Ај да пишам и јас нешто во новата тема
Очекувам многу понеизвесна сезона од минатата. Ќе има добра борба за титула.
Тешко ми е да типувам кој би ја освоил, но Сити, Јунајтед и Челзи ги гледам како главни конкуренти за неа.
Арсенал би ја комплерирал четворката за ЛШ.
Бидејќи КПР ми испаднаа од ПЛ, оваа сезона ќе ги поддржувам Свонси и Сандерленд.
За Свонси ќе бидам задоволен ако го подобри пласманот од минатата сезона, за едно-две места, а за Сандерленд........ топ10 (сега ќе ме нападнат италијанциве, али реално тоа се нивните можности)
Би бил пресреќен да ги видам во ЛЕ, али тие места сезонава ќе бидат резервирани за Ливерпул и Тотенхем
Ова е моето мислење, според моменталната состојба на тимовите.
Трансфер периодот трае уште месец, па не се знае ништо. Ако се направи некој добар трансфер, можеби и ќе го променам мислењето