Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво, имам голем проблем со вежбање на вратило.Почнав грб да вежбам со вратило по дома пред 3 месеци,претходно во теретана имам вежбано на справи само не на вратило.Ми се јавија големи болки во зглобовите и коските кај подлактицата.Прво мислев дека е пошто неможев ни 2 пати да направам правилен pull up.Сега правам по 6 во серија но болката е неподнослива во зглобовите и ради тоа неможам да продолжам да се кревам и се пуштам,од кога ке престанам да вежбам ми поминува болката по 5 минути.Повреда сум немал никогаш а не сум ни тежок многу 85 кила 190 висина.Доколку имал некој сличен проблем нека пише фала

http://www.building-body.com/teniski-lakat.html да не има врска ова??
 
Колку се добри трбушњаци (стомачни) и склекови за враќање на форма после зимскиот сон? Правам сега засега по 100 стомачни на ден (2х50) и 20 склекови (2х10). Искрено кажано едвај издржувам и планирам да намалам малце. Па некоја препорука би била добра од поискусни.
Пријателе, нема помалку од ова, држи вака додека не ти станат лесни, па праи по 50 склекови, па по 100, па по 500, па по 1000. Искрено со 20 склека и 100 стомачни, неможеш ни да се испотиш, џабе ќе валкаш опрема :)
--- надополнето: 12 април 2013 во 00:58 ---
Салмонела така се нарекува бактеријата на цревата се добива со конзумирање на незготвена храна јајца и месо но може да се добие и преку водата. Не е видливо за око кое јајце е заразно од оваа бактерија така да најдобро ти е да си ги чуваш во фрижидер и да ги вариш, а не да ги конзумираш живи.
Можиш да го замениш оброкот за пред тренинг со некој друг оброк, јади 1ч:30м - 2ч пред тренинг обрни внимание да имаш поголем внес на јаглехидрати а помал на протеини нормално и масти
А дали има опасност од салмонела и пиејки живи јајца од јапонска препелица, зашто главната придобивка од јајцата од препелица е да се пијат живи, барем јас така знам. Или се лажам? Ми треба одговор, пошто јас секое сабајле бутам по 3 јаца во шејкот
 
--- надополнето: 11 април 2013 во 23:20 ---

Мислам дека немаш потреба од толку ниско ниво на калории за чистење (1300кал) така да зголеми го внесот, додај уште 50-100гр ЈХ за да добиеш повеќе енергија. Исто води сметка дека во програмата вежби не се изведуваат до неможност (освен последните) туку прекинуваш пред да достигнеш максимум. Пример правиш 8 повторувања бенч и престануваш иако можеш 10 со таа тежина. На тој начин ќе осигураш дека целиот тренинг ќе го изгураш без да доживееш краш.
Краток ми е периодот затоа се стегам до толку, замастен сум доста а имам време до средината на јуни. Плус при крајот на месецов и цел мај имам премногу за учење така да ќе мора да ги прекинам двојните тренинзи после празникот и да терам со малку кардио макс 30мин и 1 саат тежински.
Инаку прво бев стигнат до солидни тежини да дигам, 100ка на бенч, 80 лат машина, смит за рамо 90кг, али сега слабо гориво и слабо оди и тренингот за една недела паднав на 75кг на бенч, 65 на лат, 70 кг на смит за рамо. Чучањ прво со 120кг сега сум само на 90кг, преса за нозе макс предходно 280кг сега едвај 210 ги турнав, мртво прво со 140кг сега едвај со 100ка 5 повторувања. Многу отидов ниско со силата плус и поднастинав ми падна имунитетот и сум симнат 2ипол кила од како почнав на оваа исхрана за недела една бев 81 и пол прво.
 
А зошто мора толку да се замастувате!? Се правите свињи преку зима, ставате +10 кила сало и после мора маки да мачите за да дојдете до посакуваната форма... Мора ли толку замастување? Ова го прашувам пошто стварно не ми е јасно, почетник сум и ме интересира каква улога има булкот, какви придобивки? Едноставно, ако гледаш дека премногу си се замастил, намали на исхрана малку, наместо 6 оброци, внеси 5. Одма кинеш 500-600 калории. Со тоа само ќе си го олесниш малку животот за понатаму.
Гледате и сами, чистењето не е баш наједноставно. Губите и на сила, и нерви...
 
Кога пијам гејнер навечер, може после него да јадам нешто (туна, белки, салата) или мора да ми биде како последен "оброк" гејнерот? Сакам да го пијам накај 11, кај 12 да јадам и кај 1 да си легнам, зашто ако го пијам пред спиење (450 мл течност) ќе станам на сред вечер за мочање. Совет?

Не разбирам, зошто да се натрупаш со толку калории неколку часа пред спиење?

Не ти одговара повеќе гејнерот да го преместиш кога ќе се разбудиш, и по тренингот - што би било повеќе ефективно?
 
Здраво, имам голем проблем со вежбање на вратило.Почнав грб да вежбам со вратило по дома пред 3 месеци,претходно во теретана имам вежбано на справи само не на вратило.Ми се јавија големи болки во зглобовите и коските кај подлактицата.Прво мислев дека е пошто неможев ни 2 пати да направам правилен pull up.Сега правам по 6 во серија но болката е неподнослива во зглобовите и ради тоа неможам да продолжам да се кревам и се пуштам,од кога ке престанам да вежбам ми поминува болката по 5 минути.Повреда сум немал никогаш а не сум ни тежок многу 85 кила 190 висина.Доколку имал некој сличен проблем нека пише фала

Земи глукозамин од аптека. Ако болката е многу голема престани да вежбаш додека да помине. Во спротивно болката ќе се зголеми повеќе.
 
А зошто мора толку да се замастувате!? Се правите свињи преку зима, ставате +10 кила сало и после мора маки да мачите за да дојдете до посакуваната форма... Мора ли толку замастување? Ова го прашувам пошто стварно не ми е јасно, почетник сум и ме интересира каква улога има булкот, какви придобивки? Едноставно, ако гледаш дека премногу си се замастил, намали на исхрана малку, наместо 6 оброци, внеси 5. Одма кинеш 500-600 калории. Со тоа само ќе си го олесниш малку животот за понатаму.
Гледате и сами, чистењето не е баш наједноставно. Губите и на сила, и нерви...
Имаше други причини за замастувањето имав проблеми и правев пауза еден период, нервози а исхраната јадев што ќе стигнам не внимавав на ништо и дојдов до тоа ниво :(
Инаку повеќе од јасно ми е колку е лесно чистењето пред 16 месеци бев над 100 кила и не вежбав ништо, па стигнав до ниво на 12% телесни масти и ми се поремети се последните неколку месеци.
 
IgorGunner А дали има опасност од салмонела и пиејки живи јајца од јапонска препелица, зашто главната придобивка од јајцата од препелица е да се пијат живи, барем јас така знам. Или се лажам? Ми треба одговор, пошто јас секое сабајле бутам по 3 јаца во шејкот[/quote]

Немам доволно информации за јајца од јапонска препелица знам многу малце па затоа ке се воздржам од коментирање, нека објаснат друите членови ако знаат.
 
Здраво, пијам протеин (елит од калифит) и некако почна да ми се дуе стомакот, дали имал некој сличен проблем? .:(
 
На колку недели правите недела пауза, сега баш си спремам нова програма за вежбање и незнам дали да биде:

6 вежбање + 1 одмор

или

5 вежбање + 1 одмор

Вежбам пон, вто, сре, пет, саб. 3 тежински, 2 кардио, 2 одмор неделно.

Пишете совет да не е многу долго 5-6 недели без пауза.
 
Здраво, пијам протеин (елит од калифит) и некако почна да ми се дуе стомакот, дали имал некој сличен проблем? .:(
вчера купив и јас елит од калифит и мене ми се дуе стомакот, претходно имам пиено елит без никакви проблеми
 
На колку недели правите недела пауза, сега баш си спремам нова програма за вежбање и незнам дали да биде:

6 вежбање + 1 одмор

или

5 вежбање + 1 одмор

Вежбам пон, вто, сре, пет, саб. 3 тежински, 2 кардио, 2 одмор неделно.

Пишете совет да не е многу долго 5-6 недели без пауза.

Не ти треба пауза, прави DELOAD недела. Ги преполовуваш сите тежини со кои вежбаш а правиш ист број повторувања. Пример место 80кг на бенч со 8 репетиции правиш 40кг со 8 репетиии и прекинуваш иако можеш уште. Истото примени го за секоја вежба.
 
На колку недели ја правиш deload неделата?
 
Има ли шанси да се најде негде поевтино гејнер ? стрикно мислам за QuickMass од 4,5 кг...4400 денари е како што гледам во напумпај се...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom