Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
не сум луд да земам стероиди...:smir: изгледа ми е од Анимал Стакот или од Креатнот а може и од протеинчето да ми е ... не е битно ,земав од аптека продукти за да ги исчистам ...

епа ок :smir: бидејќи најчесто и најмногу излегуваат од употреба на стероиди,ама ок е :smir:

со омега 3 ли се чистиш?
 
епа ок :smir: бидејќи најчесто и најмногу излегуваат од употреба на стероиди,ама ок е :smir:

со омега 3 ли се чистиш?

не само со омега туку со други препарати за кожа,,,,:helou:
 
Имам вежбано пред 4-5 години, и имав добри резултати, почнав да правам мускули и маса. Но се разболев ( не од вежбањето :) ), лежев во болница 2 недели и од тогаш не сум вежбал пак. Сум одел така по еднаш со надеж да почнам пак, но ништо.

Но од скоро еве почнав пак да одам на боди-билдинг и решен сум да одам редовно, со цел здрав организам и дух, како и добро оформено тело.
Инаку земав аминокиселни BCAA - Branched-chain amino acids да пијам, во вид на капсули(150бр.).

Една капсула содржи :
L-Leucine - 250 mg.
L-Valine - 150 mg.
L-Isoleucine - 100 mg.
Исто така овие составки се содржат во храната, месото, јајцата, млекото и др. BCAA се дел од протеините.

Има некои предности со овие аминокиселни :
- Го зголемуваат мусклуниот метаболизам и синтезата на протеини
- Те заштитуваат од загуба на мускулна маса
- Го убрзуваат враќањето на масата
- Го зголемуваат горењето на мастите
- Идеални се за сите кои сакат да покачување на мускулната маса, енергијата и силата.
Инаку се пијат 3-4/2гр. капсули пред и 3-4/2гр. капсули после тренинг.

Ако некој вака има поискусен со овие работи да кажи може ли да се искомбинираат со некое посебно хранење и посебен тренинг овие аминокиселни. Јас си знам дека треба основното хранење при вежбање да биде задоволено, но дали има и некои работи плус кои јас не ги знам :) .
 
мене ми имаат кажано дека многу добра комбинација било Протеин и Глутамин или бцаа (не сум сигурен за второво)за дигање чист мускул ....

дај кој се разбира за оваа комбинација нека пише нешто оти сакам да почнам да ја користам од 1 јули...(сеа сум на веј протеин)

позз:smir:
 
другари... Завчера вежбав раце(бицепс и трицепс) а вчера поради болката у рацете неможев да се извежбам на груда...
Па ако сакате да ми кажете што да вежбам у текот на неделата, уствари да ми кажете што да комбинирам и кои денови да ги вежбам...
 
другари... Завчера вежбав раце(бицепс и трицепс) а вчера поради болката у рацете неможев да се извежбам на груда...
Па ако сакате да ми кажете што да вежбам у текот на неделата, уствари да ми кажете што да комбинирам и кои денови да ги вежбам...

Имаш воспаление....

1.Ке идеш во аптека и ке земеш Андол и Магнзиум...

2.Чим ри решил да вежбаш ,,вежбај нозе и стомак...
 
другари... Завчера вежбав раце(бицепс и трицепс) а вчера поради болката у рацете неможев да се извежбам на груда...
Па ако сакате да ми кажете што да вежбам у текот на неделата, уствари да ми кажете што да комбинирам и кои денови да ги вежбам...

ја кога отидов прв пат типот ми кажа ако добијам воспаление утредента да не ги одмарам мускулите да не ми се олабават и ке испаднело дека џабе сум вежбал
 
најубаво ти е, првата недела да ги правиш сите мускули, по две серии не по четири.
Првиот ден ке ги воспалиш сите, наредниот ден ќе ја намалиш малце килажата и ке продолжиш сите да ги вежбаш, третиот исто, четвртиот ако осетиш дека болката поминува постепено зголемувај килажа... така 7 - 8 дена и после можеш да си ги поделиш вежбите...
 
Ај и ја да прашам:

Појдов во теретана сега во Понеделник за малку да качам на маса и сега сакам да ми кажете кои комбинации на вежби е најдобро да се прават:

Јас вежбав гради па грб па раце и на крај рамо.

Е сега гледам некој комбинираат т.е. вежбат еден ден гради и бицепс, утредента грб и трицепс и на крај рамо и нозе.

Како е најдобро за качување на маса?
 
за качување маса ти е најдобро 1 мускул дневно. Јас во моментов така вежбам
ама тој еден мускул го вежбаш најјако што можеш,
пример понеделник само гради, и гради ке кренеш колку што можеш повеќе, да го напумпаш мускулот, нареден ден грб, друг ден раце(бицепс трицепс надлактица подлактица) па рамо... може со нозе да го комбинираш тоа...
 
значи да пријавам дека почнав и официјално со теретаана иако е крај на сезоната ама има план и програм за преку цело лето со тоа што морам да симнам 5 кила од вишокот опремен сум со политермекс глутамин аминокиселина исостар и за ефектите ќе пишам после 21 тренинг позз
 
И уште едно прашање:

Неќам сега да земам протеини и тие ствари можеби малку понатака туку слушнав во теретана дека некој збореше нешто да се измешат јајце мед и млеко и тоа било добро за маса.....дали некој знае нешто за ова, како иде?
 
Ќе земеш едно живо јајце,200-250 мл млеко,една банана и една лажица мед ќе ги ставиш во блендер и измиксај ги убаво и пиј :)
 
Ќе земеш едно живо јајце,200-250 мл млеко,една банана и една лажица мед ќе ги ставиш во блендер и измиксај ги убаво и пиј :)

Белката, жолтката или цело?!?!?!?!?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom