Богат сиромав или сиромашен богаташ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа што го немаме најмногу го посакуваме. Тие што почувствувале недостаток од пари сметаат дека парите се` се. Ти мислиш така, а некој ако има спротивно мислење не значи дека лаже. Што ти е помило: кога некоја личност што ти значи најмногу ќе ти се насмевне и ќе ти каже дека те сака или кога ќе ти даде пари?
Sekako ke mi bidi podobro od lichonsta sho ke mi se nasmee i mi kazhe me saka . ama pak ke napomenam NE SE ZHIVEE OD "TE SAKAM" , ili pak gledam nekoi postovi ZDRAVJE TREBA,pa ako treba zdravje ami ako se pobolish primer rak ili nekoja druga taka poopasna bolest znaesh samo kolku se skapi tretmanite?!:vozbud: Ili aj samo da se kazhi povazhno e zdravjeto...
 
Поинаку ке те гледаат луѓето и поинаква слика ке имаат за тебе,а дека со пари ке бидеш несреќен мало морген многу ретко тоа..Денеска не е како порано коа сите биле еднакви .. Денеска се цени кој поубаво ке изгледа и кој поубаво живее.Сака да станеш пеач?Тоа и ке стане..Сака спортист?Тоа и ке биде.Што ке му прдне тоа ке праи,а тој шо нема пари само ке има голема желба и ќе се теши дека во парите не е среќата!
 
Богат сиромав во смисла - материјално сиромашен, но духовно богат, некој кој ги надминал потребите за материјалното и се стреми само кон трупање духовни богатства... Ретко додуша, ама многу моќно. Ова го поврзувам со изреката, „ Не е богат оној кој има се што сака, туку што го сака тоа што го има.“
Сиромашен богаташ како спротивност на ова... Честа појава!
Реално, парата го расипува човекот. Не е добро да ја имаш премногу, предолго и повеќе од што ти треба. Не познавам ниту едно семејство кои имале/имаат многу пари и среќа. Богатството им е во 100% од случаите зачинето со: афери, разводи, сообраќајни незгоди, прељуби, алкохол, дрога, коцка, неразбрани деца.... Господ да ме чува од големи богатства! :ija:
 
Поинаку ке те гледаат луѓето и поинаква слика ке имаат за тебе,а дека со пари ке бидеш несреќен мало морген многу ретко тоа..Денеска не е како порано коа сите биле еднакви .. Денеска се цени кој поубаво ке изгледа и кој поубаво живее.Сака да станеш пеач?Тоа и ке стане..Сака спортист?Тоа и ке биде.Што ке му прдне тоа ке праи,а тој шо нема пари само ке има голема желба и ќе се теши дека во парите не е среќата!

Луѓето ќе имаат подобра слика за тебе и ќе те почитуваат повеќе, но што вреди тоа кога ти самиот не се почитуваш и си знеш дека она однадвор што гледаат сите (облека, куќа, кола...) може да те прикрие од луѓето, но не и од самиот себе си, ништо не вреди кога ти од внатре се чувствуваш празно.
 
Hmmm pa ako nekoj kaze deka ne e se vo parite se laze se e vo parite bogat no siromav duhovno e mnogu podobro duhovnoto ke se stekne so tek na vreme jas sum za bogat ama da znae da ceni da ne se folira
 
Сакам да имам богатство(не сакам да живеам аскетски живот).
Ама не би го направил тоа по секоја цена, што ме доведува до денешната ситуација.
Која не би ја мењал за никоја друга затоа што Јас сум во неа .
 
предност му давам на духовно богат , а кога си задоволен од себе и од тоа што го имаш, никогаш не си сиромав
 
Кога си сиромашен не може духот да ти биде богат во смисла да бидеш среќен и задоволен бидејки не чувствуваш никакво задоволство поради тоа што, се козиш од работа, и пак имаш примања од некојси 150-200 евра, од кои многу боли глава кога ке треба да се направи пресметката за преживување на целиот месец со тие пари.
Најубаво е и да си богат материјално и богат духовно.
Инаку денеска материјалните работи имаат многу предност и за жал тие одлучуваат кој е приоритетна личност а кој секундарна.
Пример, двајца се разболуваат, и има требаат многу пари за да се излечат. Едниот е богат другиот е сиромав.
Кој има поголема веројатност да преживее? Претпоставувам и на вас ви е лесно прашањето ко на мене што ми е.
Не велам дека ова е во право, но таа е реалноста.
Некој кој што вршел висока функција и донесувал значајни одлуки и добил пповеке пари, и пример некој кој бил шофер цел живот. Реално е дека првиот ке добие подобар третман, од другиот.
Тоа било така, е така и засекогаш ке остане така. Само Господ не зависи од материјалното и не прави поделби и приоритети, а ние смртниците секогаш ке го правиме тоа.
 
Без пари среќа нема. Тие што се ептен сиромашни се осеќаат толку притиснати од тешкотии за опстанок, што немаат време да помислат на среќа. Материјалните ствари се ОК се додека не станеме зависни од нив и нивни робови. The money are NOT the root of all evil - human are
 
... да купиш книга, но не и знаење; богами ако си сиромав ќе ја имаш можноста да знаеш што е добро а што е лошо, и ќе може да студираш каде и што ти посака душа, и да го стекнеш и надоградуваш знаењето...

... да купиш функција, но не и почит; богами ако си сиромав ќе имаш функција на директор и почитта на народен херој...

... да купиш доктор, но не и здравје; богами ако си сиромав нема да ти треба доктор и поради тоа што немаш денар в џеб нема да имаш никакви проблеми - нема да имаш нервози...

... да купиш душа, но не и живот; богами ако си сиромав ќе имаше душа после се и ќе се чуствуваше ЖИВ....

Друже аргументиве не ти држат вида некако...

1. Ако имаш пари нормално дека ќе се запишеш на факултет на којшто сакаш, ама тоа не значи дека ќе го завршиш. Може да имаш знаење колку за една шестка.
2. Како ќе се излечиш од болестите рак, тумор, леукемија? Ако сакаш имај капитал не милијарди ни трилиони не ти помагаат.
3. Колку сакаш имај пари кога ќе ти дојде моментот за умирање ништо не ти помага.
Ако беше така Богатите луѓе ќе живееле вечно.
Има богати луѓе којшто живееле 30 години, а има некои сиромаси дотуркале 95-96 години.
 
Духовно богат е најважното нешто според мене ,кога душата ти е исполнета како цел свет да е твој ,во спротивно милиони не би те радувале ...радувајте се на малите нешта во животот ,придавајте им значение ,бидете задоволни и секогаш ќе бидеме богати .Верувај те никој не останал гладен само кој како умее да ги цени работите,така и ќе се чувствува. Најмалку е важно да бидеме богати пред очите на другите,јас лично најмалку им придавам вредност на оние кои имаат многу пари,вредноста на луѓето не се цени по парите туку нивниот квалитет .Верувајте дека ако се има многу пари тогаш друго ќе фали, , според мене подобро борбата во животот да биде по потрага по пари него да се бориме за друго.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ___
Може да рециклираме до сто и една и назад за духовни богатства, исполнетост, итн. или пак да тврдиме дека без пари нема среќа. И едниве и другиве се веќе клише причи.

Среќата и радоста постојат во конкретни контексти, така што ниту парите ниту некое апстрактно „духовно“ богатство можат да бидат апсолутни критериуми. Парите не можат да апсолутен критериум за среќа. Парите се моќно средство за билдање суета. Ако задоволување на материјалните потреби и билдање его е среќа, тогаш парите ја купуваат среќата. Нематеријалните богатства, исто така, се условени од контекст и агол на гледање и не можат да бидат единствен критериум.

Прабаба ми беше пресреќна кога стави вештачки заби -- можеше да џвака. За едно тригодишно детенце потполна среќа е да си игра во песок или да брка некое кученце. За крајно сиромавиот, среќа е да има покрив над главата и храна за семејството. За некого кој веќе има стан, викендичка и две аута, среќа е да има 10 милиона еура во кеш, да вози Бугати Вејрон и да има на лагер фото модели за еднократна употреба. Кога Бил Гејтс би имал само 10 милиони еура и Бугати Вејрон би паднал во тешка депресија.

За радост, сепак, потребни се луѓе, не предмети. Човек не може потполно да се радува сам -- му требаат луѓе да ја сподели радоста.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom