Cedevita vs Cevitana

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Јас ја преферирав цевитаната дека е наш производ ама ја баталив заради растворливоста и така едно две години ја немам купено
Автоматски споено мислење:


Мислам и дека не е препорачливо да се ждере многу цедевита може и затоа имаш ти проблем
Така е, знам...но убаво беше кога си жеден, да мавнеш едно пола литро Цедевита направена со мраз.
Цедевитата не се препорачува за мали деца, се уништуваат запчињата.
 
Цедевита - сите ми се ОК (најмногу лимета), освен црвен портокал, тоа им е промашување на векот.

Цевитана - само грејпфрут можам да поднесам од нив, штета што Цедевита не произведува од грејпфрут.
 
Кога ги пишав чаевите Витаминка за чаеви држи друго бренд име Good nature
Мала корекција, Good Nature се од Алкалоид, Витаминка немаат чаеви.

Мислам и дека не е препорачливо да се ждере многу цедевита може и затоа имаш ти проблем
Цедевитата не се препорачува за мали деца, се уништуваат запчињата.

Препишано од амбалажата на Cedevita:
HR/BIH/SR/MNE/SLO: Deci i odraslima preporučuje se jedan napitak dnevno. Odrasli mogu uzeti do 3 napitka.
MK: Возрасни може да конзумираат до два напитоци на ден, а деца над 7 години еден напиток на ден.
:confused:

Досега немам сретнато некој кој си ограничил колку вакви пие на ден.
 
И тоа да го лижеш од рука после фудбал у петтооделение после часови :love:

У прво одд од вакво дома си отидов целиот црвен. Кивнав во кесичката...
 
У прво одд од вакво дома си отидов целиот црвен. Кивнав во кесичката...
Моите мислеа дека сум се тепал и дека тоа ми е крв на руката или дека сум си ја исекол :icon_mrgr:
 
Step max лижевме како мали деца во школо. Истураш во рака и лижеш. Раката црвена, јазикот црвен.
Од кај па деца знаевме сите дека тоа се раствара во вода, отпосле сфаќаш дека тоа треба да се раствори во вода и дека така се прае сок.
 
Viva сокчиња може?? :D :cool:

Цевитана еднаш или два пати имам пробано и некако разводнета беше. Цедевита лимон и портокал си ги сакам. Инаку Витаминка имаат многу други поубави производи што сакам да ги купувам - Стоби флипс смоките (тука нема конкуренција) и чоко флипс, кечапо, Атлантис и супите. Гледам извадиле и срирача сос, па ме интересира како се споредува баш со азискиве срирача и дали е така лут. :D
 
Степ ти е легендарна работа. Порано кога се правеа "сиромашни" запивки, како тинејџери кога бевме тенки со пари, ако нема доволно за Швепс се мешаше Степ со бело вино. Белото вино беше од некоја туба од 3 литри со ужасен квалитет. Во комбинација со Степот милина. После тоа свивај се од киселини и болки во желудникот цела вечер.

На темата, мене и Цедевита и Цевитана ми се убави. Слични се па често не правам голема разлика во вкусот. Пошто стварно одамна не сум пиел, не можам да одберам кое би било подобро.
 
Една од најштетните работи, шеќери колку сакаш. Едино тука негде по штетност се 2бона и Релја, со таа разлика што вториве маваат на слухот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom