Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво, почетник сум во теретана, имам неколку прашања па ако има некој поискусен да одвои време да ми пише во порака, би ми било од големо значење.
Фино ти се вртат пари во џеб, што ти текна да тренираш :icon_lol:
 
Многу добро и поучно видео.
Сите видеа од John се поучни. Има доста да се научи и за исхрана, суплементација и за тренинг.
 
Kako odi procedura za proverka na hormoni? Dali mozi na drzavno da se proveri ili mora privatno.
 
Дечки здраво. Сакам да земам топач на масти но имам бронхиална астма и користам Фостер (спреј) кортико. Дали може некој поупатен да ми каже нешто околу тоа освен со лекар да се консултирам.
 
Дечки здраво. Сакам да земам топач на масти но имам бронхиална астма и користам Фостер (спреј) кортико. Дали може некој поупатен да ми каже нешто околу тоа освен со лекар да се консултирам.
Не знам за конекцијата помеѓу топачите и астмата, ама знам дека ќе бидеш разочаран од резултатите од топачот на крај. Најдобар топач ти е начинот на исхрана во комбинација со тренинг.
 
Дечки здраво. Сакам да земам топач на масти но имам бронхиална астма и користам Фостер (спреј) кортико. Дали може некој поупатен да ми каже нешто околу тоа освен со лекар да се консултирам.
Па ти веќе имаш топач во рака :D
formoterol (активната состојка на Фостер спрејот) е бета2 агонист, сличен на кленбутеролот и албутеролот кои се злоупотребуваат од страна на билдерите за топење на масти :D
 
@Lester Freamon @GavolRulz

@Lester Freamon @GavolRulz

Така де, за тој и зборувам. Активната состојка формотерол има ефект врз метаболизирањето на протеините и мастите :D

.

Финтата е што ти за здравствената состојба користиш мали дози кои се препорачани за да функционираш нормално. За ефекти со ваквите работи се земаат малку повисоки дози, за компарација: албутерол и по 6 апчиња од 2мг на ден, а најчесто астматичари го земаат по 2-3 апчиња дневно.

Не експериментирај со ниту едно од овие, единствен топач кој ти треба е храната и типот на храна. Наједноставни комбинации ти се: ротација на јаглехидрати, диети со низок процент на јаглехидрати, или класична кето диета.

Симплифицирано: треба да внесуваш помалку од тоа што трошиш, еве ти калкулатор за да си пресметаш колку ти треба, а типот на диетата само може да ти помогне да ги убрзаш работите, или пак да имаш константна енергија додека си во дефицит со калории.
 
Што се случува со ненормалната гужва по теретаниве? Разбирам и членови и профит ама нели имаше протоколи со закажување, баш да не се прави толку гужва? За прв пат после 11 години, се вратив назад без да ни влезам внатре, пред врата чекаа уште 5-6 души да влезат. Луда работа.
 
Секаде скоро е така. Нај трагично е шо идат дечурлии по 16 години, прат гужви бадијала, ниту тренират ни ништо. Имаше протокол да не се прават гужви но се укина и то.
 
Што се случува со ненормалната гужва по теретаниве? Разбирам и членови и профит ама нели имаше протоколи со закажување, баш да не се прави толку гужва? За прв пат после 11 години, се вратив назад без да ни влезам внатре, пред врата чекаа уште 5-6 души да влезат. Луда работа.
Короната ја прогласија за умрено :D
 
Малку ви беше корона и протоколи 2+ години, па сакате уште...

п.с и јас се нервирам од дечурланата што само праат гужви и дигат галама :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom