Barclays Premier League - Season 2015/2016

Кој ќе биде новиот шампион во Премиер лигата?


  • Вкупно гласачи
    465
Статус
Затворена за нови мислења.
H

HoT IcE

Гостин
Ако е вистина тоа што го пишува овај Ричардсон, ондак земам страна на Мурињо. Затоа што ми е преку глава, во секој ебан клуб да има фудбалери што мислат дека се Бог и батиња. Еј, имал испади, му се дерел на Хазард. Па пичкаму матер, зема 300 000 илјади неделно, што кур сака? Како да не му се дере и да не се нервира кога е еден од најхајпнати играчи и све а игра како да игра у Копенхаген. А како и што реков претходно, скоро и сум сигурен дека е пукната тиквата помеѓу некои играчи и Мурињо во соблекувална заради вакви работи, испади на Мурињо и негов темперамент а овие умислени примадони не смееш збор да им кажеш, исти курац како и у Реал. Ако е вистина ова, Хазард се надевам дека ПСЖ се сеуште напалени за него племенцето мамино.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
^^ Да со тоа што он работи со професионални фудбалери, кои се ѕвезди и јавни личности, а пробува да ги третира ко играчи од школски тим и очекуе да му се понашаат ко ученичиња. Заради тоа е менаџер, нека менаџира ситуации, конфликти и тензии у соблекувална. Мора да знае како да ги измотивира и тоа што го замислил на хартија да го спроведе на терен, а за да го спроведе треба да створи услови и атмосфера во тимот. Ми текнува на доста негови пресови од порано каде неименувајќи поединци тој јавно ги понижуваше, сега не знам како е. И невозможно е Азар, за кој Реал покажуваше лани интерес, не сакаше ни да чуе за трансфер, а еве сега ставал лајкови на статија која збори за интерес на Реал да го донесе во свои редови.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.926
Поени од реакции
116.354
Не дека го бранам Мурињо, општо важи ова за сите, тренерот е тренер и тој одлучува околу формациите, околу тоа кои играчи ќе играат и какви задачи ќе имаат. Ме заболе мене ако тие се ѕвезди, си имаат препоставен кој ќе им каже што и како да играат. Затоа Фергусон беше милијарда години тренер на Јунајтед и имаше такви успеси. Погба гомнарот сакал појака плата на 18 години, сакал да игра волку, сакал ова, сакал она. Мрш пријателе, не си ти за у Јунајтед. И демек нели сеа стана одличен фудбалер и као грешка било тоа на Ферги, не бе, не е никаква грешка, ниеден играч не е поголем од клубот. Така да ако има нешто пукнато помеѓу играчите и Мурињо јас сум на страната на Мурињо зашо преочигледно е дека одредени го бојкотираат.
 
Член од
7 септември 2014
Мислења
3.430
Поени од реакции
2.113
Хазард откако е дојден Мурињо во Челзи не се мирисат како шо треба, само до пред некое време толку не се заприметваше оти Хазард беше во добра форма и не обрнувавме толку внимание на тие детали.
Имаше моменти убо се сеќавам каде Мурињо го критикува Хазард за незалагање на терен, дека бил недоволно зрел за некој работи еднаш му рече дека на детето му треба добро воспитување од родител кога го заборај Еден пасошот а требаше да играме против Шалке на гости, ЛШ мислам беше.
И селекторот на Белгија ги потпалва фитилите малце со неговите коментари како Хазард за да стани врвен фудбалер требало да напушти од Челзи и да замини во друг клуб. Неколку ситуации има каде шо се гледа дека Мурињо и Хазард не се како шо треба со односите.
 
E

Epsilon

Гостин
Максимално се согласувам, не ги сетив дека си караа мајки шајки, не обрнав вниамние. Али сега откако се тиња, се се виде на виделина.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.908
Поени од реакции
6.210
Вистинската причина секако сега нема да ја дознаеме. Може ќе ја дознаеме по неколку години, може кога ќе се пензионира некој играч или Мурињо ќе напише биографија како САФ, а може и никогаш.
Ако е тоа точно што е напишано, тогаш не гледам подолен начин кој може да го направи еден играч. Со тоа си ја уништува најпрво својата репутација, а потоа и онаа на клубот од кој е платен. Таков играч не заслужува да се нарече професионалец.
Тука се работи за група на играчи, најверојатно, кои се против Мурињо и сега за сега Абрамович е на негова страна, но полека го губи трпението. Сегашнава ситуација е како одење по жица за Мурињо.
Сигурно развршницата ќе ја видиме во Јануари, ако се реши Абрамович да го подржи Мурињо, ако не, ќе попие Мурињо отказ набрзо.

Јас не би земал ниедна страна , бидејќи мене како фан на Јунајтед, а верувам и останатите овде кои не се фанови на Челзи ги засега единствено конкурентот да губи бодови и ако успееме да се докопаме до некој добар играч од Челзи како што е Хазард, кој после сето тоа, ако излезе вистина, никогаш и не би сакал да облече наш дрес, а секако и веројатноста е мала. Ете му го ПСЖ, Реал и слични клубови...
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Најдобар виц што сум го чул денеска (ма да само 5 минути поминаа од денов)

-Еј брат си купив едно куче што навива за Челзи!
-Од кај знаеш дека навива за Челзи бе?!?
-Па така, секогаш кога Челзи ќе изгуби кучето ми квичи по дома
-Ахам, а што прави кога ќе победи Челзи?
-Е тоа не знам само 3 месеци го имам кучето.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom