Најпрво кога ке престанете да му го натоварувате Тоше на грб на секој нов пејач што ке се појави ,секој пејач си сам за себе посебен со специфицен глас ......Даниел во овој случај не пееше песна од Тоше сам на свој начин како што тој мислел да ја отпее,туку пееше неколку секунди на дел од песна од Тоше со уште други пејаци кои си ги мешаа гласовите ..,песна од Тоше која беше изменета и сигурно секој добил сугестии како мора да го испее тој дел а не како сака ...
--- надополнето: 11 декември 2013 во 20:19 ---
Најпрво кога ке престанете да му го натоварувате Тоше на грб на секој нов пејач што ке се појави ,секој пејач си сам за себе посебен со специфицен глас ......Даниел во овој случај не пееше песна од Тоше сам на свој начин како што тој мислел да ја отпее,туку пееше во група неколку секунди на дел од песна од Тоше со уште други пејачи кои си ги мешаа гласовите ..,песна од Тоше која беше изменета комлетно и сигурно секој добил сугестии како мора да го испее тој дел а не како сака ...Иначе мене баш ми се допаѓа кај Даниел тоа што песните ги пее на свој начин ,а не се труди да го копира огиналот
Тоше беше легенда, тоа е непобитен факт. Јас нити сакам Кајмакоски да пее како Тоше, нити кажав дека нема добар глас, така да не ги мешај работите.
Темата за песната од Тоше ќе ја затворам, затоа што разговорот ќе се развие во еден непожелен правец.
Инаку, на добар пејач и дел да му дадат од песна ќе знае да го испее совршено. Никој не му забрани да пее како што он знае да пее, баш напротив, тоа го ценам кај него во неговиот прв настап. Тоа што се бара од професионален пејач (верувам дека тој сака да постане тоа еден ден) е да не фалшира и да научи да го контролира својот глас.
Една работа е фалширање, а друга работа е пеење на свој начин.
Тоа што го кажав беше само дека изведбата му беше многу далеку од таа првата негова и очекував многу повеќе.
Се надевам дека впечатокот ќе го поправи во иднина.
Првиот пат кога настапи, тоа пеење не беше шала искрено.
2рово како да пее сосем различен човек.
Лесно е да испееш песна сам што ќе си ја избереш.
А ако збориме за вистински добар пејач, тоа треба да е универзален пејач (се да знае да пее, а не само одредени песни)

Фалшот овојпат беше воочлив, но како што кажав, се надевам дека нема да му се повтори во иднина и ќе се поправи.
Земам во предвид дека сепак е аматер што се однесува до пеење.
Сите пејачи што беа вечерта добија шанса од неколку секунди како него, така да немој до толку да го оправдуваш. Добивам впечаток дека си му блиска роднина по ова што го пишуваш, или дека си заљубена до уши во него

Затоа полека, лабаво, ќе си добие уште една шанса човекот да се докаже, а колку ќе биде добро докажувањето ќе видиме во иднина

Моментално, моето лично мислење базирано врз неговите досегашни два настапи е дека е добар, но не доволно за победник во шоуто. Гледам тоа мислење го делат многу луѓе со мене. Она што се надевам е дека ќе го докаже спротивното во иднина.
Пушти на 1:37 на видеото и заслушај убаво и погледни реално (не врз база на тоа кој ти е фаворит), а потоа префрли се на 1:57 на видеото и види.
Дечкото пее како Чолич, ама тоа го изведе толку сигурно, моќно, самоуверено и отсечно без фалш и одолговлекување што звучеше далеку подобро од она тенко фалш пеење на Кајмакоски. Гласот му делуваше зрел, што кај Кајмакоски беше сосем спротивно...
A тоа со полежерните песнички...
Сакам да кажам дека кога ќе викне, колку и да е добар, не е глас кој може да руши ѕидови. Делува како да нема доволно сила за големи предизвици.