Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Кои теретани се во околината на Центар и колку отприлика е месечна членарина? Слушнав имало некоја позади Рамстор некаде, па ако може некој што знае да пише ;)
имаше во арм,незнам сега дали работи ке проверам па ке пишам
 
Дали некој од вас кој сериозно или малце посериозно се занимаваат со боди билдингот води дневник или не? Која е целта на дневникот итн...:pipi:
Јас не се бавам со бодибилдинг, но водам дневник за килажите кои ги кревам и мојата тежина. Со обем на мускулни партии не се замарам. На 3 места водам евиденција. Во Word документ, во рачно пишана форма и на форум кој се занимава со сила од каде се консултирам со поискусни лица и разменуваме искуства, совети и сл. Целта на дневникот, без разлика во кој спорт, е да се прати напредокот и учи од грешките.
 
Дали некој од вас кој сериозно или малце посериозно се занимаваат со боди билдингот води дневник или не? Која е целта на дневникот итн...:pipi:

Јас лично, освен тренингот и водење распоред со тежините, повторувањата и интензитетот на вежбање (мали пазузи/големи паузи) пишувам и распоредот на јадење и спиење.
Особено ми помага кога ги исполнам сите фази на спиење по 6 пати, сум подобро одоморен.

Зголемување на калориски внес/ јаглехидрати / протеини ... се тоа иде во дневник :)

У главном на почетокот ми служеше за мотивација, сега е навика и распоредот мора да биде тој што ќе го пишам претходниот ден.
 
Официјална опомена до elena1985@ да престане да тролува на темава.
Избришав повеќе од 25 мислења. Секоја наредна реплика од elena1985@ ќе резултира со бан.

Продолжете со дискусијата.
 
Кои теретани се во околината на Центар и колку отприлика е месечна членарина? Слушнав имало некоја позади Рамстор некаде, па ако може некој што знае да пише ;)
--- надополнето: Aug 25, 2011 12:31 PM ---
имаше во арм,незнам сега дали работи ке проверам па ке пишам

работи, зошто да не работи... само незнам дали со една или две смени.... и 800 ден. е
 
Некој да не знае дали е добро да се земе магнезиум плус вон храната? Ме фати јако грч па некој спомна да не ми фали магнезиум. Покрај магнезиум што мислите и за цинкот и селенот дополнително?
 
Магнезиумот помага кај грчеви и општо го релаксира целиот организам дури и кога си психички вознемирен доста добро функционира. Цинкот овозможува правилно фукнционирање на простатата (таа има највеќе цинк од целото тело) плус го има во суплементите за подршка на тестостеронот, селенот е моќен антиоксиданс кој ги поништува радикалите и делува анти-канцерогено. Нема ништо штетно во нив
 
Дечки што мислите за Пепсито? Пепси МАКС без шеќери, има 1 калорија во 250 мл..

Гледам повеќе билдери во Америка го пијат .. Разликата е што има во него повеќе кофеин..Јас денес првпат го пробав скоро ист вкус има како обичното пепси..
 
Од сето она што го прочитав, само едно ме зачуди- зашто мислите дека можете да конзумирате белковини, а да не водите сметка за нивниот износ? Каде одат оние кои не се искористуваат од страна на организмот и дали секој , пример 80 кг тешка индивидуа би можела да внесува иста количина на белковини во денот?
 
Или ќе ги претвори во глукоза или ќе влезат во циклусот на уреа и потоа ќе ги исфри. Но најпрвин ќе треба да дојдат протеините во крвта на оптимално ниво, амино базенот на црниот дроб до максимални граници на капацитет, да се задоволени потребите на имунитетот и организмот за поправка и тек тогаш вишокот може дополнително да го оптерети црниот дроб што не е толку страшно колку што може да ги оптерети бубрезите. Не постои директен пат на метаболизмот кој овозможува протеинот да се претвори во маст, но со самото тоа што може да се претвори во енегија индиректно ги штеди мастите од нивно трошење.
 
Дечки што мислите за Пепсито? Пепси МАКС без шеќери, има 1 калорија во 250 мл..

Гледам повеќе билдери во Америка го пијат .. Разликата е што има во него повеќе кофеин..Јас денес првпат го пробав скоро ист вкус има како обичното пепси..

Конкретно за Coca Cola Zero ќе ти кажам, прилично истите состојки ги содржи со пепсито.
Содржи:
Фенилаланин - Го намалува лачењето на серотонинот (хормон на задоволство).
Фосфорна киселина - Ја смалува густината на коските, затоа што ги врзува калциумот и магнезиумот и формира соли.
Натриум цикламат - Вештачки засладувач кој бил забранет во 60те год. од минатиот век, бидејќи откриено е дека формира канцерогени материи во организмот.
Натриум бензоат - Конзерванс, кој може да реагира со Витамин Ц и да формира Бензен, кој има канцерогени својства. Утвредно е и дека оваа материја предизвикува оштетување на ќелиите, затоа што влијае на митохондријата.
Ацесулфам Калиум - Се мисли дека е канцероген.
Кофеин - Диеталните газирани сокови содржат 30% повеќе кофеин од обичните газирани сокови. Пепси макс лименка има 69 mg, додека кај обичното пепси лименка 38 mg кофеин.
Аспартам - Се мисли дека е штетен за мозокот, бидејќи имало гласини за тој случај од истражувањето во 80те год. од минатиот век.

Сепак, далеку од тоа дека ќе ти се случи нешто уште од првата лименка што ќе ја испиеш (ама од втората сигурно), шала на страна, ова е само да се има во предвид што се внесува. Веројатно, има и уште неколку штетни состојки што не се познати, бидејќи Пепси (како и Кока Кола) е позната светска фирма и во никој случај нема да ги открие, со цел да продаде, а воедно да изманипулира со потрошувачите околу тоа што го пишува на амбалажата. Јас лично би ти препорачал слободно да го пиеш, но не секојдневно, стани и ти Американец :).
 
Или ќе ги претвори во глукоза или ќе влезат во циклусот на уреа и потоа ќе ги исфри. Но најпрвин ќе треба да дојдат протеините во крвта на оптимално ниво, амино базенот на црниот дроб до максимални граници на капацитет, да се задоволени потребите на имунитетот и организмот за поправка и тек тогаш вишокот може дополнително да го оптерети црниот дроб што не е толку страшно колку што може да ги оптерети бубрезите. Не постои директен пат на метаболизмот кој овозможува протеинот да се претвори во маст, но со самото тоа што може да се претвори во енегија индиректно ги штеди мастите од нивно трошење.

Штом ќе се претворат во гликоза, не се исфрлаат така како што мислиш. Постои хормон кој го регулира нивото на гликозата во крвта, а тој по природа е складирачки хомрон. Никогаш нема да ја достигнете потребната дефиниција, или чистина ако претерувате со внес на белковини. Ова ви го напоменав од причина што последно време кај советите за исхрана се предупредуваат новите вежбачи да внимаваат на внес на ЈХ и масти, а да не се плашат од внес на белковини.
 
Конкретно за Coca Cola Zero ќе ти кажам, прилично истите состојки ги содржи со пепсито.
Содржи:
Фенилаланин - Го намалува лачењето на серотонинот (хормон на задоволство).
Фосфорна киселина - Ја смалува густината на коските, затоа што ги врзува калциумот и магнезиумот и формира соли.
Натриум цикламат - Вештачки засладувач кој бил забранет во 60те год. од минатиот век, бидејќи откриено е дека формира канцерогени материи во организмот.
Натриум бензоат - Конзерванс, кој може да реагира со Витамин Ц и да формира Бензен, кој има канцерогени својства. Утвредно е и дека оваа материја предизвикува оштетување на ќелиите, затоа што влијае на митохондријата.
Ацесулфам Калиум - Се мисли дека е канцероген.
Кофеин - Диеталните газирани сокови содржат 30% повеќе кофеин од обичните газирани сокови. Пепси макс лименка има 69 mg, додека кај обичното пепси лименка 38 mg кофеин.
Аспартам - Се мисли дека е штетен за мозокот, бидејќи имало гласини за тој случај од истражувањето во 80те год. од минатиот век.

Сепак, далеку од тоа дека ќе ти се случи нешто уште од првата лименка што ќе ја испиеш (ама од втората сигурно), шала на страна, ова е само да се има во предвид што се внесува. Веројатно, има и уште неколку штетни состојки што не се познати, бидејќи Пепси (како и Кока Кола) е позната светска фирма и во никој случај нема да ги открие, со цел да продаде, а воедно да изманипулира со потрошувачите околу тоа што го пишува на амбалажата. Јас лично би ти препорачал слободно да го пиеш, но не секојдневно, стани и ти Американец :).

Хаха фала за инфото брат.. Сепак ова е поздрава варијанта на сок ако се одлучам да пијам 2-3 пати месечно.. Се разбира ако се претера ќе има последици..
 
Јас лично, освен тренингот и водење распоред со тежините, повторувањата и интензитетот на вежбање (мали пазузи/големи паузи) пишувам и распоредот на јадење и спиење.
Особено ми помага кога ги исполнам сите фази на спиење по 6 пати, сум подобро одоморен.

Зголемување на калориски внес/ јаглехидрати / протеини ... се тоа иде во дневник :)

У главном на почетокот ми служеше за мотивација, сега е навика и распоредот мора да биде тој што ќе го пишам претходниот ден.
баш ме заинтересира за спиењето, ќе може ли да постираш еден примерок од дневникот или ако оди тука како офтопик пиши ми пп, јас сум премногу растргнат меѓу работа вежбање и останати обврски
фала ти однапред
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom