Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Супер ама не спомна нигде овошје и зеленчук, исто и риба, компир..

За почеток почни да одиш редовно на тренинг, па многу работи ќе ти станат јасни. Храната горе доле во видеото погоре е кажана, што посирова тоа подобро, избегавај џанк фуд, мрсно, зачини.. Иако пошто викаш дека немаш проблеми со дебелина, можеш и да јадеш по опуштено, еве јас на пример многу често јадам мајонез и сувомеснати, па немам проблем. За повеќе прашај во темата за исхрана, да не одиме офтопик.

За тренинг, основно правило е дека мускулите растат додека се одмараат, значи иста мускулна група се вежба преку еден ден, никако секој ден. Ако сакаш вежби за дефиниција, дигај помали тежини а прави повеќе повторувања (пример 12-15). Стандардна шема за почетници е 3 пати неделно, понеделник гради и трицепс, среда грб и бицепс, петок нозе и рамо. Суплементи не би ти препорачал на почеток, вежбај прво бар еден месец дур да осетиш што-како, после можеш да почнеш да експериментираш со вежби, исхрана итн..
На крај од видеото.Јас не јадам риба затоа што е скапа и не ми се исплаќа.Омега 3 добивам од ленено семе.Има и во масло од репката и маслиново масло не ми треба премногу.1 грам маснотии на секој кг.
 
Значи вака.

Ми треба помош околу купување на додаток на исхрана.Вежбам активно некои 9-10 месеци,се хранам здраво,спијам доволно и во добра кондициона форма сум.Имав 15 кг вишок и лоша дефиниција а сега имам само 3-4 кг вишок и колку толку подобра дефиниција.Проблемот е во тоа што како ја губам килажата рацете и телото ми се оформува но ми губи премногу маса.Како што сам приметив и што прочитав викаат дека тоа е поради тоа што симнувам килажа и било нормално да губам и мускул.

Е сега вие како поискусни да ми кажете што да си купам за да ги симнам тие 3-4 кг и да се издефинирам уште подобро.Не би било проблем и вагата ако ги покажува тие 3-4 кг па и да бидат повеќе ако изгледам подобро.Ве молам неколку души да ми одговорат и да ми дадат што да купам со линкови од производите,никогаш не сум купувал вакви работи и не сум многу запознаен.

Фала однапред.
Вака сеа,јас го имав истиот проблем како тебе па си прашав и ми кажаа дека ке си го имам проблемов ако не зеам нешто....Според мене земи си протеин за почеток веј чист околу месец,а после месец дена комбинирај веј и амино...Кога ке дојде пролет истава комбинација плус глутамин и л-карнитин...Кардио со секој тренинг барем 30 минути и ке си ги видиш резултатите....Не сум кој знае колку стручен си има луѓе што си разбираат ама барем мене ова ми делува....
 
Значи вака.

Ми треба помош околу купување на додаток на исхрана.Вежбам активно некои 9-10 месеци,се хранам здраво,спијам доволно и во добра кондициона форма сум.Имав 15 кг вишок и лоша дефиниција а сега имам само 3-4 кг вишок и колку толку подобра дефиниција.Проблемот е во тоа што како ја губам килажата рацете и телото ми се оформува но ми губи премногу маса.Како што сам приметив и што прочитав викаат дека тоа е поради тоа што симнувам килажа и било нормално да губам и мускул.

Е сега вие како поискусни да ми кажете што да си купам за да ги симнам тие 3-4 кг и да се издефинирам уште подобро.Не би било проблем и вагата ако ги покажува тие 3-4 кг па и да бидат повеќе ако изгледам подобро.Ве молам неколку души да ми одговорат и да ми дадат што да купам со линкови од производите,никогаш не сум купувал вакви работи и не сум многу запознаен.

Фала однапред.
Вака сега топач во никој случај да не земаш јас имам земано то е „лажи пари“. Единствено за да се издефинираш подобро и да ги симниш тие 3-4 кг а да не изгубиш премногу маса високопротеинска диета, намали јх, + зголеми на кафе од кофеинот ќе имаш повеќе сила, пиј повеќе вода земи си БЦА и внимавај да бидеш како што ти кажаа 500 калории помалку од нормален дневен внес. Комбинирај тежински со повеќе повторувања а помала тежина + кардио Мора да изгубиш маса додека си на чистење!!!! мене рацете ми се на пола во однос на предходно.
Прво размисли дали сакаш да ги скиниш тие кг сега или напролет дали ти е потребно сега или кога си стигнал на тоа ниво да имаш уште толку вишок оди на варијантата да крениш маса но со внимавање на калориски внес, со тоа ќе зголемиш на мускулна маса а ќе бидеш на сличен процент на телесно масти со што кога ќе решиш да се чистиш ќе ти оди чистењето побрзо и земи додаток да кренеш маса (јас сум со намера Horse Power да земам). Поздрав
 
Значи, незнам како одредени луѓе во сам старт на своите постови, пишувајки за проблемите кои ги имаат, доаѓаат така лесно до одредување на тоа колку килограми имаат вишок?! Или уште колку недостасува да симнат за да изгледаат како што посакуваат.
Ај, што за овие сум сигурен дека се почетници, за оние кои имаат и те какво искуство пак не ми е јасно како без да видат како изгледа индивидуата, без вистински да се запознаат со неа (стаж, изглед, начин на исхрана и тренинг) на вакви молби лесно доаѓаат до препишување на вистински решенија за нивните проблеми.
 
На институтот за физиологија пуштен е во употреба нов апарат, сличен е како вага со електроди за рацете и прави детална анализа на телото со претходно внесени параметри. Доста е точно и мислам дека само 2-3 апарати како тој ги имаме на просторов. Добро е да си отидете да направите една анализа чисто за вие да си знаете до кај сте. Лесно е само со претходно закажување на телефон. Поззз
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mj
Здраво дечки. Ова ќе биде веројатно првиот пат да се појавам во овој подфорум :)
Значи... решив да влезам во форма, па ќе бидат корисни вашите совети и искуства.
Ко за почеток ќе користам тоа што ми е при рака: дома имам орбитрек, total gym 1000 и тегчиња...
Сакам малку барем да зацврснам па после да се зачленам во теретана и да дигам поголема тежина и да научам повеќе за правилна исхрана итн....
Сега имам 95 кг и 193 цм висина. Целите ми се да добијам повеќе мускулна маса и да намалам масно ткиво, да добијам навика за вежбање и знаење... за да можам да изгледам релативно привлечно и истовремено да ја продолжам таа навика во текот на животот за да одржувам кондиција и добра здравствена состојба.

Кои совети би ги дале на тотален почетник? На што треба да внимавам?
Ми треба повеќе помош во поглед на исхраната. Што да јадам повеќе, што помалку... дали да исфрлам некои работи тотално... можда благи или мрсно (брза храна)...
Кое време во денот е добро за вежбање? Сум слушнал дека за аеробични вежби е добро време насабалје, а за анеробични навечер... Дали е ова точно?
Исто така, што правите да одржите мотивација?
 
Значи само разлистај наназад X број на страни и ќе ти се објаснат 80% од стварите.
Рестото 20% по своите теми, има посебна за исхрана, посебна за мотивација, посебна за теретани...итн.

Првин направи го ова па ако нешто не ти е јасно, тогаш прашај.

http://forum.kajgana.com/threads/Се-што-треба-да-знае-еден-почетник.62103/
 
Мала замерка до модераторите, се креира цел подфорум за бодибилдинг и пак целата дискусија ја концентрирате на оваа тема и таа за исхрана, спојувате теми во оваа и таа другата за исхрана (пример само: таа што ја имав отворено за диета од 1500 калории и слични).

Како резултат на тоа имаме тема од 650 и кусур страни во која никој неможе да се снајде и да најде тоа што му треба, сигурно да ја разлистаме темава преку 100 пати е објаснета една иста работа што не би било случај ако постоеа посебни теми за секој проблем и прашање а на оваа тема само ќе се насочуваа членовите во која тема да бараат решение.

Сигурно сте членови и на специјализирани форуми за ББ, чисто разгледајте како течат дискусиите таму и како се организирани
 
Според мене треба една заклучена тема поставена како важна која ќе има само ЕДЕН пост во кој ќе објаснува како почетник да искалкулира се шо му треба, од исхрана до вежби, од планови до суплементација. Нешто како гајдлајн за секој почетник за да не спамираат на темиве вака. После коа ќе стане поискусен и сам ќе сфати што треба и ќе го заинтересираат по напредни теми - е тогаш доаѓаат овие теми у игра.
 
http://rippedin3months.com/

Промена за 90 дена..можно ли е ?

Промена за три месеци е можна, но не таква каква што е поставена на сликите. Таква промена кај почетници во старт е моѓна за три години, со саглам инвензтиција. Или кај некој кој има години на вежбачки стач, и направил пауза одреден временски период, па за три месеци да се врати во форма. Но, од почеток до тоа, никако.
 
http://rippedin3months.com/

Промена за 90 дена..можно ли е ?

Таква промена зависи од некои предетерминирани фактори, како моментална физичка состојба, генетика, но пред се мускулна меморија. Тој тип веќе е во солидна физичка состојба и на првата слика, се гледа дека не е некој запуштен. Колку што прочитав вика дека ја имал комплетирано веќе првата P90X програма, па прекинал да вежба. Сега само се издефинирал и накачил на маса, што е можно да се направи за 3 месеци, поготово со ригорозен тренинг и исхрана каква што има P90X2.
 
http://rippedin3months.com/

Промена за 90 дена..можно ли е ?
сигурно зел CellTech и качил 10 кг мускул :D

Сериозно и јас се слагам со претходните коментари. Ако претходно има вежбачки стаж можно е. Средена исхрана, суплементација, плус веројатно десната слика е сликана на топло а левата на ладно и тоа е.
 
Ајде ако има некој линк од цела програма P90X нека ми прати линк за downloadпо ПП.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom