Не верував дека сеуште постојат дебили кои би газеле по својот национален идентиет, само за лични интереси и задоволување на ниски комплекси. Денес се уверив дека такви имам во своето опкружување. Дебили од кои ми се гади. Од нив, но и од оние кои ги поттикнале и подржале за таков избор.Она што е моја морална обврскаи задача да го направам, заштитувајки ја националната федерација и националниот пасош, го направив. Поднесов приговор на тоа да се злоупотреби пасошот и националниот иднетитет со цел да се бранат бои на друга држава под дуго знаме. Иако самите организатори ми рекоа дека не ми доликува да се спуштам на ниво на кое пријавениот натпреварувач веќе се спуштил, газејки го сопствениот идентитет, јас инсистирав да се сотане огранизациониот одбор и да одлучат дали ќе и се дозволи настап на натпреварот на криминален начин, поради тоа што постојат правила на пријавување на овој и сите меѓународни натпревари. Утре сабајле ќе добијам официјален одговор на моето реагирање.
Да се разбереме, немам ништо против никого, ничии желби и начин на живеење. Се работи само за заштита на националниот идентитет, кој на овој начин е згазен целосно и срамно. Ако некој сака да брани бои на друга држава, може слободно да си побара државјанство и тоа да го стори без никаков проблем. Но, да користиш МК пасош и иднетитет и да браниш и преставуваш други држави е најсрамното нешто за било кој. Без разлика на исходот утре наутро, ова не смее да помине не забележано и без санкции.