Де за Пеле некој да ми појасни?
Топ 10 најгрешни прогнози на Пеле
Пеле можеби е најголемиот играч во историјата на фудбалот па дури и три пати го има освоено светското првенство, но откако се пензионираше неговите обиди да стане фудбалски критичар се мнооогу неуспешни.
Во еден шеговит материјал goal.com ги побара 10. најгрешни прогнози на легендата.
10. Резилот со Кина.
Прогноза: Кина ќе ги помине групите на светското првенство во 2002 година.
Резултат: Кина заврши последна во групата Ц, без победа, без нерешен исход, без поени, без голови, само со едно -9 во својата графа за гол разлика.
9. Шпанија е шампион
Прогноза: Шпанија е фаворит за освојувањето на Светското првенство во 1998. година кое се одржа во Франција.
Резултат: Шпанија не успеа да ги помине ниту групите откако заврши нерешено со Парагвај, загуби од Нигерија и успеа да слави над Бугарија.
8. Колумбија ќе го живее американскиот сон
Прогноза: Колумбија ќе го освои светското првенство во 1994. година во САД.
Резултат: Колумбија отпадна уште во првиот круг, заврши последна во групата. ЗА несреќа резилот води до убиство на дефанзивецот Андрес Ескобар при враќањето на селекцијата во својата држава.
7. Аргентина, Фрнација и Мундијалот 2002
Прогноза: Аргентина и Франција ќе се борат во финалето на Светското.
Резултат: И двете држави отпаднаа уште во фазата по групи, за да биде уште поинтересно петлите не успеаа да постигна тпогодок.
6. Бегство кон победата
Прогноза: Во познатиот филм од 1981 година, Силвестер Сталоне и Мајкл Кејн се партнери со Пале во натпреварот против Нацистите. Во текот на првото полувреме бразилецот е повреден и самиот тврди дека не може да продолжи да игра и е изнесен од теренот. Неговиот тим губи со резултат од 0:4 и поразот изгледа дека е неминовен.
Резултат: Пеле се враќа во игра во второто полувреме и му дава нова душа на својот тим, постигнува фамозен погодок со ножички.
Заклучок: Пеле греши во прогнозите дури и во филм
5. Крајот на Роналдо
Прогноза: Роналдо никогаш повеќе нема да игра фудбал и ова е крајот на неговата кариера, откако го повреди коленото во натпревар за Милан во 2008. година.
Резултат: Феноменот повторно се врати на тернот во Март 2009. година и во дресот на Коринтианс постигна 10 погодоци во првите 14 натпревари.
4. Ниј Лампти - „Новиот Пеле“
Прогноза: Откако Лампти блесна на светското првенство за јуниори до 17 години во 1991 година, во кое учествувше и Александро Дел Пиеро, Пеле го определи репрезентативецот на Гана како свој наследник
Резултат: Лампти не успеа да го валоризира својот потенцијал, самиот тој се смета како заколен од лошите сили. Играчот за врска играше во тимовите на ПСВ, АСтон Вила, Ковентри, Венеција и Анкарапочо,но без успех.
3. Ники Бармби, во редот со Зидан, Малдини, Рондло..
Прогноза: Ники Бармбу ќе биде светска ѕвезда, заедно со погоре набројаните имиња.
Резултат: Ники Бармби не успеа да се измолкне од обрачот на средношколски фудбалер. Има 23 натпревари во националниот дрес но никогаш не стигнал до Светско првенство.
2. Африка ќе го покори светот
Прогноза: Пред 2000 година, африкански тим ќе успее да го освои Мундијалот.
Резултат: Веќе е 2010 година а африканска држава сеуште нема поминато четвртфинале на Светските првенства.
1. Бразил и светското 2002
Прогноза: Бразил нема да ги помине ниту групите.
Резултат: Бразил стана светски шампион.