S
Stef Bachatero
Гостин
На крај од видеото.Јас не јадам риба затоа што е скапа и не ми се исплаќа.Омега 3 добивам од ленено семе.Има и во масло од репката и маслиново масло не ми треба премногу.1 грам маснотии на секој кг.Супер ама не спомна нигде овошје и зеленчук, исто и риба, компир..
За почеток почни да одиш редовно на тренинг, па многу работи ќе ти станат јасни. Храната горе доле во видеото погоре е кажана, што посирова тоа подобро, избегавај џанк фуд, мрсно, зачини.. Иако пошто викаш дека немаш проблеми со дебелина, можеш и да јадеш по опуштено, еве јас на пример многу често јадам мајонез и сувомеснати, па немам проблем. За повеќе прашај во темата за исхрана, да не одиме офтопик.
За тренинг, основно правило е дека мускулите растат додека се одмараат, значи иста мускулна група се вежба преку еден ден, никако секој ден. Ако сакаш вежби за дефиниција, дигај помали тежини а прави повеќе повторувања (пример 12-15). Стандардна шема за почетници е 3 пати неделно, понеделник гради и трицепс, среда грб и бицепс, петок нозе и рамо. Суплементи не би ти препорачал на почеток, вежбај прво бар еден месец дур да осетиш што-како, после можеш да почнеш да експериментираш со вежби, исхрана итн..

