Пред се да им честитам на навивачите на Челзи за победата. Искрено, поради собиров не ја ни гледав утакмицава, него цело време бев во некоја фрка.
Второ што сакам да кажам, ја разбирам шалата на наша сметка од причина дека после 200 години сме блиску до титула во ПЛ и сега оддеднаш кикснавме и ајде, смешно е да не зафркавате ама пак, не до толку зошто никој од кај нас не ја прослави титулата туку сите вие тука се јавувате со постовови во вид на честитки. Не сакам да мислам дека тие честитки беа дволични и само чекавте Ливерпул да киксне (кој патем имаше 11 победи по ред) за да ни се изнасмеете. Не разбира за што.
Трета работа, во врска со маиците на кои што пишува Ливерпул Чемпионс, да кажам дека здружението нема никаква врска со тие маици. Маиците ги направи газдата на локалот каде што гледавме, па ако сакате да му се смеете нему, повелете, ќе ви дадам контакт.
Четврта и последна работа. Не ли мислите дека е крајно малодушно да се смеете за организиран собир на навивачи кои навиваат за некој клуб од вукојебина наречена Англија а на собирот присуствуваа луѓе од Србија, Косово, Англија, БиХ....некој пропатувал 1000км со кола само да ја следи оваа утакмица и да се дружи со луѓе кои делат иста љубов. Мислам, стварно е безобразно. Некој за ова да го организира вложил време, труд и пари а голем дел гледам тука се подсмевате а убеден сум дека дел од вас никогаш не ни бил групно да гледа утакмица.
Пријателството што се роди на овој трет регионален собир ќе остане засекогаш со момците и девојките од страна, поготово она што се роди на форумов со Милеисреќнисибиле, Скаузер88, Д_коп, Рики, Дивајдерот, Правниче и уште неколку момци.
Кога ќе видите како девојка од Сараево доаѓа сама со 7 момци, само за да го гледа омилениот клуб во Скопје, ќе почувствувате нешто големо, огромно исполнување.
Пишете си меѓу себе на фб, на форум, најдете се и напијте се пиво за вашиот клуб или изиграјте утакмица. Може и да му се смеете на Џерард, сеедно, а не само да се иссмевате на некој што се испотил да го организира најголемиот регионален собир на балканов на одредена група навивачи, кои навиваат за тим што е на илјадници километри оддалечен од местото на живеење.