Балкански X Factor

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Еј абе стварно кај е оваа од фром Мелборн,не ја видов? :)

Пееше во групата со сите девојки и не помина понатаму.
Сепак јас пак ќе се фатам за Наталија, требаше девојчето сама да дојде да покаже што знае, а не со тој дечкото. Не и дозволи да се покаже воопшто..
 
Слушајте: 1:38 - 2:00, и кажете ми дали е ова светската ѕвезда за која сите зборувавте? ОК, разбирам, Македонец е, ама бидете малку реални! Дикцијата му е на многу ниско ниво, ко некој кафански пејач да пее. Наместо „Т“ изговара некој алофон глас што е поблизок до „Ц“ отколку до „Т“, па се слуша - „праЦим Цеееее...“. А ви реков!

:гик:
Џизас, што не ќе прочита човек! Ти да не спремаш колоквиум по фонологија?
 
:гик:
Џизас, што не ќе прочита човек! Ти да не спремаш колоквиум по фонологија?

Секој добар пејач мора да внимава на дикцијата. Не се согласуваш со тоа?
P.S. Одамна дипломирав! ;)
 
Секој добар пејач мора да внимава на дикцијата. Не се согласуваш со тоа?
P.S. Одамна дипломирав! ;)

Човек не ме зезај, дикција се вежба и се тренира. Талентот е тука, само треба да работи на него. Да имаше Даниел завршено музички факултет па да те разбирам да го критикуваш за тоа, вака остај време да се покаже. Не му беше најсјаен настапот, ама треба да му се остави простор. :)
 
Секој добар пејач мора да внимава на дикцијата. Не се согласуваш со тоа?
Се согласувам, јас ако смеам да се умешам, секој добар пејач треба да внимава на дикцијата. Боб Дилан, Том Јорк, Том Уејтс.. гола вода.
 
Абе у принцип влегоа сите оние што пееја песни што му се познати на Жељко. Жити се, сељо како него кај знае кој се Led Zeppelin...? За тоа цело време и го дрвеше, како не сакал да се пее странско, па нормално дека нема да сака кога најмодерна песна што ја знае е од вардара па до триглава.... Лајно евровизиско. И за крај http://www.youtube.com/watch?v=wJ6n5cz9aO8 што требаше некој да излезе и да му ја испее.

Богданчанката Whole lotta love што ја пееше не влезе?
 

Знам дека оваа Христина влезе, а не ми е јасно како уште. Не знам дали и колку точно пее, али таа бојата на гласот што ја има за мене е мачење. Не ја можам.

Паунович ми е мило што го тргнаа. Кајмакоски беше лош, нема зошто да го браниме мислам.
Е сега, не видов дали детево влезе, мене ми е еден од фаворитите, па кажете ми што се случило таму.
Ако не поминал ... :mad:!!!
 
Јесте помина, у на Кристина групата се падна.


Паунович ми е мило што го тргнаа. Кајмакоски беше лош, нема зошто да го браниме мислам.
Е сега, не видов дали детево влезе, мене ми е еден од фаворитите, па кажете ми што се случило таму.
Ако не поминал ... :mad:!!!
 
Човек не ме зезај, дикција се вежба и се тренира. Талентот е тука, само треба да работи на него. Да имаше Даниел завршено музички факултет па да те разбирам да го критикуваш за тоа, вака остај време да се покаже. Не му беше најсјаен настапот, ама треба да му се остави простор. :)

Точно...На тоа додади дека 25 години е надвор од земјава каде единствен контакт на македонски му е со неговите, плус сите норми на јазиков наш ги пропуштил затоа што не учел во земјава сигурно дека би имал некој проблем. Се виде вчера дека има така некој проблем со акцентот при пеењето. А и на прилозите можеше тоа да се увиди дека неговиот македонски не е како сите овде кај нас. Вокално не исфалшира што е најбитно. Ја претвори песната на негов стил, а не да го имитира Тоше. Со оглед што му е Жељко ментор, очекувам кај него поголем напредок во нареднава фаза.
 
Даниел супер испеа, останатите од групата негова (освен Чолич) тапа беа, т.е. не беа толку тапа поединечно отколку што беа тапа кога ги пееја заедничките делови или пратечките вокали. Тука јас мислам дека ја ебаа цела работа. Бонус на тоа е што Чолич не испеал она што требало да го испее по план и како што требало да го испее туку си пеел нешто по негово.... да му ибам тоа ружното :)
 
Човек не ме зезај, дикција се вежба и се тренира. Талентот е тука, само треба да работи на него. Да имаше Даниел завршено музички факултет па да те разбирам да го критикуваш за тоа, вака остај време да се покаже. Не му беше најсјаен настапот, ама треба да му се остави простор. :)

Не реков дека дикцијата не се вежба и не се тренира, ниту дека Даниел не е талентиран. Туку само дека не е до толку добар како што сметаат дека е. Ќе повторам - јас мислам дека на ова издание од X Factor има минимум 10 пејачи што се за класа подобри од него.

И не реплицирам повеќе, за да ми биде послатко кога по Jury's Houses или на почетокот од Live Shows ПАК ќе ви речам - I TOLD YOU SO!
 
Не реков дека дикцијата не се вежба и не се тренира, ниту дека Даниел не е талентиран. Туку само дека не е до толку добар како што сметаат дека е. Ќе повторам - јас мислам дека на ова издание од X Factor има минимум 10 пејачи што се за класа подобри од него.

И не реплицирам повеќе, за да ми биде послатко кога после Jury's Houses или на почетокот од Live Shows ќе ви речам - I TOLD YOU SO!

Можеш да ни кажеш I TOLD YOU SO, после 5-6 лоши настапи, а не после еден ПРОСЕЧЕН.
Кај нас одвај се чека некој да киксне за да може да се критикува. Ако продолжи со лошите настапи, секако дека ќе испадне и дека нема да се снајде. Ама почекај малку, дај му шанса на човекот. Ти однапред го осудуваш на пропаст.
 
Даниел стига до финалето, со сигурност, не се будали овие да избркаат некој кој може да им носи гласови. Ама затоа често ќе го прават дека има меѓунајмалце гласови за да гласа народот уште повеќе. Вообичаено.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom