Вистинската причина секако сега нема да ја дознаеме. Може ќе ја дознаеме по неколку години, може кога ќе се пензионира некој играч или Мурињо ќе напише биографија како САФ, а може и никогаш.
Ако е тоа точно што е напишано, тогаш не гледам подолен начин кој може да го направи еден играч. Со тоа си ја уништува најпрво својата репутација, а потоа и онаа на клубот од кој е платен. Таков играч не заслужува да се нарече професионалец.
Тука се работи за група на играчи, најверојатно, кои се против Мурињо и сега за сега Абрамович е на негова страна, но полека го губи трпението. Сегашнава ситуација е како одење по жица за Мурињо.
Сигурно развршницата ќе ја видиме во Јануари, ако се реши Абрамович да го подржи Мурињо, ако не, ќе попие Мурињо отказ набрзо.
Јас не би земал ниедна страна , бидејќи мене како фан на Јунајтед, а верувам и останатите овде кои не се фанови на Челзи ги засега единствено конкурентот да губи бодови и ако успееме да се докопаме до некој добар играч од Челзи како што е Хазард, кој после сето тоа, ако излезе вистина, никогаш и не би сакал да облече наш дрес, а секако и веројатноста е мала. Ете му го ПСЖ, Реал и слични клубови...