Министерот за внатрешни работи донесува Национален каталог на оружје и муниција кое може да се набавува и поседува врз основа на одобрение,односно да се произведува или увезува(во натамошен текст: Национален каталог).
Каталогизацијата на прототип на ново производство или нов увоз се врши врз основа на техничка документација и карактеристиките утврдени во прашалник на производителот.
Националниот каталог содржи:
-регистерски број на уписот,
-вид,марка и калибар на оружјето и муницијата,
-производител и
-земја во која оружјето и муницијата се произведени.
Националниот каталог се објавува во ’’Службен весник на Република Македонија’’.