Богат сиромав или сиромашен богаташ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Sreken e samo onoj koj misli deka e sreken, toj e sreken. (samo gledajte toa da ne se pretvori vo iluzija)
Covekot kolku i da ima se mu e malku.:salut:
А која е разликата помеѓу тоа да живееш во илузија дека си среќен и да мислиш дека си среќен?

И како твојот пост директно го поврзуваш со темава?
 
Па од овие две повеќе би второто...ипак од воздух не се живее!А би бил среќен,ако немаш леб да јадеш,ако немаш пари за да излезеш,ако немаш пари да се школуваш???И баш ме интересира,во сето ова кај е среќата???


Апсурдно е да збориме,дека никому не ни требаат пари,само да бидиме среќни...а тие две ствари се меѓусебно поврзани.:helou:
 
Многу сме поврзани со парите јасно дека не треба да дозволиш да те водат шо значи оти не е убаво да си парољубец... јас мислам е убаво да ги имаш а да си горд со духовното а не сонив. поззз
 
А што е со богат богаташ и сиромашен сиромав ?

тој вториот излеа гадно ја заебал работата.
 
Абе арно рекле и кура.ц у дупе и душу у рај нема, така да не можи се да биди погодено. А и ако е се погодено нема да биди интересно ќе биди мнотоно.
За темава јас би избрал некоја средина која влече повеќе накај мирен сон, знаење, време итн.
 
Искрено, не познавам премногу луѓе кои се сиромашни, а среќни и духовно богати. Истото важи за среќните и продуховени богаташи. Се држам до старата: како ќе си постелиш така ќе си легнеш.
За тоа дека љубовта и здравјето не се купуваат со пари... За жал, мислам дека сите се лажеме, или тешиме со тоа. Само интелигенцијата не се купува. Најмногу приказни има токму за принцот на бел коњ или за царевата ќерка. По дефиниција се бараат погодни лица од спротивниот пол кои имаат позитивен економски и општествен статус. Така најчесто воспитуваат деца од најмала возраст. Луѓето најчесто се заљубуваат во некој што е олицетворение на нивниот идеал.
Што јадат најчесто сиромашните и колку јадат? Колку чини една сложена хируршка интервенција? На сиромав може да му се случи смрт во семејството и од некоја банална болештина. Не верувам дека и потоа ќе бидат среќни.
Богатиот, со малку ум и умереност, може да си купи долг и квалитетен живот.
Да се најде некаква средина би било идеално, ама средниот општествен одамна изумира. Јас мислам дека сиромаштијата е убиец на духот во иста, ако не и во поголема мерка од богатсвото.
 
Еве една ситуација: Вие сте многу богат ама болен и нема лек за вас,одите по улица и гледате пред вас на тротоарот како едно циганче проси и се смее,нема пари ама има здравје и е насмеано,вие имате пари а немате здравје а и насмевка на лицето,што ке ви се сите пари на овој свет кога го немате она што еден сиромав го има? Ако си во едно богат во друго ке бидеш сиромашен...
 
Кинеска мудрост за парите ...

Со парите можеш ...
... да купиш куќа, но не и удобност;
... да купиш кревет, но не и сон;
... да купиш часовник, но не и време;
... да купиш книга, но не и знаење;
... да купиш функција, но не и почит;
... да купиш доктор, но не и здравје;
... да купиш душа, но не и живот;
... да купиш секс, но не и љубов.

Е сега, би живееле како сиромав човек исполнет со нематеријални задоволства, или повеќе би биле богаташ, да купувате све што можете да замислите но без среќа? Или може има такви богаташи среќни?:kafe:
Секако дека е тоа така. Сиромавите се среќни,а богатите материјално исполнети.
Но, отсекогаш сум размислувал на еден друг начин. Она кое е најправилно и најубав да се биде, е човек кој ја искусил мизеријата, ја имал среќата, а по одреден настан го добива и материјалното. Тогаш ќе биде свесен за она кое што го имал порано, и ќе сфати дека среќата била дел од неговиот живот и кога ги немал парите, а и кога ги имал. Но парите не биле секогаш тука за него. Е дури тогаш мислам дека се постигнува совршен баланс на среќата и задоволството.
 
Да се биде без пари е минлива состојба; Да се биде сиромав е состојба на духот!!! :pipi:
 
Кинеска мудрост за парите ...

Со парите можеш ...
... да купиш куќа, но не и удобност;
... да купиш кревет, но не и сон;
... да купиш часовник, но не и време;
... да купиш книга, но не и знаење;
... да купиш функција, но не и почит;
... да купиш доктор, но не и здравје;
... да купиш душа, но не и живот;
... да купиш секс, но не и љубов.

Е сега, би живееле како сиромав човек исполнет со нематеријални задоволства, или повеќе би биле богаташ, да купувате све што можете да замислите но без среќа? Или може има такви богаташи среќни?:kafe:
Каква среќа луѓето можат да бараат, ако немаат пари ни за храна, вода, живеалиште... Златна средина е најдобра...
 
Е сега, би живееле како сиромав човек исполнет со нематеријални задоволства, или повеќе би биле богаташ, да купувате све што можете да замислите но без среќа? Или може има такви богаташи среќни?:kafe:

Цело време ја скокав темава со делузија дека насловот е на малку друг начин поставен.
Конкретно за ова прашање,нема апсолутно никаква дилема,бидејќи и одговорот е даден во прашањето.

И за тоа,нелогично е прашањето дали има "среќен богаташ без среќа".
Значи во овој случај дефинитивно првиот избор.
 
Не класифицирам по тој основ.

Не судам по истиот.

Де факто и Де јуре Ирелевантен е.

Отфрлени се и двете опции,бидејќи за мене такви не постојат,има само ЛУЃЕ кај кои не важи homo homini lupus est и оние...другите кои свеста ја сузбиле за сметка на егоизмот.

Сеедно СИТЕ ОПШТЕСТВОТО ГИ САКАААА:vozbud::pos2:
 
Со парите можеш ...
... да купиш куќа, но не и удобност; богами ако си сиромав ќе живееш во поудобна куќа...

... да купиш кревет, но не и сон; богами ако си сиромав ќе спиеш на дормео душек...

... да купиш часовник, но не и време; богами ако си сиромав ќе имаш доволно време за други побитни работи освен начинот на кој ќе дојдеш до некој денар за да го преживееш месецот...

... да купиш книга, но не и знаење; богами ако си сиромав ќе ја имаш можноста да знаеш што е добро а што е лошо, и ќе може да студираш каде и што ти посака душа, и да го стекнеш и надоградуваш знаењето...

... да купиш функција, но не и почит; богами ако си сиромав ќе имаш функција на директор и почитта на народен херој...

... да купиш доктор, но не и здравје; богами ако си сиромав нема да ти треба доктор и поради тоа што немаш денар в џеб нема да имаш никакви проблеми - нема да имаш нервози...

... да купиш душа, но не и живот; богами ако си сиромав ќе имаше душа после се и ќе се чуствуваше ЖИВ...

... да купиш секс, но не и љубов; богами ако си сиромав немаше да ти треба секс него сите ќе се сексаа со тебе ради љубов...
 
Подобро е да си среќен и да имаш некој внатрешен мир и сиромашен отколку да си богат и да те копка нешто во душата.
Финтата е што среќата не зависи толку од богатството, има сиромашни кои страдаат, има лудаци кои се одрекле од се материјално, живеат како бездомници но среќни се. Има богати ѕвезди кои ја изгубиле славата, па зимаат дрога и се во пеколот, има богати бизнисмени кои направиле пари, и среќни се што му мењаат пелени на внучето.
Полесно е со пари, но на крајот на краиштата се е до луѓето, дотичниот и луѓето околу него кои му го исполнуваат животот.

А која е разликата помеѓу тоа да живееш во илузија дека си среќен и да мислиш дека си среќен?

И како твојот пост директно го поврзуваш со темава?

Ми тргна денов за солење и биберуење памет, веројатно мислел на среќа предизвикана од нешто конкретно и привидна среќа од правење бајрам на памет. Е тоа се оценува на крај, кога не си веќе среќен, или може да го насети некој од страна. Али офтопик ...
 
Битно е човек да е продуховен, а духовноста не се отфрла. Богатството може, ако ептен не смета. Така да би избрал богаташ. :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom