Четврт Бурек - 25денари

  • Креатор на темата Креатор на темата Tutor
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 март 2010
Мислења
5.873
Поени од реакции
6.389
Локација
GPS signal lost....searching..
Ја отварам оваа тема со цел да ми помогнете да разберам како на овој газда му се исплати да работи со дупло пониски цени од сите пекари во цела Македонија. Значи се работи за пекара која од нова година започнува со нешто како акција/промотивен период "Се на Пола Цена" , но по редиците на чекање газдата си одлучил ова да се продолжи и по завршувањето на промо периодот. Така еве до ден денешен, пекарата продава шлепери од нивните пекарски производи секојдневно. Се чека и по половина час па и повеќе понекогаш во ред да се дојде до тепсија бурек за 100денари.
Инаку немој да помислите дека намалена цен = намален квалитет . Како било пред промо периодот така се држи сеуште квалитетот , панцеротите се полни со смеса од кашкавал/шунка/кечап и печурки. Буреците се просечно добри итн итн , значи лично се уверив дека вкусот и квалитетот си е нормален. А цената е неверојатно ниска. Е ајде економисти кажете ми како му се исплати на газдата ? А на другите не...

WP_20140403_005.jpg
 
Не дека на овој не му се исплати, останатите се премногу алчни и лупаат цени ко ненормални.
Четврт бурек со сирење 50 денари... Бич плиз, со црн кавијар да беше, а со реална цена, ќе беше поефтин.
 
Не дека на овој не му се исплати, останатите се премногу алчни и лупаат цени ко ненормални.
Четврт бурек со сирење 50 денари... Бич плиз, со црн кавијар да беше, а со реална цена, ќе беше поефтин.
Нема шанси да е маржа на Бурек 100% толку не е на струмичка марихуана.
 
Економијата е - ќе го натепа некој од амбициозните конкуренти.

Овде газдите на кафиќиве се договараат за цените. Ако оди некој поевтино педер е, скапан, нечоек итн...никој не сака да си ги ускрати зимските одмори на алпите.
 
Не знам колку е маржата на струмичка марихуана, али знам дека маржата на бурекот е огромна
 
Некој пере пари преку згради, некој преку бурек.
 
Не знам колку е маржата на струмичка марихуана, али знам дека маржата на бурекот е огромна
Носење струмичка Мара од Струмица во Скопје и дилање носи 100% за 1 кило. Сега ќе почнат да одат до Струмица и да дилаат струмички бурек во Скопје:pos: Со оваа цена се исплати купување бурек од Струмица и препродавање низ Скопје. Така да има 3 објаснувања.
1. Има некое суљиво брашно и краде струја од ЕВН а во пекара му работат кинези
2. Пробува да се прави фреар и да оди во банкрот
3. Буреџилницата е на Мијалков
 
Мислам дека ми имаат зборувано за овој во струмица :D Битно да не останеме ние Скопјаништава покуси си имаме и ние вакво нешто кое се наоѓа во чаршија бурекот е 25 ден, симит погача 10 денарчиња, абе џабе да јадеш :icon_lol: Уствари грамажата не е иста кога ќе погледнеш реално...
 
Абе ајде, кај нас на работа в продавница 1/4 го наплаќаат 35.
 
без да знаеме колку е вистинската цена на бурекот нема да знаеме како му се исплати, и да е 100% маржа значи ако се продава 50 денари, 25 кошта да се направи, а братов го продава 25 што значи би бил на 0. Али не би рекол дека е 100% зашто во Скопје четврт е 50 во неготино јадев за 30, бурекот е тој.. исти, така да може ли и више од 100% да е ? :D
 
Има во чаршија бурек 1/4 25 денари, али со 2 кори, и може случајно да најдеш месо ако се потрудиш и не ги заборавиш наочарите дома. Симитот за 10 денари е супер, али бурек не јадам секаков и секаде.
 
Во кризни моменти не се намалува на квалитет, напротив, се зголемува а цените може да останат исти. Луѓето не се откажуваат од одредени задоволства а знаат да имаат и префинет вкус. Економски работи не ме интересираат и не сум упатен но гледав некакво истражување кое го тврдеше ова со интересни резултати.
Знам и јас еден пример каде за иста цена одреден сендвич е побогат со многу поквалитетни и поскапи (салами, кашлавали и сл.) за разлика од сите останати. Газдата троши екстра кеш за екстра задоволство. Верувам дека го правеле будала се додека не почна да се случува екстра гужва и нарачки кај него.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom