Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Тренирам веќе некое време дома сите основни вежби ги правам,имам сет на тегови и се тоа е во ред поправен сум и се осеќам добро ради тоа но има еден проблем што ме мачи од порано. Бидејќи немам услови каде да ставам бенч клупа за гради правам разни склекови (нормални,широки,тесни) како и да е...

Осекам болка во грбот особено во долниот дел,кај кичмата поточно,порано одев на масажи кај еден физиотерапевт и болката ми исчезна меѓутоа еве сега пак ми прави проблем дали можеби лошо правам склекови или за друг некаков проблем станува збор ???
 
Тој дел ти е слаб и му треба работа.
Би ти препорачал да вежбаш хиперекстензија или мртво кревање.
Исто и да правиш згибови.
Премногу се фокусираш на една мускулна група,другите ги изоставаш,креираш дисбаланс.
 
Gregg Valentino is that you? :p
Gregg Valentino користе стереоиди

Еве го кога бил нормален на времето...

57.jpg

679303858.jpg
214d1040647310-gregg-valentino-scrap_standingrelaxed.jpg


Со стероиди :
211greg-1.jpg
 
Gregg Valentino користе стереоиди

Еве го кога бил нормален на времето...

57.jpg

679303858.jpg
214d1040647310-gregg-valentino-scrap_standingrelaxed.jpg


Со стероиди :
211greg-1.jpg
Па затоа и му кажа дали е Грег Валентино, да не има толкави раце па да сака да си ги смали. :)
 
Првите слики се со стероиди, вторите со синтол.
Мене не ми се верува дека на првите слики постигнал таква градба со стероиди, таква градба може да се постигне и со вежбање...

Значи природен бил се до 36 година. И на 13 години мислам дека почнал бодибилдинг така да не само да се зборе..
 
Последно уредено:
Може некој да помогне...?

Вежби за експлозивност ,појак удар ,издржливост? Не само за рака и за нога исто така.
Првин ако знаете некои вежби дома што може да се изведуваат. Со ластици ,вратило ,федери ,за нога со скок некои вежби...

А доколку би одел в теретана кои вежби би требало да ги вежбам ,кои справи ,никогаш не сум бил в теретана така да ни справите не ги знам.
Фала однапред.
 
Олимписки кревања.
Ниски повторувања до 5 максимални и со над 15 за да зголемиш експлозивноста.
 
Мене не ми се верува дека на првите слики постигнал таква градба со стероиди, таква градба може да се постигне и со вежбање...

Значи природен бил се до 36 година. И на 13 години мислам дека почнал бодибилдинг така да не само да се зборе..
Само со стероиди, НЕ. Исто како што е и НЕ за само со вежбање ;)
 
Имам едно прашање до поискусните вежбачи... Значи одам во теретана 1,5 година, вежбам дефиниција и кардио, е сега сакам да земам Разор8 ама страв ми е да не има негативни ефекти во комбинација со кардио тренингот. Имам 21 год и немам до сега земани никакви стимуланси, па ако знае некој нека ми одговори... Фала однапред ПОЗЗ
 
Моментално целта ми е да качам килажа внесувам од прилика од 3000 до 4000 калории дневно,прашањето ми е дали покрај волкав внес на калории можам да се ослободам од масните наслаги кај стомачните мускули особено долниот дел,вежбам по дома не идам во теретана 5 дена имам тренинг 1 ден кардио и 1 ден одмор инаку стомак вежбам пред спиење
 
Кога накачуваш килажа односно си во калориски сурплус неможеш да намалиш масни наслаги, само ако си во калориски дефицит ке ги намалиш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom