Barclays Premier League Season 2013 - 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ја освои Премиер Лигата?

  • Вкупно гласачи
    289
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Сега да изгубеше Јунајтед темава ќе крцаше :icon_lol:
Честитки . Доволно ќе ви биде само ова за сезонава :icon_mrgr:
 
Честитки до навивачите на Јунајтед. На Мојс му требаа помалку меча за да освои титула од колку САФ, не знам зошто до сега го чувавте.

П.С. Да се потсетиме дека кога Ливепрул го освои Карлинг купот тој беше небитен и освоен против второлигаш :icon_mrgr:
 
а имаше еден момент кога клатенбург му рече на евра нигер ама пошто се знаат нема да го казнат. тежок расист овој клатенбург ццц !!!!
 
Честитки до навивачите на Јунајтед. На Мојс му требаа помалку меча за да освои титула од колку САФ, не знам зошто до сега го чувавте.

П.С. Да се потсетиме дека кога Ливепрул го освои Карлинг купот тој беше небитен и освоен против второлигаш :icon_mrgr:

Карлинг купот е второкласно натпреварување и да многу е небитен. Додека суперкупот е резултат на претходно освоен трофеј долг 38 кола или пак ФА куп што во Англија според мене е доста тешко да се освои, заради тоа што тимовите почнуваат да играат во рана фаза. Затоа комјуните шилд како што го нарекуваат во Англија, му доаѓа како награда за оној кој се мачел минатата сезона да освои трофеј кој се почитува.
 
Да де. А за да освоиш Карлинг куп треба да победиш 1 меч по две полувремиња по 15 мин.

Не ми е тоа поентата, и двата купа се битни и легитимни, него малце ми се смешно како некои ги исмеваат останатите купови (не само овој конкретно) кога друга екипа ќе освои а кога нивната ќе освои се е супер (не дека сега имаше некоја огромна радост од навивачите на форумов ама смешно ми беше девалвирањето на трофејот на Ливерпул :) )
--- надополнето: 11 август 2013 во 19:10 ---
Мапа на фудбалери што настапуваат во ЕПЛ:
By8wbRT.png
 
Да де. А за да освоиш Карлинг куп треба да победиш 1 меч по две полувремиња по 15 мин.

Не ми е тоа поентата, и двата купа се битни и легитимни, него малце ми се смешно како некои ги исмеваат останатите купови (не само овој конкретно) кога друга екипа ќе освои а кога нивната ќе освои се е супер (не дека сега имаше некоја огромна радост од навивачите на форумов ама смешно ми беше девалвирањето на трофејот на Ливерпул :) )

И тоа како не е смешно девалвирањето на трофејот на Ливерпул. Очигледно оние кои го девалвирале трофејот на Ливерпул се во право, што се гледа во фактот дека Ливерпул не мрдна никаде после тој т.н успех, туку напротив потона уште подолу. А и плус дефинитивно карлинг купот е смешна работа, затоа што е втор куп по важност и во него поголемите тимови (барем до пред некоја година, не сум гледал толку овие 2-3 сезони) играа со деца од 17 години.
 
По таа логика и Супер купот е небитна работа бидејќи од еден натпревар не можеш да одлучиш дали некоја екипа заслужува трофеј.
Или ЛШ, на крајот на краиштата среќата одлучува најмногу дали некоја екипа ќе освои и некоја екипа може до финале да стигне во дуели со Баерн,Барса,Реал.. а некоја со дуели со Шахтјор,Шалке...
Помалку е битен Карлинг купот од другите купови ама куп си е куп.
 
Премногу ви претставува трн во окото Јунајтед на голем дел од навивачите на тимови од ПЛ.

Другар, за да освоиш Супер куп треба претходно да освоиш национално првенство или национален куп. Супер купот е како додаток, дополнителна награда. За да освоиш ЛШ треба да бидеш во топ 3, топ 4 зависи до лигата, па потоа да поминеш група од 6 кола, па 3 елиминациони фази со патување којзнае каде и на крај финале. Не споредувај такви работи ти се молам, глупаво е.

Да загубеше Јунајтед овде ќе имаше масовна :vozbud: со испишани 10 страни за тоа. 90% ќе велеа дека Јунајтед не го бивало, дека не знам што не знам како. Сега никому ништо.
 
Точно. Битен е Супер купот. Побитен од Лига куп па и од ФА куп. Ама битни се и останатите купови.
Ова нема врска со тоа што Јунајтед освои лига куп, истава дискусија ја водев и лани кога некои викаа дека Супер купот и лига купoт се ништо, ама еве очигледно некои во меѓувреме го смениле мислењето.
 
Ако Јунајтед сезонава покрај чинијава за супа освои уште мики маус и ФА куп тоа ќе биде неуспешна сезона. Сите купови се небитни. Само две титули се вредни за залагање, националното првенство и ЛШ. Другото е за препуцавање колкав му бил, ова, колкава историја на „успеси“ имал клубот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom