Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
[video]http://www.break.com/index/bicep-curl-fail-2059969[/video]

Малце да се насмееме :)
 
Јас кога го пиев ми беше кажано дека се пие само во денови на тренинг, во денови кога немаш тренинг се зема една лажичка насабајле, а друга 12 часа покасно.
Ама ако веќе одиш до GetReady да го купиш сигурен сум дека таму ќе те информираат подобро.

Општо околу тој креатин многу пати е спомнато во темава (за монохидратот)
Еве ти пост од Gjoroski, што тој вели за креатинот. Прочитај го внимателно.

Овдека имаш буквално се за мускулните групи и како се изведуваат вежби за истите.

Фала многу,за информацијата.
Само уште нешто,со што се комбинира овој креатин??
 
Фала многу,за информацијата.
Само уште нешто,со што се комбинира овој креатин??

Зависи на какво комбинирање мислиш.
Во времетраењето додека го пиеш креатинот можеш да внесуваш што сакаш (освен алкохол, и се што содржи кофеин: кафе,редбул итн.)
А за подобар резултат од креатинот, комбинирај го со декстроза додека го пиеш.
Декстрозата е шеќер добиен од пченка, и не е воопшто скап да се купи.
 
Едно прашање, за аматери +45 ако не ви е тешко.
Одмарав пола година главно ради повреда кај препони и лошо изместување на рамо. Претходно правев кардио точак 12-15 минути па една м. група па кардио лента 10-12 минути и немав посериозни проблеми со кондицијата. Сега правам 2 групи и не можам кардио да заокружам ни на 5 минути, немам сила. Дали не е лошо да земам грст суво грозје или слично пред кардиото? Или банана, маџун. Некој таков совет за нешто да ми покачи енергија за уште 15 тина минути.
Од додатоци користам само веј изолат.
 
Не заслужуваш одговор зошто премногy си напет, но чисто за другите да не се водат по твоево мислење.
[/url]

ок ако сум премногу напет немора да дискутирам и недај боже да се водат другите по мое мислење... у секој случај "Ignorance is bliss"

--- надополнето ---

Едно прашање, за аматери +45 ако не ви е тешко.
Одмарав пола година главно ради повреда кај препони и лошо изместување на рамо. Претходно правев кардио точак 12-15 минути па една м. група па кардио лента 10-12 минути и немав посериозни проблеми со кондицијата. Сега правам 2 групи и не можам кардио да заокружам ни на 5 минути, немам сила. Дали не е лошо да земам грст суво грозје или слично пред кардиото? Или банана, маџун. Некој таков совет за нешто да ми покачи енергија за уште 15 тина минути.
Од додатоци користам само веј изолат.
'

не лошо туку напротив, мора да земеш шекери пред тренинг,,. ништо чудно што си немал сила, си можел да се онесвестиш , кола без бензин не вози :)

--- надополнето ---

ајде за посериозните спортисти , упознајте се со ТАБАТА методот - најдобриот и најтшкиот интервалски тренинг , 4 минути пекол :)

неам време сеа да пишувам , разгледајте го постот и ако имате кондиција и ако сте спремни , пробајте го! бенефиции: топење сало , добивање кондиција, експлозивност, зголемување на VO2 max ...

http://www.t-nation.com/free_online...nce/six_new_tabata_workouts_for_fast_fat_loss

само ве предупредувам , не е за секого :)
 
Некој да ми даде линкче за правилна исхрана, со сите битни работи, како и табела за калории, ако е на мак ќе биде супер али може и на англиски.
 
Некој да ми даде линкче за правилна исхрана, со сите битни работи, како и табела за калории, ако е на мак ќе биде супер али може и на англиски.

ако идеш у теретана треба таму да ти дадат
 
Ај да видиме нешто за сериите некако чидно али никој нема прашано или напишано. Еве јас да прашам, јас вежбам вака за одделните групи на мускули.

Бицепс - 8 серии
Трицепс - 10 серии
Рамо - 12 серии
Гради - 14 серии
Грб - 16 серии
Нозе - 20 серии

Кое е вашето мислење, ок ли е вака треба ли негде да додадам или да одземам пишете кој е вашиот број на серии за одделни мускулни групи.
 
Барам по ова темиве не можам да најдам некоја која ми е соодветна за прашањево па ајде да си ја пробам среќата овде.
Сакам да почнам да возам ролери, ем за кондиција, ем за да симнам некое кило. Е сега ме интересира колкава минутажа е доволна за да се постигне тој ефект, со напомена дека одамна немам возено ролери макар што на времето цепав и тоа доста километража со нив. Значи со колкава минутажа да започнам?
 
Иако не сум упатен многу во тој свет, но според кардио тренинзите важи правилото... додека не се испотиш убаво :)
Но за почеток, почни со кратки релации и краток временски пероид (10 минути), па како што течат деновите зголемувај го времето.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom