Misery
30% off
- Член од
- 3 април 2011
- Мислења
- 1.598
- Поени од реакции
- 2.394
Може да ти се стимулира хормонот за раст, практично би требало да ти „помогне“ во растењето.Едно прашање. Имам 15 години и сакам да почнам да вежбам за гради, бицепс, трицепс, стомачни... Дали ако почнам да одам во теретана тоа ќе ми се одрази на растот или не? И што да вежбам дома (ако не одам во теретана)?
Сите ствари што некогаш некој ти ги кажал поврзани со тоа дека ќе останеш низок од теретана се митови, и единствената причина што оние што креваат големи килажи се ниски (powerlifterи, оние у теснана облека што се натпреваруваат у кој крева повеќе) е што ниските луѓе имаат предност во тој спорт.
Не е дека се ниски поради кревањето

Така да, комотно можеш да почнеш теретана, само обавезно правилно изведување на вежбите. И нозете никако не заборавај да ги вежбаш, една од најважните ствари ти се, особено за растење. Не се секирај нема да ти станат такви големи и дебели и напумпани, нит нозете нити било кој дел на телото, неможеш „случајно“ да претераш и да се направиш облак.
