Boardwalk Empire

Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Др Нарцис е ликчиште,многу поразличен лик од другиве што ке и даде свежина на серијава.
Еди e сега главен :D
Наки го стави Еди да биде главен додека он е во Флорида,доби и он парче од акцијата и респектот што го бараше.
Ван Алден ме смее ко секогаш,која фаца ја направи кога му го мавнаа првиот бокс на митингот:ROFLMAO:
 
D

dystopian

Гостин
Можеби најдобрата епизода оваа сезона. Уживам во спората нарација на серијава, неверојатно е колку добро е изведена. Ми се допадна дуелот меѓу Наки и Ротстин, за прв пат го видов Арнолд надвор од колосек, барем по негови стандарди, веќе три сезони е ладен ко шприцер во секоја ситуација. Приказната со синот на Илај исто така ми го направи ќејфот, сепак Бордвок не би била тоа што е ако не се случи некоја брутална пресвртница. Мислев дека ќе го тупат со нова непотребна приказна (на кој му е гајле за колеџ во гангстерска серија), но ќе биде интересно да се види како ќе се справи со фактот дека убил човек, и дали татко му ќе дознае. Ми се допаѓа и балансот кој е воведен оваа сезона, најинтересните ликови добиваат доста повеќе screen time во споредба со претходните сезони. Докторот има харизма на водач на култ, Ленски конечно направи чекор напред, Парнсли по се изгледа смени страна, Ал Капоне луд како и секогаш, Ван Алден чекам повторно да се покаже во вистинско светло, како во сцената со пеглата, а цела епизода најмногу ме смееше Еди. Од прилично неважен лик стана и тој интересен и симпатичен, и повторно по БЕ стандарди и на него му се случи пресврт кон полошо.

Се на се, епизодава од мене има чиста десетка. Shit is about to get serious.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Топ епизода.
Еди го собраа,но Еди е луд и хардкор кога станува збор за Наки,ке биде многу смешно кога ке го испитуваат:D
Ленски редно време беше да направи чекор напред,сепак он заедно со Чарли се најако дуо,премногу сум срекен што ја обновија за пета сезона,ке гледаме уште како се пробиваат на маестрален начин.
Ван Алден секако дека ке добие испад и ке ебе матер,очекувам тој испад да влијае на O'Banion,ке влезе во enrage modе и ке му ебе матер :D
А.Р ме разочара со тоа што излезе надвор од контрола,не го очекував тоа од него,ц ц.
 

честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Колку добра серија, квалитет на ниво, за некого можеби спора, мене солидно ме држи секоја епизода. Се напалив читам сега во риал лајф какви биле сите па ги споредувам со тоа како се во серијата. Moжеби некој пуштил слики поназад ама не ми се отвара да не прочитам некој торент како на пример што се зафркнав,
Џими дека ќе го утепаат
Наки



Ал


Торио


A.R


Лучиано
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Спора е серијата, ама оваа сезона е претерано бавна. Ете поминале 8 епизоди мене ми се чини како дејството да стои во место.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
You come at the King, you best not miss.

Малце Emmy љубов за Michael K. Williams, брилијантен беше во последнава епизода.

Инаку, мене ми се допаѓа темпото. Лани беше супер со Розети и компанија, ама ова не е шоу кое може секоја година да се враќа со војна меѓу овие и оние. Инаку, според промото, ќе има нешто повеќе акција другата недела, посебно во Чикаго.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Последнава епизода беше поинтересна од пред последната,но не ми се допагаше сцената со фајтот помегу Прнсли и Чалки,клише ми беше малце,иначе иде споро поради тоа што е таков тип на серија,јаки сцени со интересни диалози,јака глума и со мал реален зачин на акција.

Иначе ете сега треба да има акција на два фронта,Атлантик Сити и Чикаго,а и ФБИ момците јако удараат кај Наки на врата,агент Нокс е многу психаделична фаца,интересен лик,криво ми е само што го фатија Илај во тесно да избира помегу братму и синму,највероатно прифати да соработува но сепак ке видиме што ке се деси,мислам дека ке биде паметно да му каже на Наки и да си расчисти со него,Наки секогаш има решение :)
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Не ми се допаѓа ич приказната со Нарцис и црнците. Некако недостижно ми изгледа нивото на возбуда кое го креираа Џими и Наки во првите 2 сезони па и во третата ретардираниот Росети. Ликовите кои мене ми се допагаа се помалку ги има или ги нема.

А овој агентот на ФБИ мислам дека е мажот на Џеј Едгар ако не се лажам така се викаше само во филмот со Леонардо, само не беше прикажано дека вака соработуваат таму му беше нешто како секретарка :)
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.583
Поени од реакции
13.220
Ван Алден растураше последнава.

Van Alden: I didn't kill Stu. Al Capone did. But i have killed other men. The one you know about, the three that attacked me, and my partner.
O' Banion: Your what?
Van Alden: I was a prohibition agent. I drowned him with my bare hands. My name isn't Mueller. I'm not legally married to my wife. I used to believe in God, but now i don't believe in anything at all.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Колку пропадна Арнолд, а јас го сметав за најрационален од сите овие врвните мафијаши, ептен ја утнав проценката.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Добра епизода,баш ме интересира исходот на конфликтот помегу Чаки и Нарцис,многу глуп потег на Чаки што изреагира така,требаше да си искулира и да размислува со студена глава.
Ван Алден е најак,му пукна филмот,а кога на Ван Алден ке му дојде преку тасето...хехе,најак е,психаделии тешки :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom