Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Нема кој да го тепа Фил денес, едноставно е доминантен и без грешка. Ќе гледаме ист шампион трет пат по ред :)
 
Каи некако ко грамада ми е али сепак мое мислење Фил е далеку подобар, малку расипал естетиката годинава ко поголем да ми е и тоа доста али сепак е ВРВ.
Каи требаше да игра на картата како лани кога според мене излезе во феноменална форма, исчистен и естетски граден. Лани изгуби од Фил за само 1 поен, а оваа година Фил реално излзезе полош од лани така да Каи да беше во формата од лани 100% ја земаше титулата оваа година. Но за беља излезе бетер,заматен и премногу масивен, се разочарав од формата на Каи иако ми беше фаворит за оваа Мр.Олимпиа. Декстер извезе феноменално исчистен и тоа на 43 години, човекот е за респект.
 
Wolf беше во страшна форма годинава дури и подобар од каи бидејќи беше доста почист, катлер некако слабо се врати , бренч стандарден, Роден беше подобар од лани според мене, Rami требало да се исчисти уште малку али има потенцијал батката. Phil полош од лани, малку поголем али пак затоа естетиката ја имаше зезнато малку но сепак батката е награден со инзворедна генетика кога се родил :)
 
Arnold Classic Europe 2013, по трет пат годинава ќе се одржи во Мардид, Шпанија. Ова е европска верзија на настанот Arnold Sports Festival, кој се одржува од 1989 година. Иако нема, официјален првенствен карактер, тој преставува Втор по ранг натпревар во Светот, кога Бодибилдингот и Фитнесот се во прашање. Престижен натпревар на кој учествуваат докажани национални Шампиони со завидни успеси на меѓународно ниво. Годинава Македонија ќе има за првпат свои преставници на европското издание. ББФФМ доби три апликации за учество на овој настан, од кои две ги прифати а една одби со целосно мнозинство и одлука на УО на ББФФМ. Луѓето кои за првпат ќе ја преставуваат Македонија на овој престижен натпревар се докажани македонски шампиони кои во својата кариера имаат одлични меѓународни настапи и успеси. Tose Zafirov и Zoki Kolevski, се вистинскиот избор за Македонскиот Бодибилдинг во овој момент. Да им посакаме успех во нивните подготовки со цел најдобро да ја престават Македонија освојувајки го врвот на светот. Среќно батки.
tose 2.jpg
 
Очигледно не ги знаете политиките на Вајдеровци чим имате било каква надеж дека Каи некогаш ќе биде прв на листата.
 
Ова зависи од многу работи. Прво и осново ЦЕЛТА!!!!
Второ време на вежбање и искуство, возраст, здравствена состојба.
Друга работа зависи и каков тестостерон.
Темава не е за вакви работи и е забранета дискусија околу ова тука колку што се сеќавам така да од мене толку тука ;)
--- надополнето: 27 септември 2013 во 15:05 ---
http://www.muscleandstrength.com/tools/bench-press-calculator.html еве интересен калкулатор.

Fala!
 
шо цена се движат еднорачните тегови во гтц видов во еден дуќан не забележав како се викаше ?
 
Се прашувам дали се нормални да прават толку очигледни неправди на официјални турнири за Бодибилдинг... Оценете сами
Споредба на Тоше Зафиров (4то место) со првиот од неговата категорија, на турнирот во Словенија.
 
Не е лошо да се откажеме од овој спорт дури е уште време и дури не ни е напикана чивијата до крај. Неправедно судење направија судиите, жално е иако беше најдобар му дадоа 4место, али јбг живееме во македонија која државата не е ценета никаде а камоли спортот нејзин, така да нема потреба да се нервираме и мислиме зошто.
 
Предлог некој стимуланс за зголемена издржливост и "кондиција" при тренинг ...
 
Предлог некој стимуланс за зголемена издржливост и "кондиција" при тренинг ...

Зависи колку пари имаш, инаку Beta alanine ти брка работа за помал замор + комбинација со креатин монохидрат. Барем кај мене минатата година се покажа како добитна комбинација и бев доста задоволен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom