Богат сиромав или сиромашен богаташ?

S

StereoLove

Гостин
Не е се во парите...не може се да се купи со тоа.
Што ке ти се сите пари ако немаш љубов?
Што ке ти се ако немаш здравје?
Се е џабе:toe:
Богаството ја имаме во душата,во срцето.
И да ги имам сите пари на светот зошто ке ми се ако го немам она потребното?
Подобро би била срекна но сиромашна отколку богата а без срека.
За пари ке се снајдам некако,ке работам:toe:
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Мислам дека помина тоа време кога среќата со пари не се купуваше...
Парата го врти светот...за мн работи кои би не правеле среќни се потребни пари...
Има и несрекни сиромашни и несрекни богати...
Нема љубов на овој свет...се е веке интерес...љубовта е првите години после...
Здравјето со пари не се купува...ма немој. Ако имам пари нема да чекам редици за едно снимање и побрзо ке ја откријам болеста. Ако имам пари сам ке си ја платам операцијата или третманот, нема да чекам од донации како што чекаат луѓе што немаат. Чекаат на милост и немилост на богатите.
Ако имам пари ке имам и пријатели меѓу мене од мојот слој, ок може ке живеат од интерес ама се зависи од човекот од неговиот карактер и од тоа како ти ке им се поставиш...
Значи како што Гладиус кажа, биди сиромав живеј дел од животот така да осетиш како е да се нема, потоа со свој труд стани материјално побогат. Дури тогаш ке цениш се што дал Господ на Земјава...Ке ја цениш и среката и несреката, и луѓето што имаат и луѓето што немаат.
Не значи дека сиромавите се паметни, ако биле паметни ке станеле материјално побогати...оти за да се збогатиш и да го одржуваш богатството ти треба памет...
Ама пак има и богати без памет, т.е на мама и тато детето :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Мислам дека помина тоа време кога среќата со пари не се купуваше...
Парата го врти светот...за мн работи кои би не правеле среќни се потребни пари...
Има и несрекни сиромашни и несрекни богати...
Нема љубов на овој свет...се е веке интерес...љубовта е првите години после...
Здравјето со пари не се купува...ма немој. Ако имам пари нема да чекам редици за едно снимање и побрзо ке ја откријам болеста. Ако имам пари сам ке си ја платам операцијата или третманот, нема да чекам од донации како што чекаат луѓе што немаат. Чекаат на милост и немилост на богатите.
Ако имам пари ке имам и пријатели меѓу мене од мојот слој, ок може ке живеат од интерес ама се зависи од човекот од неговиот карактер и од тоа како ти ке им се поставиш...
Види сега имаш љубов, спорт, соработка во многу области, пријателтво, блиска фамилија стави пари тука и на крајот нема ништо....
Во ред јас знам што се пари и за што служат, ама преголемо опсесивно внимание на пари ќе ти го растурат животот. И не, немаш пријатели другари ако се со тебе заради интерес, никој од нив нема рака во оган да стави заради тебе. Имаше една анкета што е тоа другар и одговорот од еден дечко беше да биде покрај мене и кога не сум во право, сега не во екстреми ама се знае што е што.
Е сега за операциите зарем мислиш дека таа е реална цена нивна? Не е, тие се направени да бидат прескапи затоа што човек и невозможното ќе го стори за да дојде до тие средства затоа што здравје е во прашање, на тие операции има мршојадци кои што се богатат и тоа е факт.


Парата не го врти светот туку природниот закон го врти светот околу својата оска.
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
^ Значи џабе ке се препукуваме си го кажав моето мислење, сите сакаме да се убедиме дека животот е розов и дека се е како што треба дека никој не страда, ама излези надвор и увери се дека кај што има сила нема правдина, а силата е во парите сега...може парите не го вртат светот, но му олеснуваат на светот да се врти...

А за тоа пријателите имаш право подруго мислев ама напишав така нема веза...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
^ Значи џабе ке се препукуваме си го кажав моето мислење, сите сакаме да се убедиме дека животот е розов и дека се е како што треба дека никој не страда, ама излези надвор и увери се дека кај што има сила нема правдина, а силата е во парите сега...може парите не го вртат светот, но му олеснуваат на светот да се врти...
Ти девојко немаш следено владина кампања досега знаењето е сила знаењето е моќ, пари во таа кампања не се спомнуваат :icon_lol:.
 
S

smart ass

Гостин
^ Значи џабе ке се препукуваме си го кажав моето мислење, сите сакаме да се убедиме дека животот е розов и дека се е како што треба дека никој не страда, ама излези надвор и увери се дека кај што има сила нема правдина, а силата е во парите сега...може парите не го вртат светот, но му олеснуваат на светот да се врти...

А за тоа пријателите имаш право подруго мислев ама напишав така нема веза...
Ехааа види бе велешани абе ДАМБАМ БЕТЕР ЕВРЕИ сте од оригиналните ЏУС....еве ти доказ...пред 5 години имаше крводарителска акција и јас и еден другар ојдовме и знаеш се створи ред...нормално.

И одненадеж организаторите кога на првиот кој даде рв му дадоа бројче му објаснија дека ќе има наградна игра и така бројчиња по бројчења ќе се влечат награди....и знаеш што...почнаа да се ТЕПААТ кој попрв бил на ред...чунки немаше доволно бројчиња...нејсе јас добив глинен сад за тавче гравче...ТВ не ми треба...а тие што се закачија у стилот на фми:pos2:

АЗЗ ШТЕ да ти казвам Има Институции...

Парите не го врти светот мила,обратно светот ги врти парите,а парите ги вртат само малоумните...овие прават ујдурми,дубари,превари уроти,пороти и така ШИТ ХЕПНС ОЛ Д ТАЈМ..КАПИШ???(туку тоа аватарот....ЗАКОН:)))

ти не ми оставаш таков впечаток:smir::back:

Парата не го врти светот туку природниот закон го врти светот околу својата оска.
:pos2::pos2:

АХАА колку те сакам тебе...тујј

Кој е тој природен закон.

И ако тој природен закон(треба да ми кажиш кој е) го врти Светот(широк поим) околу својата оска...тогаш сигурно истиот закон ги врти и парите Т.Е парите и Светот се движат околу својата оска на ротација по твојава логика???
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Богат сиромав или сиромашен богаташ?

И двете нешта се дел од еден екстрем, со кој се прави одредување на нивото на човек, кое треба да му биде како репер за духовниот мир. И едното и другото не се добри, посебно не во еден сегашен свет подреден на интезивното и стресно живеење, продуцирано од правилата што ги поставил капиталот. Само со нематеријално богатство не е доволно да се живее, заради тоа што правилата на животот се ригорозни извршители, кои не те оставаат мирно да му се препуштиш, користејќи го нематеријалното богатство како алат, со кој мирно ќе го обработуваш животот. Притисокот кој го наметнува денешниот живот, не принудува да вложиме многу енергија која треба да се искористи за да се дојде до материјално богатство кое ќе ни овозможи мирно да го поминеме времето до следниот први, за да можеме да уживаме во нематеријалното богатство. Така најубаво е да бидеш сиромашен богаташ барем некој ден во месецот, за да си обезбедиш триесетдневен раскош уживајќи како богат сиромав...
 

salome

Пали-Баба
Член од
8 март 2010
Мислења
46
Поени од реакции
2
Во идеален случај-богат материјлно а истовремено и продуховен.
 
Член од
10 август 2010
Мислења
183
Поени од реакции
7
Многу материјални работи што ги имам би ги заменила за малку повеќе среќа. Средината е најдобра, НЕ богат (не велам сиромашен, зборувам за некоја средина) и НЕ несреќен.
А ако морам да бирам меѓу две зла, тогаш би избрала сиромав богаташ.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
da ne se lazhime... PARITE mislam deka se najbitni... poarno vo pogolema kuka odkolku vo koliba... ne filozofirajte mnogu ne se zhivej samo od LJUBOV:smir:
 
?

..........

Гостин
Најбитно ми е да сум кул, луѓето околу мене да се добри и пријатни, секојдневието да ми биде надежно.
Материјалните добра да ми бидат доволни за секојдневни потреби, ни малку ни многу онака лајт... :)
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
На тие што немаат пари им фалат парите , а тие што имаат се би дале да ги немаат.
Најубаво беше како у комунизмот , средна класа на луѓе ....топ.
 
Член од
10 август 2010
Мислења
183
Поени од реакции
7
da ne se lazhime... PARITE mislam deka se najbitni... poarno vo pogolema kuka odkolku vo koliba... ne filozofirajte mnogu ne se zhivej samo od LJUBOV:smir:
Тоа што го немаме најмногу го посакуваме. Тие што почувствувале недостаток од пари сметаат дека парите се` се. Ти мислиш така, а некој ако има спротивно мислење не значи дека лаже. Што ти е помило: кога некоја личност што ти значи најмногу ќе ти се насмевне и ќе ти каже дека те сака или кога ќе ти даде пари?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom