Здраво, имам голем проблем со вежбање на вратило.Почнав грб да вежбам со вратило по дома пред 3 месеци,претходно во теретана имам вежбано на справи само не на вратило.Ми се јавија големи болки во зглобовите и коските кај подлактицата.Прво мислев дека е пошто неможев ни 2 пати да направам правилен pull up.Сега правам по 6 во серија но болката е неподнослива во зглобовите и ради тоа неможам да продолжам да се кревам и се пуштам,од кога ке престанам да вежбам ми поминува болката по 5 минути.Повреда сум немал никогаш а не сум ни тежок многу 85 кила 190 висина.Доколку имал некој сличен проблем нека пише фала
Дечко, слушај сеа! Проблемот ти е во тетивата што го поврзува мускулот со коската. Прво, си правел повеќе повторувања отколку што реално можеш (и почесто си вежбал отколку што реално можеш)
Второ најверојатно имаш лоша позиција на зглобот при извршувањето на вежбата. („лоша„ за тебе, не е „лоша„ ако посебно го нагласува ш тој дел во вежбањето, али тоа е advanced, сепак мислам дека ти си утнал нешо)
Трето можно е да имаш слаба подлактица (и пошто вежбата е тешка, телото ти компензира од лакти, особено ако имаш лоша положба на лактите!)
Тука гаѓам сеа пошто не можам да знам со гаранција, али што и да е, прво мора да најдеш што го предизвикало и да го смениш, пошто цело време ќе ти се јавува и џабе ти е лечење..
Сега ти поминува за 5 минути болката пошто е почетен стадиум и имаш само мало оштетување. Али ако продолжиш со исто темпо, ти гарантирам дека ќе доведе до потешка повреда.
Ако не прекинеш со вежбање и не направиш одмор најмалку 2 до 3 недели целосен и не се враќаш постепено назад до нивото што си бил каде што ти се појавила болкат, можно е целосно кинење а со тоа setback од 6 месеци и повеќе.
Значи, ОДМА паузирај со вежбање. Консултирај се со доктор кој претходно лечел ова (не оди кај било кој доктор...ако се доктори, сум слушал многу глупи совети за ова). Не може никој да биеде сигурен од нет што имаш ти, али мислам дека е ова што ти го кажувам..
Можам да ти кажам мене што ми помогна:
1 одмор
2 лед на местото (5 минути, неколку пати на ден)
3 разни истегнувања на сите околни мускули
4 одмор
Одморот е најбитен. Секогаш кога ќе почувствуваш болка на местото, вратен си на почеток и цело време го одлагаш лечењето. (Затоа кај некои дечки ова трае со месеци, заради дисциплината - не можат да прекинат со вежбање)
Али за обично вежбање на вратило, не треба да трпиш болки вакви..
И пошо тука некој се најде паметен и искоментира као дека било „до шипките„ ... везе нема дечкото, ова нарушување може да се јави на СЕКОЈА вежба а и не мора да е вежба, може да е и било која активност што се повторува (повеќе од што можеем да издржиме)
И нешо битно: на кој не му е омилена вежба вратило, не го бива за нишо

) Така имаат речено скоро сите ѕверови низ историјата, така да размислете со мозочето пред да кажувате глупости за „вежбање на шипки„