Барате некој закон?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Работам во АРМ и скоро се запишав на Факс но копиљациве кои се одговорни не ми даваат ден слободен или колку следвит според законот .... за да одам да средам раб , за испит или било што ....

Дан можи некој да ми го најди законот за да знам со што да се бранам за да дојдам до тоа што ми треба
 
Покажи им закон за работни односи

Образование на работниците
Член 154
(1) Работникот има право и должност на постојано образование,
дошколување и оспособување во согласност со потребите на работниот
процес, со цел на одржување, односно унапредување на способноста за
работа на работното место, како и зачувување на работното место.
(2) Работодавачот е должен да им обезбеди образование, дошколување
и оспособување на работниците, ако тоа го бараат потребите на работниот
процес или, ако со образованието, дошколувањето или оспособувањето
може да се избегне откажувањето на договорот за вработување од лична
или деловна причина. Во согласност со потребите на образованието,
дошколувањето
или оспособувањето на работниците работодавачот има право работникот
да го упати на образование, дошколување или оспособување, а работникот има право и сам да се пријави.
(3) Траењето на образованието, дошколувањето и оспособувањето на
работниците, како и правата и обврските на договорните страни пред и по
завршувањето на образованието, дошколувањето и оспособувањето на
работниците се уредуваат со посебен договор или со колективен договор.
(4) Работникот и работничкиот претставник имаат право на синдикално
образование, согласно со колективен договор.

Право на платено отсуство од работа заради образование
Член 155
(1) Работникот кој се образува, дошколува или оспособува во
согласност со членот 154 на овој закон, како и работникот кој се образува,
дошколува или оспособува од сопствен интерес, има право на платено
отсуство од работа заради полагање на испити.
(2) Ако со колективниот договор, договорот за вработување или посебен
договор за образование правото од ставот (1) на овој член не е конкретно
определено, работникот има право на платено отсуство од работа за
деновите, кога првпат полага испити.
 
ме интересира дали во македонија пиротехничките и експлозивните материјали се класифицирани во законот по име значи соединение тоа и тоа=забрането

или пак според одреден параметар(услов)??

ќе одговори некој??
 
Dali moze nekoj da mi kaze okolu polozbata pri gradenje na kuka.
Kolku moze komsijata da se doblizi ako jas veke imam izgradeno kuka so dokumenti
 
да не знаете каде да најдам Адвокатски тарифник за 2009, на страницата право го има за 2008 година, друго што ме интересира е за промените на законот за парнична постапка да не знаете што е променето и кои членови на истава страница има измени до чл. 21 а нешто судиката ми спомна измени на чл. 89 исто така од ЗПП.
 
Има некоj тука шо учел мегународно граганско? Сакам да прашам дали може да се склучи трудов договор во Бугариjа за работа без да имаш ЕГН ( ЕМБГ) туку само привремен престоj таму ама пак со нивна лична карта. Разликата мегу привремената и постоjаната лична карта е во тоа што со постоjана си Бугарин, а со привремена не.Во краен случаj ако неможе трудов , дали може барем грагански? Прашувам тука зошто консултациите со тукашните правници е премногу скап, па ако знае некоj нека каже шо како идат работите. Фала унапред:pipi:
 
SOAD_f

Де те молам да се прецизираш, каков точно престој ти е дозволен. Прочитај го од личната карта, затоа што на странците во Бугарија му се дозволени следните видови престој, за кое претпоставувам дека си упатен:

„Краткосрочното пребиваване“ - за туристи до 90 дена,
„Д'лгосрочното пребиваване“ е:
1. „прод'лжително“ - со дозволен рок за престој до една година;
2. „постојанно“ - со дозволен неопределен рок на престој.

Кажи по кој основ престојуваш во БГ и ќе те упатам.
Ако сакаш и сам можеш да провериш на http://accinfo.persof.com/naview.aspx?type=art&id=249711
 
Ме интересира дали во законот кој ги регулира односите работодавач работник е наведено времетраењто на пауза при работно време од 9 часа ? И колку денови одмор се минимум.
 
Ме интересира дали во законот кој ги регулира односите работодавач работник е наведено времетраењто на пауза при работно време од 9 часа ? И колку денови одмор се минимум.
Според Закон најмногу се работи 8 ч. не 9. А паузата мислам дека е одпределена од 10:30-11. (или од 11-11:30, не сум сигурен) но во секој случај е половина час. А за одмор во измените на Законот, се предвидува намалување, одприлика 20 се.
 
А доколку работодавецот не го почитува тоа?Во една фирма работат пет дена по 9 саати,сабота 5 саати и само недела им е слободен.
 
А доколку работодавецот не го почитува тоа?Во една фирма работат пет дена по 9 саати,сабота 5 саати и само недела им е слободен.
Инспекција по предходна пријава секако :)...Ова ти зборам како треба да биде, а како е....:toe: :smir:
 
Уште едно прашање.Сакам да пријавам непријавени работници во една приватна фирма кои работат подолго време,е сега ме интересира дали ќе има санкции само за газдата или ќе има и за непријавените работници?
 
Да, по новиве измени ќе го јадат и двете страни.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom