Вака сега, на пазаров во Европа па и во светов, без разлика дали е во прашање спортот или бизнисот, работникот вреди онолку колку што ќе успее да се продаде. Значи не толку колку што направил, тоа може само CV да ти биде. Ова е како онаа стандарднана кај нас, овој завршил 5 факултети и 2 магистериуми и работи државно за 15 илјади а некој со средно е директор на некоја јака фирма.
Затоа ми е смешна споредбата на пример, Роналдо 90 милиона најдобар играч, сеа Бејл ништо што не направил 120. Па толку му одредил цена, што е битно колку направил? зошто Јунајтед не побарале 200 милиони тогаш?
Толку успеал да си се продаде фудбалерот и тоа е тоа. Во спортот, слична е ситуацијата. Бејл 4 години по ред веќе (брои ли некој да ме исправи?) си потпишува нов договор секоја факинг сезона. Со тоа си ја крева цената (Леви не е глуп и не знам зошто толку сите го вреѓате, човекот е измислен бизнисмен). Бејл има договор на уште 4 години најмалце чим потпиша лани нов договор. Штом Бејл ставил потпис на лист хартија значи се сложил со пишаното на листот и прифатил следниве 4 години да биде во Тотенхем. Ова е исто како плачењето на Модриќ преклани кога не го пуштаа во Челзи, викаше дека му рекол усно Леви дека ќе го пуштел ако потпише

Усно му ветил бе, нуб еден. Се чита листот хартија што го потпишуваш, си имаш агент, си имаш правник, барем денес фудбалериве не се за жалење, по 100 адвокати имаат. Усното и на суд да го дадеш не ти поминува, хартијата се гледа. Леви како работодавец сега ти вика, работников мој не е за продажба, си има договор, не ги сакам овие пари, не ми требаат, си го сакам играчов да ми биде во екипа. Ќе го продаде ако мисли дека е за продавање и ако парите му требаат.
Крај.
Можеме да го хејтаме Леви сите колку сакаме поради тоа што си ги држи играчите и ние не можеме да припариме до нив (ПЛ клубовиве) ама човекот е бизнисмениште и пол, капа доле.