Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Од бодибилдинг модел да станеш тешко дека ќе живееш, или ќе станеш тренер и ќе земаш пари од услуга или ќе продаваш суплементи.
Само што го опиша својот сон...
 
Ете пример победиш на натпревар во одредена категорија, па се спремаш за друг натпревар, вежбаш, работиш на тоа, го сакаш тоа од се срце, те исполнува секој момент од исхрана, тренинзи па се до натпревари, како од тоа да просперираш, пошто на пример да речеме млад си 20-21 год. те издржуваат твоите, како да успееш, како да им докажеш на твоите дека тоа е тоа што ти сакаш да го правиш цел живот, дека тоа те исполнува, дека не сакаш да бидеш доктор, полицаец или слично, дека не сакаш да ти пропадне тоа што те исполнува?
Докажувањето е најзаебано. Еве ја на пример никако не можам да и докажам на мајка ми дека протеините не се штетни доколку правилно ги консумираш. Не, озбилно, како се справувате во вакви ситуации? И некој совет. Ми се смачи веќе скришно да ги пијам :icon_mrgr:
 
Знаев дека нив и ќе ги кажете иако очекував многу по друг одговор од вас, туку тешкото иде за некое време кога ќе треба на моите да им кажам од што ќе просперирам за дa продолжам да го правам тоа што го сакам.

Јас имав помалку од 20 години кога почнав да заработувам од овој спорт, во тоа време раководејки со теретана под кирија. Татко ми и тогаш не ме свати сериозно, дека со овој спорт човек може да заработува и живее од него, иако гледаше дека син му не бараше пари за излегување, а имаше за викенди во Охрид и сл.
 
Браво сте успеале на некој начин и сте продолжиле да го правите тоа што го сакате и од тоа да просперирате значи, тоа е и поентата на животот. Ќе морам да мислам некоја идеја, некој план, како да успеам во тоа, пошто за една-две години ќе нема кој да ме издржува.
 
Не ги разбирам овие, т.н. сајтови за природен бодибилдинг, а поготово натпреварите од таков тип.
 
Па баш за тие натпревари у природен бодибилдинг овде е кажано зошто се уствари лажни природни натпревари..Не е работата да се исмеваат и омаложуваат атлетите кои користат стероиди секој си има право сам да си го избере патот. Но 99 проценти од ББ ѕвездите на интернет лажат дека се природни и го ставаат народот у заблуда, притоа заработувајки пари со лаги и дезинформации.
 
да не знае некoј кај мoзе да се набават или направат синџири и кoлку се oтприлика?:?
 
да не знае некoј кај мoзе да се набават или направат синџири и кoлку се oтприлика?:?
Во сите железари имаш синџири, зависи шо дебелина и должина сакаш, цените се движат од 45 денари за 1 метро па нагоре.
 
Во сите железари имаш синџири, зависи шо дебелина и должина сакаш, цените се движат од 45 денари за 1 метро па нагоре.
фала , а мoже да ми препoрачаш некoја заштo не знам ни една :)
 
дали од сабајле кога ќе одам во теретана пред да одам треба да се најадам добро ??
 
дали од сабајле кога ќе одам во теретана пред да одам треба да се најадам добро ??
Зависи од целта и времето кое го имаш пред тренинг. Ако имаш 2 часа, најади се. Е сега тоа добро, значи оброк како што треба. Ако немаш толку време, не е препорачано да се најадеш и со полн стомак да почнеш да вежбаш. Во тој случај, одличен протеински додаток или бцаа+глутамин, ќе бидат сосема доволно за да направиш одличен тренинг, а притоа да сочуваш мускули.
Првиот оброк е од огромно значење, затоа внимавај да не заминеш на тренинг гладен како куче. Дури и во период кога имате за цел намалување на телесна тежина, убаво ќе дојде соодветен додаток на амино пред тренинг.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom