Барате некој закон?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Од дневницата.
Е сега, некој фирми, во пресметката за плата имаат бонус за редовност. Така да, секој што користи боледување, т.е. "не е редовен", освен на дневница, ќе го изгуби и овој бонус. Можеби ова ги буни пријателите?
 
КАКО СЕ ПРЕСМЕТУВА НАДОМЕСТОКОТ ЗА БОЛЕДУВАЊЕТО ВО ТРАЕЊЕ ОД 7 И 15 ДЕНА?

„Основицата во Фондот се пресметува со тоа што се собираат сите нето плати остварени во 12 месеци на кои е платен придонесот и се дели со вкупниот број на нето часови за тие 12 месеци. Вака добиената основа се множи со 173 (просек на часови на годишно ниво) и се добива исплата за еден месец. Додека пак, за месеците каде што започнува или завршува боледувањето се множи основицата со можниот број на работни часови.“

...додека за еден ден отсуство немаше потреба од официјална потврда од боледување, затоа што законски на работникот му следи еден ден да го користи во било кое време што нему му треба од годишниот одмор, а додека 7 дена му следи по закон за работни односи (добро е да се знае):

  • за склучување на брак…………………………….3 дена
  • за склучување брак на дете…………………… 2 дена
  • за раѓање или посвојвуање дете…………….2 дена
  • за смрт на сопружник или дете……………… 5 дена
  • за смрт на родител, брат, сестра…………….2 дена
  • за смрт на родител на сопружник………….. 2 дена
  • за смрт на дедо или баба………………………… 1 ден
  • за полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот до.…………… 3 дена
  • за елементарни непогоди до……………………. 3 дена
 
Питај не скитај.


Дали може да се префрли стаж од едно на друго лице. Во фамилијата.


Сепак знам одговорот е не.
 
Закон за физички напад и казна колку следува?
 

...а никој со очи не го гледа колективниот договор за да знае дали му следи јубилејна награда,


...се реагира, селективно на некои им следи, а некому ќе се рече нема така во колективниот договор, а договорот никој не го има видено, ниту може да го најде и добие!
 
Последно уредено:
Здраво
Сабајлево на колата најдов оставено известување на колата од комунален редар на град Скопје за сторен прекршок член 42а став 1 од закон за комунални дејности. Неможам да најдам за што е тој закон и колку е глоба. Инаку колата беше на тротоар оставена..
 
З А К О Н
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КОМУНАЛНИТЕ ДЕЈНОСТИ
12 декември 2024 година
„Член 42-а
(1) Глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице во прекршочна постапка согласно со Законот за прекршоците ако постапува спротивно на одредбите од одлуката за комунален ред.
(2) При вршењето контрола за спроведување на одлуката за комунален ред, комуналниот редар кога ќе утврди дека е сторен прекршок од физичко лице, има право да ги провери личните исправи за лична идентификација на лицата кои сториле прекршок, заради потврдување на нивниот идентитет, да ги фотографира сторителите на прекршок, предметите и средствата со кои е сторен прекршокот, како и местото на прекршокот.
(3) Кога комуналнот редар ќе утврди прекршок составува записник, во кој ги забележува битните елементи на дејствието од кое произлегува правното обележје на прекршокот, лично име, адреса и единствен матичен број на граѓанинот, ако се работи за странец и број на патната исправа и држава, времето, местото и начинот на сторувањето на прекршокот, описот на дејствието, правната квалификација на прекршокот и лицата затекнати на самото место, како и дава предлог за порамнување со издавање на прекршочен платен налог. Записникот го потпишува овластено службено лице и сторителот.
(4) Доколку сторителот не се согласи на постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог, истото ќе се забележи во записникот за утврден прекршок, a комуналниот редар поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд.
(5) Доколку сторителот на прекршокот се согласи на постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог, истото ќе се забележи во записникот за утврден прекршок.
(6) Во прекршочниот платен налог се наведени битните елементи на дејствието од кое произлегува правното обележје на прекршокот, лично име, адреса и единствен матичен број на граѓанинот, ако се работи за странец и број на патната исправа и држава, местото и времето на сторување на прекршокот, правната квалификација на прекршокот, износот на глобата, број на сметката за плаќање, правна поука, како и други податоци во согласност со закон.
(7) По приемот на прекршочниот платен налог сторителот на прекршокот е должен да ја плати глобата во рок од осум дена од денот на приемот на прекршочниот платен налог, на сметката означена во прекршочниот платен налог.
(8) Сторителот кој ќе ја плати глобата во рок од осум дена од денот на приемот на прекршочниот платен налог, ќе плати половина од изречената глоба, за таквото право се поучува во правната поука.
(9) Доколку сторителот на прекршокот не ја плати глобата во рок од осум дена од денот на приемот на прекршочниот платен налог, комуналниот редар во рок од 30 дена од сторување на прекршокот поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд.“.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom