Вечерва се најдобрите филмови, па и утре, така да дечки гледајте и за мене, и обавезно пишете импресии. Јас ќе дојдам во Скопје во недела, па ќе ја фатам ваљда репризата на Патерсон

Инаку сега се сетив дека го нема најновиот на Асгар Фаради
The Salesman, сите негови претходни беа емитувани на Синедејс, бар колку што памтам Le Passe и A Separation се прикажувани.
Инаку...
ЛГБТ-програмата на „Синедејс“ е откажана – проекција на филмовите откако ќе заврши фестивалот
ЛГБТ програмата на Фестивалот на европски филм „
Синедејс“ требаше да стартува утре (12 ноември) во Џебното кино во МКЦ, но организаторот денеска информира дека таа се откажува поради технички причини. Програмата ќе биде дополнително реализирана по завршувањето на фестивалот во соработка со Амбасадата на Шведска.
„За сите нови информации во однос на термините за емитување на ЛГБТ програмата ќе ве известиме дополнително. Се извинуваме поради промената во програмата и се надеваме дека ќе имате разбирање“, соопштија организаторите на „Синедејс“.
Во ЛГБТ-селекцијата беа планирани „Да се стане Ана-Кристина“ на шведската режисерка
Хелена Исаксон Баек, потоа „Само обичен човек“ на
Малин Бјоркман-Видел, „Никогаш не бриши солзи без ракавици“ од
Симон Кајсер и „Со секое срцебиење“ на
Александра-Тересе Кеининг.
Во однос на останатата програма, вториот ден од „Синедејс“ денес продолжува со проекциите на филмовите „Непозната девојка“, „Сиера Невада“, „Јас Даниел Блејк“ во киното „Милениум“, „Чисти раце“, „Жалејка“ и „Влажност“ во киното „Фросина“, додека во Џебното кино МКЦ на репертоарот е „Странецот“.
Во Скопје денеска доаѓа и романскиот режисер
Кристи Пују да го претстави својот последен филм „Сиера Невада“ кој е копродукција меѓу Романија, Франција, БиХ, Хрватска и Македонија. Филмот е инаку и романски кандидат за наградата „Оскар“.
Во сабота во Скопје доаѓа и словенечкиот режисер
Дамијан Козоле за промоција на неговиот филм „Ноќен живот“ кој исто така е и македонска копродукција, а во филмот меѓу другите игра и нашиот
Петар Арсовски.