе бидат прикажани повеќе од 50 студентски филмови од регионалните филмски академии, каде жирито составено од македонската актерка Наташа Петровиќ, режисерката Марија Апчевска и кураторот на меѓународниот фестивал на кратки филмови “2Annas”, Лајма Граждановича ќе одлучат за најдобриот студентски филм и награда од симболични 30.000 денари.

И кога сите мислите и конечно оддишувате дека ова е крајот, 9-19 ноември (цели 11 дни), CINEDAYS тимот кон сите вас е крајно безобѕирен, дрзок и безмилосен и веќе од 20 ноември, понеделник, до 29 ноември, ВНИМАНИЕ: ФИЛМСКИ МАРАТОН, 24 часа, ден и ноќ, без престан, 10 дни по ред, во нашето интимно, Џебно кино во МКЦ! Проекциите започнуваат во 9 изутрина, последната дневна проекција е во 3 часот по полноќ, а на секои 3 часа започнува проекција на филм. Секој ден претставува засебна тематска целина, а ќе бидат прикажани светски класици, најпознати филмски наслови, легендарни филмови битни за конкретниот жанр и тоа: вестерни, драми/романси, контроверзни, трилери, научно-фантастични филмови, еротски, уметнички (арт) филмови, акциони, хорори и комедии. Дел од проекциите во ударните термини ќе бидат проследени и со гости, за дебата по проекцијата на филмот, кои ќе бидат најавени дополнително.

Огромна благодарност кон кураторот на оваа филмска програма, прекрасниот Влатко Галевски.

Билетите за ГАЛА програмата се со популарна цена од 150 денари, сите останати проекции со цена од 100 денари додека проекциите во рамките на Студентската програма, Програмата МК кратки филмови, Земја во фокус, Детската програма и Работилниците се со бесплатен влез.

Билетите се веќе пуштени во продажба!

Се гледаме на CINEDAYS.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
@Zlatikevichius @Anon Синедејс го објавија и календарот за програмата, видете на што ќе се оди, и да се договориме што ќе гледаме.
Традиционално, ги примаме сите секташи од филмитв да ни се придружат.

Јас сум за:
The Square
Mother! сакав да го глеам во Синеплекс, ама ако има интерес може и со вас да го глеам
Suburbicon
The Beguiled
Loveless
The Shape of Water
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.110
@Zlatikevichius @Anon Синедејс го објавија и календарот за програмата, видете на што ќе се оди, и да се договориме што ќе гледаме.
Традиционално, ги примаме сите секташи од филмитв да ни се придружат.

Јас сум за:
The Square
Mother! сакав да го глеам во Синеплекс, ама ако има интерес може и со вас да го глеам
Suburbicon
The Beguiled
Loveless
The Shape of Water
Вака, од тоа што гледав и од мојот распоред, слободен сум на 9, 12, 14, 15, 17 и 19, или што би се рекло, распоредот ми е ТОП. Единствен филм што би го испуштил, а сакам да го гледам е Three Billboards Outside Ebbing, Missouri. Е сега, за овие што ги напиша: The Beguiled го гледав, не би го репризирал. За Suburbicon немам некоја желба, а и нема да можам, Loveless (и уште некои други како Other Side of Hope, и Amant Double) и да се испуштат, не е којзнае колку страшно, веќе ми се симнати, ќе може да се гледаат и по дома. Shape of Water е A MUST. Да сме здрави и живи само, јас не би го испуштил. А исто и The Square и Mother! планирам да ги гледам, плус во ист ден се, па... бирајте.[DOUBLEPOST=1509653611][/DOUBLEPOST]Не пишав - мојата листа на филмови што сакам да ги гледам:

The Square
Mother!
Killing of Sacred Deer
Loveless
Amant Double
Other Side of Hope
In the Fade
Happy End
Shape of Water
Three Billboards Outside Ebbing, Missouri
Исцелител
You Were Never Really Here
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Вака, од тоа што гледав и од мојот распоред, слободен сум на 9, 12, 14, 15, 17 и 19, или што би се рекло, распоредот ми е ТОП. Единствен филм што би го испуштил, а сакам да го гледам е Three Billboards Outside Ebbing, Missouri. Е сега, за овие што ги напиша: The Beguiled го гледав, не би го репризирал. За Suburbicon немам некоја желба, а и нема да можам, Loveless (и уште некои други како Other Side of Hope, и Amant Double) и да се испуштат, не е којзнае колку страшно, веќе ми се симнати, ќе може да се гледаат и по дома. Shape of Water е A MUST. Да сме здрави и живи само, јас не би го испуштил. А исто и The Square и Mother! планирам да ги гледам, плус во ист ден се, па... бирајте.
Јас сум поеќе за The Square, Mother! како што пишав во претходниот пост ќе се дава и во Синеплекс, па и да се пропушти тука, ќе се фати таму
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.110
Јас сум поеќе за The Square, Mother! како што пишав во претходниот пост ќе се дава и во Синеплекс, па и да се пропушти тука, ќе се фати таму
Проблемот со The Square е што веројатно е opening филм, наоѓање билети за проекцијата би било еднакво на Mission Impossible.[DOUBLEPOST=1509654425][/DOUBLEPOST]А, и ептен многу, многу, многу, многу ми е криво што го нема и третиот победник од големите фестивали годинава, унгарскиот On Body and Soul од Берлинале. Уште повеќе по мислењето на @џимеј .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom