Зависи од целта и времето кое го имаш пред тренинг. Ако имаш 2 часа, најади се. Е сега тоа добро, значи оброк како што треба. Ако немаш толку време, не е препорачано да се најадеш и со полн стомак да почнеш да вежбаш. Во тој случај, одличен протеински додаток или бцаа+глутамин, ќе бидат сосема доволно за да направиш одличен тренинг, а притоа да сочуваш мускули.
Првиот оброк е од огромно значење, затоа внимавај да не заминеш на тренинг гладен како куче. Дури и во период кога имате за цел намалување на телесна тежина, убаво ќе дојде соодветен додаток на амино пред тренинг.