Богат сиромав во смисла - материјално сиромашен, но духовно богат, некој кој ги надминал потребите за материјалното и се стреми само кон трупање духовни богатства... Ретко додуша, ама многу моќно. Ова го поврзувам со изреката, „ Не е богат оној кој има се што сака, туку што го сака тоа што го има.“
Сиромашен богаташ како спротивност на ова... Честа појава!
Реално, парата го расипува човекот. Не е добро да ја имаш премногу, предолго и повеќе од што ти треба. Не познавам ниту едно семејство кои имале/имаат многу пари и среќа. Богатството им е во 100% од случаите зачинето со: афери, разводи, сообраќајни незгоди, прељуби, алкохол, дрога, коцка, неразбрани деца.... Господ да ме чува од големи богатства! :ija: