Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
А четврток, а недела исто е :)

чет, пет, саб, одмор, пон, вто, сре

Три дена тренинг, ден пауза така му е најдобро па дали е тоа во четврток дали во недела небитно. Зборот ми беше после тие три дена во четвртокот задолжително одмор еден ден.
 
Оде ли некој у атлета кај железничка ? шо услови имат и колку е членарина
 
Сите мускулни групи ги вежбаш два пати неделно? Ова е премногу.
Додај една вежба за задна ложа и рамото прави го во посебен дел. Ако после тренингот за нозе можеш да вежбаш рамо, не ти е тренингот за нозе доволно напорен. После нозе не треба да имаш сила за ништо. Стомачни?

Вежбај една мускулна група неделно со тоа што за разлика од сега, ќе додадеш повеќе вежби за секоја мускулна група одделно.


Цело лето ги вежбав мускулните партии по 2 пати, не е никаков проблем само треба да знаеш правилно да го подесиш интензитетот и волуменот на вежбање. Два пати неделно е идеална програма за да развиваш паралелено хипертрофија и сила наизменично во прв/втор тренинг. Само сметај дека не би требало со таква програма да имаш дополнителни исрпувачки обврски и средена исхрана и сон.
 
Не верував дека сеуште постојат дебили кои би газеле по својот национален идентиет, само за лични интереси и задоволување на ниски комплекси. Денес се уверив дека такви имам во своето опкружување. Дебили од кои ми се гади. Од нив, но и од оние кои ги поттикнале и подржале за таков избор.Она што е моја морална обврскаи задача да го направам, заштитувајки ја националната федерација и националниот пасош, го направив. Поднесов приговор на тоа да се злоупотреби пасошот и националниот иднетитет со цел да се бранат бои на друга држава под дуго знаме. Иако самите организатори ми рекоа дека не ми доликува да се спуштам на ниво на кое пријавениот натпреварувач веќе се спуштил, газејки го сопствениот идентитет, јас инсистирав да се сотане огранизациониот одбор и да одлучат дали ќе и се дозволи настап на натпреварот на криминален начин, поради тоа што постојат правила на пријавување на овој и сите меѓународни натпревари. Утре сабајле ќе добијам официјален одговор на моето реагирање.
Да се разбереме, немам ништо против никого, ничии желби и начин на живеење. Се работи само за заштита на националниот идентитет, кој на овој начин е згазен целосно и срамно. Ако некој сака да брани бои на друга држава, може слободно да си побара државјанство и тоа да го стори без никаков проблем. Но, да користиш МК пасош и иднетитет и да браниш и преставуваш други држави е најсрамното нешто за било кој. Без разлика на исходот утре наутро, ова не смее да помине не забележано и без санкции.
 

Шчо напраивме и до кај дојдовме...ццццц
незнам годинава што се засили нацева со арнолд класик, прво па машко али како што ми гледаат очи и последно што ја видов пред некоја недела не ми фаќа око дека е за на арнолд класик. Незнам која и е причината на девојката искрено за оваа постапка, а уште помалку изгледа размислува кои се последиците од тоа што го стори.
 
Зоки во конкуренција на 25 натпреварувачи не влезе во финалните топ 6.Уште се чека одлука за косовка девојка .Се обидуваат да најдат компромис ама ќе треба да си ги газат сопствените правила.
 
Косовка девојка не е влезена во финале помеѓу топ 6 .Другите не ги оценуваат , пирово појавување на сцена на старлетата од Косово .
 
Ќе сака некој да ми даде линк до некоја добра програма за маса? Барав, неможев да најдам...
 
Момци ај некој ако имате некоја книга во електронска форма или пак линк да ја симнам, начекав малку време па се расчитав за фитнес и бодибилдинг неколку книгички али неможам да најдам дополнително уште некоја за наредниве 2 недели.
--- надополнето: 13 октомври 2013 во 01:49 ---
Ќе сака некој да ми даде линк до некоја добра програма за маса? Барав, неможев да најдам...

Незнам до кој степен си али на своја кожа најдобро искуство за маса имам од МAX-OT
еве ти линкови да прочиташ нешто повеќе за неа, но внимателно бидејќи оваа е за вежбачи со поголемо искуство и ако не пазиш лесно може да стигнеш до повреда бидејќи се вежба со големи тежини и малку повторувања постојано. еве тука, тука, тука. Покрај мускулна маса со оваа доста се зголемува и силата, јас стигнав на неа до најголемите тежини што сум ги дигнал. Али биди спремен бидејќи особено на почетокот воспалувањето е неизбежно (барем јас поминав лошо во тој поглед и болно), добар одмор, храна и суплементација.
 
од десната страна е мојата рака а од другата каква што сакам да имам... што да направам и јас да имам толкава рака препорачајте ми вежби исто така и дебелината на прстите да биде тука некаде... цел дел на раката како што е обележано позз
 

Attachments

  • 485465_647678791911103_696168076_n.jpg
    485465_647678791911103_696168076_n.jpg
    86,3 KB · Прегледи: 69
од десната страна е мојата рака а од другата каква што сакам да имам... што да направам и јас да имам толкава рака препорачајте ми вежби исто така и дебелината на прстите да биде тука некаде... цел дел на раката како што е обележано позз

Кој е овој, татко ти? Молим те прашај го кои вежби ги прави за прстите, и јас сакам такви прсти да имам

Физичка работа друже и ќе ги имаш тие прсти, верувај дека не сакаш да ги имаш иако така мислиш сега. Од ко се знам за себе работам тешка физичка работа по неколку месеци и прстите ми задебелија доста, али не е баш убаво чувството. Инаку барај си вежби за подлактица ако сакаш таква (forearm) и физичка тешка работа, но си треба време. Поверлифтерите си такви џбитаци во рацете и прстите иначе, градежни и машински работници, водоводџии значи секаде каде постојано ги користат рацете за извршување на тешка физичка активност. Од притискање на дугмињата од тастатурата не растат така туку уште и се танчат :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom