Barclays Premier League - Season 2014/2015

Кој да ја отвори новата тема за следната сезона?


  • Вкупно гласачи
    83
Статус
Затворена за нови мислења.

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.908
Поени од реакции
6.210
Фудбалската федерација објави дека независната регулаторна комисија донесе одлука да го поништи црвениот картон на Вес Браун.

Браун заработи црвен картон на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Сандерленд, откако според судијата Роџер Ист го повлече Радамел Фалкао кој имаше шанса за погодок.

Сепак, видео доказите покажаа дека Џон Ошеј бил човекот што го повлекол Фалкао, а од Сандерленд веднаш после натпреварот потенцираа дека имаат намера да поднесат жалба.

Сето тоа мина позитивно за 'Црните мачки' а искусниот дефанзивец ќе може да настапи против Хал во вторник.

Здружението на судии по крајот на натпреварот излезе со интересно соопштение во кое потенцираа дека судијата Ист не направил грешка и дека Браун бил играчот што го повлекол напаѓачот на противничката екипа.
Комедии...
 
R

red.devil

Гостин
А има некој кој што вика дека ги исполнува очекувањата?

Цело време се збори како бил флоп, а има дечки од фан клубот Јунајтед веќе го продадоа во ПСЖ. :pos:
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.503
Поени од реакции
10.257
Најде кој да врати за избрзани заклучоци во врска со најдобриот играч во неговиот тим.

:)

Пред се зборував за преценетоста кога отиде од Удинезе во Барса. Плус тоа што сега тоа што го игра Санчез му е врв,такво нешто немал ни во Барса ни во Удинезе. :)

Да вратам удар,со Горан ќа ми се смејаате Сити ка му се доближи на Челзи. :)
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Значи овој Роџер Ист е за во затвор. Најбеден судија во лигата е. И нас кога ни судеше против Болтон годинава, им го досуди тој непостоечкиот пенал, и имаше уште барем 3-4 озбилни грешки.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.248
Поени од реакции
18.454
Пред се зборував за преценетоста кога отиде од Удинезе во Барса. Плус тоа што сега тоа што го игра Санчез му е врв,такво нешто немал ни во Барса ни во Удинезе. :)

Да вратам удар,со Горан ќа ми се смејаате Сити ка му се доближи на Челзи. :)
Да бе да. Сети се на речениците "Дека ќе мине Санчез у Англија како у селските лиги :D "

Мората гледи го вечер, ако сакаш контра удар. Некни го избераа у најдобрио тим ЛШ за таа фаза.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.991
Поени од реакции
67.825
Не. Иначе, супер се и Алексис и Цеск, за разлика од Ангел и Месут. Тоа ми беше муабетот :)
A, neeee...
Angelcho si e flop, poshto igra vo Junajted, iako godineshnive brojki mu se slichni so onie na Ozil od lani, a Ozil si e best buy... Toa shto mu pakuvaa kuferi posle sekoj derbi mech e pomal pokazatel.
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.503
Поени од реакции
10.257
Да бе да. Сети се на речениците "Дека ќе мине Санчез у Англија како у селските лиги :D "

Мората гледи го вечер, ако сакаш контра удар. Некни го избераа у најдобрио тим ЛШ за таа фаза.
Еве ова му е втор месец како е мува без глава.Првиот месец од лани и сега овој месец. :)
И Бендтнер е бил избран во најдобриот тим во истата фаза од ЛШ. Не е репер тоа. :)
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Какви реперксуии трпат судиите за вакви дебилни одлуки ко ова на Ист со Браун и О'Шеј? Никад ништо не се кажува официјално, ќе посуди два викенда во Чемпионшип и после ајт назад некое дерби ќе упропасти. До толку немаат некои бољи да извадат? Би требало нешто ко ранкинг листа на судии, губење поени ако ептен заебеш па на таа загуба друг да се искачи над тебе, посебна скала за килажа само за Дауд да го тргнат...
 
Член од
1 март 2015
Мислења
17
Поени од реакции
51
Зборувате за Челси и нивната трансфер политика, зборувате за Торес дека е флоп игра, чекај нели сепак секој тим си има своја слаба карика и што бадијала фрлил пари. Чист пример трансфер политиката на Тотенхем и Ливерпул. Го продадоа Бејл за смешно висока сума на пари.. Што се случи?? Ги потрошија на играчи што половина и не се адаптираа на премиер лигата.. Ливерпул??
Го продадоа Суарез што купија? Некој играч како Балотели да се гради кај корнер знаменцето и да чува резултат 1-1? ..
Исклучок за Кутињо и Лалана што се страшни играчи. Арсенал го има Озил??? Повредите му ја сменија формата? Епа ако е така може слободно да се каже и за Торес кој полусезоната во Ливерпул ја изигра разочарувачки. Сите ѓаволи се примија на Ди Марија кој направи бум на почетокот сега го јадат играчите кај стигнат. Секој играч си има свои најдобри денови, некој клуб му одговара некој не. Некој не е за во Англија и не може да се држи на пример против карпите на Стоук.. Секој тим прави грешки во својата трансфер политика, некој го извлекува дебелиот крај како Челси со Торес.. Али гледајте сега кај е Челси, а гледајте кај се другите тимови во Англија..
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
^^^
Кутињо беше купен пред продажбата на Суарез.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Најјако ми е кога ќе се убаци некој вака ко џокер у покер и ќе залепи етикети, ќе не остави да се колеме а тој ќе отиде да грицка сончоглед у мало и нема да му текне да се логира следни 5 месеца...
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Адам Џонсон од Сандерленд имал сексуални односи со 15 годишно девојче.
Полицијата го уапсила Вес Браун.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom