devilko
♆ wicked one ♆
- Член од
- 28 август 2014
- Мислења
- 1.925
- Поени од реакции
- 6.240
Фудбалската федерација објави дека независната регулаторна комисија донесе одлука да го поништи црвениот картон на Вес Браун.
Браун заработи црвен картон на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Сандерленд, откако според судијата Роџер Ист го повлече Радамел Фалкао кој имаше шанса за погодок.
Сепак, видео доказите покажаа дека Џон Ошеј бил човекот што го повлекол Фалкао, а од Сандерленд веднаш после натпреварот потенцираа дека имаат намера да поднесат жалба.
Сето тоа мина позитивно за 'Црните мачки' а искусниот дефанзивец ќе може да настапи против Хал во вторник.
Здружението на судии по крајот на натпреварот излезе со интересно соопштение во кое потенцираа дека судијата Ист не направил грешка и дека Браун бил играчот што го повлекол напаѓачот на противничката екипа.
Комедии...