Barclays Premier League Season 2013 - 2014

Кој ќе ја освои Премиер Лигата?


  • Вкупно гласачи
    289
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Алал им вера на навивачите на Манчестер како успејаа да ги убедат фановите на другите екипи оти од Руни ништо не бива веќе.
Стварно вака мислат повеќето од навивачите на Јунајтед?
А ја па за глупи ги сметав..
:D
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.794
Поени од реакции
44.077
Стварно вака мислат повеќето од навивачите на Јунајтед?
А ја па за глупи ги сметав..
:D
Смешно е човек, смешно.

Кажав 2 пати во фан клуб Манчестер. Руни, после Перси и Бентеке, беше трет во ПЛ кој му донел најмногу поени на својот тим. Никаков Мата, никаков Хазард, никаков Чичарито. Руни и лани решаваше утакмици, заебете вие што го играа средина и што имаше проблеми со повреди и фитнес. Ако Руни работи како што знае да работи и оваа сезона...само сакам да остане во Манчестер. Другото сами ќе го видете.
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.767
Поени од реакции
20.491
До нова година ќе има 2000 мислења како шо тргнала работава :D
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.626
Поени од реакции
6.433
1.Мan. Utd.
2.Arsenal
3.City
4.Chelshea
5.Totenham
6.L'pool

Доколку остане Бејл и донесат некој добар напаѓач, очекувам Тотенхем да биде во топ 3.
 

Кантона ис Бек

Mиљонерче
Член од
23 февруари 2010
Мислења
1.385
Поени од реакции
905
Со самата помисла дека се врати Идиотињо во ПЛ ми се повраќа!
Не очекувам ништо посебно годинава, нека победи подобриот!
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.651
Поени од реакции
11.729
Сериозно зашто Ливерпул у анкета се стаени :eek:
ако е така требало и Евертон да се ставени па и Сандерленд ко што некои викаа:)
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.794
Поени од реакции
44.077
Мене само не ми е јасна цената на Бејл од Тотенхем. Што има постигнато Бејл во кариерата да бараат толку пари? Роналдо кога го платија колку што го платија, беше официјално НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР НА СВЕТОТ (значи освоена златната топка во на крајот на 2008), имаше освоено златна копачка со Манчестер, 3 пати по ред ПЛ и 2 финалиња по ред во ЛШ, од кое едното освоено, другото загубено. Што кур има направено Бејл, освен едно ебано 4то место за Тотенхем во ПЛ и хет трик против Интер па да вреди толку пари? 50-60 мил океј нека се ајде, со оглед на цениве, ама 100 и кусур бе?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Фаворит за мене нема ептен немам дефинирано мислење за сезонава што како ќе биде :D Челзи има прилично млад состав но го имаат Мур кој ја прави разликата.

Сити ко Сити незнам што да очекувам од нив и Пелегрини не ми е ништо посебно, но имаат доста јак тим бар на хартија.

Јунајтед сите го отпишуваат само поради фактот што не е тука повеќе Ферги што и е точно но не заборавјте дека со истиот состав две сезони по ред завршуваме со 90 бода. Се зависи од Мојс дали ќе успее да се снајде. Муабетите за Руни дека бил дебел проблематичен и неможело од него да се очекува ништо се лол. Остајте вие муабетите што се вртат сега што го хејтаме што искрено и го заслужува али не го оспоруваме неговиот учинок и игра него ради тоа што е глуп ко сајла. Шрекот е играч кој може со 1 потег да реши утакмица и знам дека ќе биде еден од носителите на играта на Јунајтед во сезонава што следува лол.

Според мене Јунајтед не завршува под 2 место сезонава, некој од Челзи и Сити ќе биде 3 :D
Арсенал стандард очекувам да бидат 4 другите нека кршат глава.

И да Евертон и сезонава ќе заврши пред Лузерпул :LOL:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Мене само не ми е јасна цената на Бејл од Тотенхем. Што има постигнато Бејл во кариерата да бараат толку пари? Роналдо кога го платија колку што го платија, беше официјално НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР НА СВЕТОТ (значи освоена златната топка во на крајот на 2008), имаше освоено златна копачка со Манчестер, 3 пати по ред ПЛ и 2 финалиња по ред во ЛШ, од кое едното освоено, другото загубено. Што кур има направено Бејл, освен едно ебано 4то место за Тотенхем во ПЛ и хет трик против Интер па да вреди толку пари? 50-60 мил океј нека се ајде, со оглед на цениве, ама 100 и кусур бе?
Вака сега, на пазаров во Европа па и во светов, без разлика дали е во прашање спортот или бизнисот, работникот вреди онолку колку што ќе успее да се продаде. Значи не толку колку што направил, тоа може само CV да ти биде. Ова е како онаа стандарднана кај нас, овој завршил 5 факултети и 2 магистериуми и работи државно за 15 илјади а некој со средно е директор на некоја јака фирма.

Затоа ми е смешна споредбата на пример, Роналдо 90 милиона најдобар играч, сеа Бејл ништо што не направил 120. Па толку му одредил цена, што е битно колку направил? зошто Јунајтед не побарале 200 милиони тогаш?

Толку успеал да си се продаде фудбалерот и тоа е тоа. Во спортот, слична е ситуацијата. Бејл 4 години по ред веќе (брои ли некој да ме исправи?) си потпишува нов договор секоја факинг сезона. Со тоа си ја крева цената (Леви не е глуп и не знам зошто толку сите го вреѓате, човекот е измислен бизнисмен). Бејл има договор на уште 4 години најмалце чим потпиша лани нов договор. Штом Бејл ставил потпис на лист хартија значи се сложил со пишаното на листот и прифатил следниве 4 години да биде во Тотенхем. Ова е исто како плачењето на Модриќ преклани кога не го пуштаа во Челзи, викаше дека му рекол усно Леви дека ќе го пуштел ако потпише :pos: Усно му ветил бе, нуб еден. Се чита листот хартија што го потпишуваш, си имаш агент, си имаш правник, барем денес фудбалериве не се за жалење, по 100 адвокати имаат. Усното и на суд да го дадеш не ти поминува, хартијата се гледа. Леви како работодавец сега ти вика, работников мој не е за продажба, си има договор, не ги сакам овие пари, не ми требаат, си го сакам играчов да ми биде во екипа. Ќе го продаде ако мисли дека е за продавање и ако парите му требаат.

Крај.

Можеме да го хејтаме Леви сите колку сакаме поради тоа што си ги држи играчите и ние не можеме да припариме до нив (ПЛ клубовиве) ама човекот е бизнисмениште и пол, капа доле.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.794
Поени од реакции
44.077
Eпа затоа нема да може да се купи играч под 50 милиони од сеа натаму, па ќе се лупат по 20 милиони во иднина за фудбалери како наш Андерсон на пример. :)

Разбирам јас сите тие работи, ама далеку е од реалноста. :)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Сериозно зашто Ливерпул у анкета се стаени :eek:
ако е така требало и Евертон да се ставени па и Сандерленд ко што некои викаа:)
Не ќе беше лошо и Кардиф да ги стават :icon_lol:
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.651
Поени од реакции
11.729
Член од
20 јули 2010
Мислења
909
Поени од реакции
2.228
Мислам дека конечно дојде сезоната за Ливерпул! Конечно дојде време да испадни Ливерпул.
Ако остани Суарез максимум 6 место. Поарно да испадни Ливерпул па да се свестат малце и да се превземи нешто или да се распадни клубот, само да не се валка името шо некогаш беше страв и трепет а денес служи само за потсмев.
Аспас, Ален, Алберто, Борини останват, а се бркат Реина, Суарез... доволно кажва на кое ниво е клубот. Ако се праеше тим за топ 4 со овие играчи, кои на кило вредат се на се 5м, а се платени многу поќе, ќе напреа топ 4 тим и Астон Вила, Стоук, Фулам итн... немаше Јунајтед, Сити, Челзи, Ареснал да фрлат пари за Ван Перси, Силва, Хазард, Суарез... ќе си ги купеа Ален и Борини и решен проблемот.
За врвот се знај кој ќе се борат, нека биди тесно до крајот. Мала предност му давам на Челзи, па Јунајтед, Сити и Арсенал(ако го купат Суарез се надевам дека ќе бидат шампиони).
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
За титула фаворити се Челзи па Јунајтед и Сити,а за последното место кое што носи во ЛШ ке играат Арсенал,Тотенхем и најверојатно Ливерпул.Челзи со евентуален трансфер на Руни би станал главен и апсолутен фаворит,а вака останува тука некаде со мала предност пред екипите од Манчестер.Пред стартов ми изгледа дека овоа ке биде една од најизедначените сезони во последниве години.За тоа придонесуваат повеќе фактори како што се новите тренери на првите екипи од минатата сезона - Јунајтед и Сити како и враќањето на еден познат лик во ПЛ - Мурињо во Челзи.Арсенал после подолго време не продадоа квалитетен играч што беше случај во претходните сезони,а и Тотенхем не го даваат Бејл така лесно плус и се засилија на неколку клучни позиции.Ливерпул доколку го задржат Суарез ке бидат во игра за влез во ЛШ.Истотака се поголеми се и приходите од Тв права па и помалите екипи од лигата се одлучуваат да одвојат по 30-40м за трансфери..(Свонси и Норич ми се фаворити од помалите екипи сезонава,очекувам минимум топ 10 од нив)

Ке се задржам посебно на Спарси :):)
Доколку го задржат Бејл (најново во овој случај е дека ја одбија понудата на Реал од 100м е. за Бејл)
и доколку го земат Солдадо (според некои извори веќе е договорен трансферот и се чека само да се објави официјално од 2те страни) ќе бидат сериозни кандидати за место во ЛШ и мислам дека ке преминат во предност пред Арсенал..Плус тука се и нови играчи од средниот ред како Паулињо и Сандро (кој поголемиот дел од минатата сезона не играше па им доаѓа како засилување после играњето на тапа играчи како Хадлстон,Ливермор и сл. ботови)..

Составот на Тотенхем,според мене сосема солиден,незнам зошто толку ги потценувате..

1 GK Heurelho Gomes
2 FW Clint Dempsey
3 DF Danny Rose
4 DF Younès Kaboul
5 DF Jan Vertonghen
6 MF Tom Huddlestone
7 MF Aaron Lennon
8 MF Scott Parker
10 FW Emmanuel Adebayor
11 MF Gareth Bale
16 DF Kyle Naughton
18 FW Jermain Defoe
19 MF Mousa Dembélé
20 DF Michael Dawson (captain)
22 MF Gylfi Sigurðsson
23 MF Lewis Holtby
24 GK Brad Friedel
25 GK Hugo Lloris
28 DF Kyle Walker
29 MF Jake Livermore
30 MF Sandro
31 MF Andros Townsend
32 DF Benoît Assou-Ekotto
33 DF Steven Caulker
46 MF Tom Carroll
MF Paulinho
MF Nacer Chadli

Доколку се додаде тука и Солдадо се добива одлична прва постава.
Лорис
Вокер--Доусон/Кабул--Вертонген-Роуз/Екото
Сандро/Демб-Паулињо
Ленон-Сигурдсон-Бејл
Солдадо

и играчи како Дефо,Чадли,Паркер,Фридел,Демпси,Колкер,Холтби,Таунсенд на клупа..


Интересно ми е и што се повторуваат истите предвидувања последниве неколку години (сезонава ке биде најинтересна до сега,конечно Арсенал ке се бори за титула/Арсенал нема да влезе во првите 4,овоа второво 4то лето по ред го слушаме и читаме,Тотенхем ке влезе во ЛШ,Ливерпул се ок за први 4 и сл. :):))
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom