Извини за доцниот одговор, место во ПП одлучив моето мислење да го поставам тука да биде јавно отворено, за сите кои се заинтересирани да си направат вратило. (наместо да го пракам во ПП ако се појават повеке заинтересирани)
Неможам да ви одговорам на цената за материјали затоа не ме прашувајте, веке претходно ги имав дома, за фиксирање позејмив бетон од комшии (веке градеја нешто низ дома), пријателот што ми го завари го почастив некој денар.
Дијаметарот на сите шипки е 30мм, освен пречката означена со број 3.
Број 1 - Две Вертикални шипки
Број 2 - Една Хоризонтална шипка
Број 3- Две мали пречки (лево+десно) - за цврстина на шипката број 2.
Број 4 - Две Пречки 90 степени кои продолжуваат долу, за цврстина и стабилност (ке пратам исто слика од блиску)
Вратилото е кроено според мене, како го составив?
- Растојанието помегу шипките под број 1 - Застанав во средина ги раширив двете раце
но не под агол од 90 степени ( околу 65-70 степени)
- Растојанието помегу земјата и шипката број 2 - Застанав исто во средина ги кренав рацете во нормална положба
(значит не испружени скроз) додадов + 10 сантиметри висина, доволно колку да се одразиш од земја и да се фатиш.
Шипките под број 1 влегуваа уште 20цм во земја (бетон)
Пресекот под број 4 влегува уште 30 цм во земја (бетон)
Добиваш одлично вратило, на кое можи да работиш широк фат, тесен фат, стомачни ... без да му ја мислиш дали ке има цврстина или не како на тие купечките за по дома, 3 возрасни да се закачат на него нема да мрдни.
Ланската година го поминав со боја да го заштитам од корозија, но за време на вежбање кога ке ми се испотат рацете неможам да добијам добар фат/добар грип бидеќи се лизгам, планирам да купам Фластер од аптека и да ја поминам цела шипката број 2.