Barclays Premier League Season 2012-2013

Кој ќе се пакува за у Европа?

  • Вкупно гласачи
    86
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Сити ми е прв фаворит од причина што покрај подобриот играчки кадар имаат и многу подобра клупа од Манчестер кој го сметам за трет фаворит оваа сезона веднаш зад Челзи.
Мислам Сколс и Гигс сеуште, па 2012 сме бе луѓе. Ако не се засилат на зима треба да имаат многу среќа со повредите за да задржат чекор за титулата до крај.
Челзи има солиден тим, но некако играчите се пренапумпани со примања и презаситени посебно по освојувањате на ЛШ лани. И тренерот ми е накако со дефанзивна тактика што никогаш не успева во ПЛ да донесе титула. Ако успее да ги мотивира и почне да игра на 3 бода секој меч Ди Матео и Челзи имаат добри шанса за титуула.
И покрај тоа што го ценам Венгер и се она што се обидува да го направи со Арсенал, сепак тие ми се како последни фаворити од истата причина како и Манчестер, слабата клупа и најслабиот играчки кадар од сите овие екипи.
Изненадување можеби ќе биде во стандардниот Евертон кој има солиден и воигран тим.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158

Ах бре деца деца...
Секогаш гледате само на хартија :)
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ах бре деца деца...
Секогаш гледате само на хартија :)
Деца :facepalm: ..Јас контра се бричев кога Пол Мерсон, Тони Адамс и Нејџл Винтербрн играа камен пијани на утакмици.
Арсенал ми е најсимпатичен тим од сите во големата четворка но не само на хартија, туку и реално пласман во лига на шампиони нареднава сезона ќе биде за нив одличен успех.
Да останеа Сонг и Перси со Казорла и Подолски евентуално плус засилување во одбрана и средина зимава можеби и ќе имаа некои шанси, вака како што е 4 место ќе биде нивни најголем дострел.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Би одел со Сити, бидејќи се бранители на титулата, а и располагаат со по неколку играчи на сите позиции, но сепак ќе типувам на Челзи како шампиони, поради искусните играчи, како и страшниот талент со кој што располагаат
Другар се добро али кои искусни играчи Челзи жити мене кога со егзодусот летово изгубија доста искуство? Новите што ги донесоа се талентирани да, ама млади деца. Смена на генерации имаат Челзи моментално, 5 играчи си заминаа кои беа горе долу првотимци лани.

Windfucker Сколс и на 37 години е меѓу најдобрите на својата позиција во свет,факт. Зашто да не игра кога може без проблем? Гигс се поретко игра, ти ги виде стартери против Виган и затоа си помисли. Андерсон, керик и клеверли се првотимци.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
А што мислите кој ќе отпаѓа од лига сезонава?
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Д
Windfucker Сколс и на 37 години е меѓу најдобрите на својата позиција во свет,факт. Зашто да не игра кога може без проблем? Гигс се поретко игра, ти ги виде стартери против Виган и затоа си помисли. Андерсон, керик и клеверли се првотимци.
Никој не му ги успорува квалететите на Сколс, но 37 годишен астматичар не знам колку ќе може да го следи темпото ЛШ-ПЛ кога ќе започне. Добро го спомнав Гигс махинално повеќе од причина што се откажа Гери Невил, несреќен избор на играч.
Проблемот на Манчестер можеби не е толку во квалитетот на играчи во офанзивниот дел посебно по земањето на Перси и Кагава покрај посточеките Јанг,Хернандез, Руни, Велбек, Нани, Гигс и Валенсија но мислам дека ќе имаат проблем кога ќе треба да одмараат играчи од одбрана и дефанзивна линија за врска каде што го имаат само Керик како некој квалитет и го спомнавме Сколс.
Додека пак во последната линија се навистина тенки, секоја повреда ќе значи претумбација на тимот.
По мое си викам дека Сити има подобра клупа од Манчестер.
 
S

Stivie G

Гостин
А Џерард најдобар фудбалер поради фактот што завршил еднаш 2 место у ПЛ :)
Џерард после Далглиш е вториот најдобар фудбалер во историјата на тимот. Значи целата работа се сведува дека Џерард е подобар играч од било кој играч шо некогаш играл во Арсенал. Џерард не освоил ПЛ ама со Ливерпул освоил се останато.
Зидан, Пеле и уште многумина изјавиле дека е еден од најдобрите а ти тука ми мудруваш нешто.......

Жерард да не е поарен ? :)
:facepalm: Добро, ретардиран ли си или пијан си или па нешто слично? Џерард го изедначува со Ленон :pos:.......
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Никој не му ги успорува квалететите на Сколс, но 37 годишен астматичар не знам колку ќе може да го следи темпото ЛШ-ПЛ кога ќе започне. Добро го спомнав Гигс махинално повеќе од причина што се откажа Гери Невил, несреќен избор на играч.
Проблемот на Манчестер можеби не е толку во квалитетот на играчи во офанзивниот дел посебно по земањето на Перси и Кагава покрај посточеките Јанг,Хернандез, Руни, Велбек, Нани, Гигс и Валенсија но мислам дека ќе имаат проблем кога ќе треба да одмараат играчи од одбрана и дефанзивна линија за врска каде што го имаат само Керик како некој квалитет и го спомнавме Сколс.
Додека пак во последната линија се навистина тенки, секоја повреда ќе значи претумбација на тимот.
По мое си викам дека Сити има подобра клупа од Манчестер.
Не бе ок тоа за клупата, секој со своето, таман работа :)

Сколс може да игра и по 90 минути ама имам слушано дека избегаваат да го играат ако има проблеми со воздушниот притисок на некои места, баш поради астмата. Тоа што играат тие двајца на 40 години е резултат на тренерскиот дел на Манчестер кој пред десетина години беше на обука во Миланело, кај нивните доктори за продолжување на играчкиот век кај фудбалерите, нешто што му е потребно на Фергусон да го модифицира тимот на „скалила“ како што е сега, од 40 годишни до 17 годишни. Тоа ќе продолжи да се имплементира и на овие помлади фудбалери со новиот медицински центар кој ќе се пушти за 2 месеца на тренинг центарот на Манчестер :)

Секако дека нема да игра Сколс сабота/вторник/сабота, нема шанси да го издржи тоа темпо јасно е, но тука се Андерсон и Клеверли кои имаа лани лоша сезона исполнета со повреди, Клеверли еве продолжи каде што застана лани со одличните игри, дојде Пауел на кој уште малку фитнес му треба за да си биде првотимец затоа што не е исто четврта лига со прва. Андерсон, Керик, Клеверли, Петручи, Џонс и Сколс, се борат за 2 места во средината, еве не сметајќи го Кагава што игра малку понапред. :)

Против Виган стартуваа и Гигс и Сколс затоа што Валенсија, Андерсон, Кагава и Чичарито имаа летови од по 12 саати и стигнале дури петокот утрината во Манчестер, плус се искористи слаб противник али на Чичарито му фалеа утакмици па мораше да стартува.

За испаѓање - Норич, Астон Вила и Ридинг. Светците ќе се спасат, имаа само лош распоред на почетокот.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
А што мислите кој ќе отпаѓа од лига сезонава?
Тоа е потешко прашање отколку прашањето кој ќе заврши во топ 4. Норич ми е најсигурен за испаѓање некако. Рединг ако не се соземат навреме и они ќе бидат у голема опасност. Слично важи и за Саутемптон, само што они имаа тежок распоред од старт, па мислам дека ќе им тргне полека-полека. Очекувам и Астон Вила да добијат голем пад на формата во текот на сезоната. Значи според мене 3 од овие 4 идат доле, најголеми шанси им давам на СОТОН да се спасат.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Деца :facepalm: ..Јас контра се бричев кога Пол Мерсон, Тони Адамс и Нејџл Винтербрн играа камен пијани на утакмици.
Арсенал ми е најсимпатичен тим од сите во големата четворка но не само на хартија, туку и реално пласман во лига на шампиони нареднава сезона ќе биде за нив одличен успех.
Да останеа Сонг и Перси со Казорла и Подолски евентуално плус засилување во одбрана и средина зимава можеби и ќе имаа некои шанси, вака како што е 4 место ќе биде нивни најголем дострел.
Демек Арсенал едвај ќе се бори за тоа 4то место?
Како тоа Арсенал има слаб тим на хартија?
Си ги гледал сезонава? Си го видел тимот? У кој дел се послаби од Јунајтед или Челзи?
Едино нешто лошо е што РВП отиде у јунајтед (што ги засили нив директните конкуренти).
Сонг мање више не е битен, заменлив играч и тоа се приметува уште одма.

BTW Диаби и Вилшир минатата година не играа ич, сезонава ќе играат и двајцата се надевам многу повеќе тоа ти се како две нови засилувања.
На клупа седи Кошиелни (лани беше меѓу топ 3 централни у ПЛ), седи Ремзи (лани играше 40тина натпревари), седи Волкот (лани играше 40тина натпревари), седи Аршавин (испукана пушка ама знае да реши натпревар)

Се на се гледано Арсенал сезонава има посилен тим од лани така да не гледам зашто мислиш дека другите 3 екипи се пред нас.
И да многу зависи од тоа како и кога Жиру ќе почне да дава голови.

Иначе што се однесува до борбата за ПЛ, ако Манчини е паметен треба да ја добие, на хартија има најсилен тим (вклучувајќи ја и клупата) а другите 3 екипи (Челзи, Манчестер и Арсенал) се тука некаде. Моето мислење беше такво и пред почеток на сезоната а 4 кола сигурно неможат да го сменат тоа. Почекајте бар до декември кога ќе има натпревари среда-недела па тогаш ќе видиме кој до каде е.
 
Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Никој не му ги успорува квалететите на Сколс, но 37 годишен астматичар не знам колку ќе може да го следи темпото ЛШ-ПЛ кога ќе започне. Добро го спомнав Гигс махинално повеќе од причина што се откажа Гери Невил, несреќен избор на играч.
Проблемот на Манчестер можеби не е толку во квалитетот на играчи во офанзивниот дел посебно по земањето на Перси и Кагава покрај посточеките Јанг,Хернандез, Руни, Велбек, Нани, Гигс и Валенсија но мислам дека ќе имаат проблем кога ќе треба да одмараат играчи од одбрана и дефанзивна линија за врска каде што го имаат само Керик како некој квалитет и го спомнавме Сколс.
Додека пак во последната линија се навистина тенки, секоја повреда ќе значи претумбација на тимот.
По мое си викам дека Сити има подобра клупа од Манчестер.
Сити освен Јаја Туре кој е неверојатен на таа позиција, го имаат Герет Бери и овие сега што дојдоа Гарсија и Родвел, за кои ќе видиме како ќе се покажат во првата сезона. Од друга страна Јунајтед ги има Керик, Сколс, Андерсон и Клеверли. Плус Флечер се враќа од повреда, ќе видиме како ќе се снајде.

Муабетот за одбраната па и за средината на Сити лани не ти важеше баш. Пола сезона Видич беше повреден, одлично заменет од Еванс и Смалинг. Од друга страна види на кои утакмици Сити губеше бодови. Тоа беа утакмиците кога Компани отсуствуваше и кога Јаја Туре беше на Афрички Куп. Од друга страна, со Флечер цела сезона во аут, Клеверли цела сезона во аут, Андерсон повеќе од пола сезона, Фергусон остана само со Керик на тој дел од теренот и мораше и Руни на некои утакмици да го враќа да игра на нивните позиции. Дури и да го враќа Сколс од пензија. :D
Сити имаше убедливо најмалку повреди лани, а од Јунајтед повеќе повредени имаше само Арсенал. Така да муабетот имал подолга клупа, не важеше лани.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom